Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски подготвен да биде домаќин на средбата Вучиќ-Курти

0
By Ана Василевска on February 28, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 28, 2023 08:42

На средбата, како што е најавено ќе присустуваат и високиот претставник на Европската Унија за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. 

Премиерот Димитар Ковачевски е подготвен да биде домаќин на средбата на претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти како дел од преговорите меѓу Белград и Приштина, кои се водат под покровителство на ЕУ и САД, на 18 март во Северна Македонија.

На прашањето на МИА дали премиерот Ковачевски би прифатил да биде домаќин на оваа средба следниот месец во земјава, од Владата одговорија потврдно и посочија дека  европскиот предлог за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина е исклучително важен за иднината и стабилноста на регионот, а Северна Македонија уште еднаш докажува дека фактор на стабилност, односно земја членка на НАТО, која ги отпочна преговорите со ЕУ и како земја која претседава со ОБСЕ, најголемата безбедносна организација во Европа.

„Оваа констатација беше неодамна потврдена и посочена на Минхенската безбедносна конференција каде премиерот Ковачевски ја предводеше владината делегација“, додаваат од Владата.

Средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти со претставници на Европската Унија во Брисел заврши без договор, но европскиот комесар за надворешни работи Жозеп Борел изјави дека Вучиќ и Курти се согласиле дека не се потребни дополнителни разговори за европскиот предлог и дека тоа е рамка за нормализирање на односите меѓу двете страни.

Вучиќ рече дека е договорено следната средба да се одржи во Северна Македонија на 18 март. Тој додаде дека разговорите во Брисел биле тешки и дека главниот камен на сопнување е Заедницата на српските општини на Косово.

„Имавме тешка средба и верувам дека ќе има уште многу во наредниот период.  Треба да се видиме на 18 март во Северна Македонија, кога Борел ќе го посети регионот, а дотогаш ќе разговараме со Лајчак за работите што треба да ги спроведеме. Во соопштението на ЕУ ќе се спомене неопходноста од спроведување на сите досегашни договори. Инсистирав на Заедницата на српските општини. Курти сега не беше подготвен да го прифати тоа, а дали ќе биде подготвен во иднина“, ќе видиме, изјави Вучиќ.

По средбата, на која учествуваше специјалниот пратеник на ЕУ за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, Борел изјави дека разговорите биле интензивни и дека и Вучиќ и Курти покажале одговорност.

Тој додаде дека претседателот на Србија и премиерот на Косово на трилатералната средба во Брисел се договориле дека не се потребни дополнителни дискусии за текстот на предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Србија и Косово и дека текстот наскоро ќе биде објавен на веб-страницата на ЕУ.

„Сега, кога се договорија за тоа, текстот на планот многу брзо ќе биде достапен на јавноста. Овој план е пред се важен за луѓето кои живеат во Србија и Косово, за нивните граѓани. Според планот, граѓаните ќе можат слободно да се движат, да ги користат пасошите и документите, како и регистарските таблички“, рече Борел.

Албин Курти Александар Вучиќ Белград-Приштина Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.