Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милионскиот имот на Мицкоски и неговото семејство дел од собраниската дебата

0
By Ана Василевска on February 27, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 27, 2023 14:09

Имотот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски стана една од главните теми за расправа на денешната собраниска седница, откако опозициските пратеници за обвинија власта за криминал. Пратениците од владејачкото мнозинство порачаа опозицијата да не ја дефокусира јавноста од вистинското прашање – како Мицкоски успеал да стекне толкав имот.

Темата се покрена откако порталот „Индекс“ објави дека во елитната населба во Скопје, Козле, Мицкоски, наводно купил земјиште, куќа и барака, потоа ги урнал и изградил две куќи, а тоа го чинело еден милион евра. Тие тврдења претходни беа изнесени во „Инфомакс“. Порталот „Индекс“ тврди дека има увид во имотните листови, но дека тие не биле на името на Мицкоски, туку дека во Катастарот биле заведени на името на неговиот зет за сестра.

Според пратениците, ова прашање пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да му го постават на својот лидер, а потоа со чист образ да обвинуваат други за криминал.

„Треба да и се погледне на вистината во очи. Не може некој да вели дека со професорска плата многу тешко се живее, а истовремено, под закрила на својот зет, гради куќа од милион евра. Тоа не е чист образ“, рече пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева.

„Цела недела медиумите пишуваат за богатството на вашиот претседател и во Охрид и во Скопје и во Црна Гора. До ден денеска вашиот претседател не демантираше ништо што се однесува до ова. Ве молам, ако сакате да зборувате за куќата на Таравари нека провери Обвинителството како е купена, триесет години тој е врвен лекар и може да си дозволи да купи куќа“, рече Елми Азири од Алијанса за Албанците.

Во дискусијата се вклучи и пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски според кого, кога се говори за криминал треба опозиционерите да имаат образ и да се потсети дека нивниот партиски лидер изградил куќа од еден милион евра.

-Треба да го прашате зошто ве дриблаше на мали голчиња за вие тука да зброувате се и сешто, додека тој трупа имот. Легитимното прашање е дали причината поради која тука со денови ја замајувате јавноста и говорите со денови се и сешто само она што треба не, е причина Мицкоски на мала врата да трупа имот и во Црна Гора и во Охрид и во Скопје, истакна Каевски.

„Вашиот лидер треба да одговори како со просечна професорска плата се стигнува до куќа од еден милион евра во Скопје, со имоти во Охрид, Скопје и Црна Гора. Преку испити, преку упис на студенти? Како?“, праша пратеничката од мнозинството, Љубица Спасовска.

Претходно Мицкоски побара од дел од медиумите, како што наведе блиски до СДСМ и ДУИ, да се извинат поради тоа што објавиле дека купил и реновирал куќа во Козле во вредност од еден милион евра.

катастар Собрание Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.