Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курти за Еуроактив: Вучиќ сè уште бара територијален етнонационализам

0
By Ана Василевска on February 27, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 27, 2023 13:51

Косовскиот премиер, Албин Курти, денеска за Еуроактив во Брисел изјави дека до крајот на оваа година е можен договор меѓу Белград и Приштина.

Пред средбата во Брисел, Курти кажа дека Белград и Приштина имаат за цел годинава да склучат важен договор за нормализација на односите и дека тој нема да биде гладок и покрај зголемениот ангажман на Западот.

„Ни треба нормализација на односите, а тоа може да се постигне со взаемно признавање како централен дел на договорот, рече Курти и наведе дека Белград е категоричен дека нема формално да ја признае независноста на Косово, но дека, според него, „може да се договори за ’де факто“ признавање“.

Кажа и дека тоа што остана да се преговара нема да биде воопшто лесно, а тоа се механизмот за имплементација, меѓународните гаранции и временскиот редослед на потезите, што, како и кога.

Говорејќи за формирањето на Заедницата на српските општини, Курти тврди дека српскиот претседател Александар Вучиќ „ сè уште бара територијален етнонационализам“.

„Во суштина тој би ја користел Заедницата на српски општини како нова Република Српска. Од друга страна, се надевам дека кога ќе ги отвориме преговорите, потпирајќи се на предлогот на ЕУ, ќе ја зголемиме довербата, бидејќи договорите не можат да се спроведат ако нема доверба, затоа ни треба одредено ниво на искреност“, рече Курти.

Според косовскиот премиер, потпишувањето на договорот и неговото спроведување на Балканот се две различни планети и треба да се „донесат на ист континент“.

„Србија не примени две третини од договорите потпишани во Брисел во претходните децении“, тврди Курти.

Тој рече дека актуелниот предлог на ЕУ во својата преамбула ќе се однесува на „националните малцинства“ и на „универзалните концепти“ како независност, територијален интегритет, суверенитет, реципроцитет, човекови права, демократија, владеење на правото и самоопределување.

„Тоа што ме прави оптимист е фактот што во овој предлог се користат одредени универзални концепти и термини, за разлика од деценијата пред да дојдам на власт, каде што 33 договори повеќе се засноваа на идеологијата за решавање на проблемите“, рече Курти.

Според него, претходните предлози биле премногу сложени и детални и затоа било тешко „да се продадат на јавноста“, додека последниот има само еден голем камен на сопнување, а тоа е формирање моноетничко здружение.

„Треба да се има предвид дека имате национални малцинства на целиот Балкан, а нивните права не можат да бидат идентични. Но, без оглед на тоа, ние нема да ги создадеме овие нерамнотежи, кои стануваат извор на дополнителни тензии“, рече тој.

Албин Курти Александар Вучиќ Брисел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.