Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бактериолошките наоди се негативни, се отвораат операционите сали во прилепската болница

0
By Ана Василевска on February 27, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 27, 2023 15:40

Од утре се отвораат операционите сали во прилепската болница и продолжуваат со оперативната програма. Одлуката ја донесе Комисијата за интрахоспитални инфекции при болницата.

Оттаму информираат дека добиле негативни наоди од 150–те земени примероци од салите и персоналот, но со корекција на одредени состојби.

„Врз основа  на добиените негативни наоди од Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, Комисијата за спречување на интрахоспитални инфекции донесе одлука од утре, 28 февруари 2023 година болничките одделенија во Општата болница со проширена дејност од Прилеп да продолжат со оперативните програми притоа почитувајќи ги принципите за асепса, дезинфекција и стерилизација“, стои во одлуката на Комисијата.

Салите беа затворени пред 10-тина дена по случајот со прилепската пациентка, на која по зафат во гинеколошкото одделение ѝ се искомплицира состојбата и почина на скопските клиники. Инспекторатот направи вонреден надѕор и ја задолжи болницата да врши месечен бактериолошки мониторинг и будно да се следи состојбата со интрахоспитални инфекции.

„Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение ја задолжи прилепската болница да врши месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик. Да назначи овластен лекар за координација на работата на комисијата, следење на состојбата со интрахоспитални инфекции, контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции и следење на резистенција на одредени причинители на заразни болести“, информираше деновиве Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Прилепското обвинителство има отворено предмет за лекувањето на тројца пациенти, а сѐ уште се чека на резултатите од обдукцијата на прилепската пациентка.

Бактериолошки наоди Болница Прилеп Инфекции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.