Author: Ана Василевска

Во Парламентот на Финска денеска ќе се одржи завршната расправа за приклучување во НАТО и однапред ќе се гласа со цел што побрзо земјата да влезе во таа воена алијанса, одлучувајќи дека нема чека на претходна потврда на Турција и Унгарија, ниту на изборите во својата земја на почетокот на април. Владата на премиерката Сана Марин се соочува со избори на 2 април, а Хелсинки сака да избегне каков било политички вакум за да се качи на возот за НАТО штом Анкара и Будимпешта ќе го ратификуваат нивното барање за членство во матичните парламенти. Тоа значи дека можеби нема да…

Read More

Во Основниот суд во Охрид денеска треба да се одржи првото рочиште против напаѓачот над секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков. Судскиот процес ќе го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди. Основното јавно обвинителство – Охрид за нападот врз Пендиков поднесе обвинение против две лица. Едниот обвинет досега се брани со молчење, и како што информираа претходно од Обвинителството, тој се товари за кривичното дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци. Вториот обвинет, пак, кој беше во бегство, беше приведен минатата недела…

Read More

Долгометражните филмови му се наградени со над 40-ина високи меѓународни награди за естетски и културни достигнувања, а четирите негови долгометражни филма: „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“ му се прикажани на над 200 фестивалски проекции на сите континенти и имаат и редовна дистрибуција за кино и ТВ-мрежите на педесет земји на сите континенти, за што во 2012 година ја доби престижната титула национален уметник на Македонија која му ја додели претседателот Ѓорге Иванов, а прогласен е и амбасадор на култура во САД. Но никој не ги оспорува неговите достигнувања и успеси. Спорни се документите кои укажуваат дека нешто не е…

Read More

Србија и Косово признаваат дека неповредливоста на границите, почитувањето на територијалниот интегритет и суверенитет, како и заштитата на националните малцинства се основни услови за мир, се вели во Договорот за нормализација на односите меѓу двете земји, што вчера го објави Европската унија. Европската служба за надворешни работи по завршувањето на состанокот меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, го објави синоќа текстот на договорот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, кој е поддржан од сите 27 членки на ЕУ и околу кој постои согласност меѓу двете страни. Договорот на двете страни им беше претставен во…

Read More

Британскиот премиер Риши Сунак денеска договорот што го постигна со Европската унија за трговските аранжмани за Северна Ирска го нарече „решителен чекор напред“ и многу конзервативни пратеници, вклучително и тие кои го поддржаа Брегзит, му дадоа благослов на договорот, објави синоќа Би-Би-Си. Демократска партија на унионистите (ДУП) од Северна Ирска, чија поддршка е клучна за повторно воспоставување рамнотежата на власта во таа област на Велика Британија, рече дека договорот е „значаен напредок“, но дека „клучните прашања за загриженост“ остануваат. Лидерот на партијата Џефри Доналдсон рече дека неговата партија ќе го проучи текстот на договорот пред да одлучи дали ќе го…

Read More

На средбата, како што е најавено ќе присустуваат и високиот претставник на Европската Унија за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.  Премиерот Димитар Ковачевски е подготвен да биде домаќин на средбата на претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти како дел од преговорите меѓу Белград и Приштина, кои се водат под покровителство на ЕУ и САД, на 18 март во Северна Македонија. На прашањето на МИА дали премиерот Ковачевски би прифатил да биде домаќин на оваа средба следниот месец во земјава, од Владата одговорија потврдно и…

Read More

Од утре се отвораат операционите сали во прилепската болница и продолжуваат со оперативната програма. Одлуката ја донесе Комисијата за интрахоспитални инфекции при болницата. Оттаму информираат дека добиле негативни наоди од 150-те земени примероци од салите и персоналот, но со корекција на одредени состојби. „Врз основа  на добиените негативни наоди од Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, Комисијата за спречување на интрахоспитални инфекции донесе одлука од утре, 28 февруари 2023 година болничките одделенија во Општата болница со проширена дејност од Прилеп да продолжат со оперативните програми притоа почитувајќи ги принципите за асепса, дезинфекција и стерилизација“, стои во одлуката на Комисијата. Салите беа затворени пред 10-тина дена…

Read More

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир истакна дека и двете страни, и Северна Македонија и Бугарија, треба да вложат подеднакви напори за развој на добрососедските односи. „Потребни се напори и преземање обврски од двете страни, во добра волја за да се развијат овие позитивни односи, и двете страни да направат напори за имплементација на Договорот за добрососедство, за тој да се имплементира во добра волја за да има корист двете страни“, рече Гир во одговор на новинарско прашање на отворањето на ЕУ хаус во Битола. Тој рече дека сите земји имаат корист од развој на добрососедските односи во контекст на развивање…

Read More

Градоначалалникот на Општина Велес Марко Колев и евроамбасадорот Дејвид Гир денеска потпишаа Меморандум за соработка за отворање Европска куќа во Велес. Во просториите на поранешното Градско кино „11 Октомври“ во центарот на градот градежните работи за преадаптација на просторот се одвиваат во изминатите две-три недели и ќе бидат готови до ова лето. За овој проект ЕУ има издвоено средства во висина од 300 илјади евра, информира амбасадорот Гир и оцени дека работите добро напредуваат на адаптација на просторот каде ќе биде сместена Европската куќа. Тој потенцира дека самото градење и отворање на Европската куќа има за цел и да се…

Read More

Имотот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски стана една од главните теми за расправа на денешната собраниска седница, откако опозициските пратеници за обвинија власта за криминал. Пратениците од владејачкото мнозинство порачаа опозицијата да не ја дефокусира јавноста од вистинското прашање – како Мицкоски успеал да стекне толкав имот. Темата се покрена откако порталот „Индекс“ објави дека во елитната населба во Скопје, Козле, Мицкоски, наводно купил земјиште, куќа и барака, потоа ги урнал и изградил две куќи, а тоа го чинело еден милион евра. Тие тврдења претходни беа изнесени во „Инфомакс“. Порталот „Индекс“ тврди дека има увид во имотните листови, но…

Read More

Косовскиот премиер, Албин Курти, денеска за Еуроактив во Брисел изјави дека до крајот на оваа година е можен договор меѓу Белград и Приштина. Пред средбата во Брисел, Курти кажа дека Белград и Приштина имаат за цел годинава да склучат важен договор за нормализација на односите и дека тој нема да биде гладок и покрај зголемениот ангажман на Западот. „Ни треба нормализација на односите, а тоа може да се постигне со взаемно признавање како централен дел на договорот, рече Курти и наведе дека Белград е категоричен дека нема формално да ја признае независноста на Косово, но дека, според него, „може да…

Read More

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната редовна седница потврди дека пред десет дена е отворен предмет за првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, откако во јавноста беа објавени информации за зголемување на неговата и на имотната состојба на членови на неговото семејство. „Имаме отворен предмет по пријава, се постапува по предметот. Кога ќе имаме конкретни информации ќе излеземе во јавноста“, посочија од ДКСК на редовната седница. Членовите на ДКСК, во одговор на новинарска забелешка дека Владата не постапува по нивните препораките за злоупотреба на функција на државни функционери, а во…

Read More