Author: Ана Василевска

Станува збор за политички маргиналци и дискусијата со нив би им ја оставил на политички маргиналци од нашата држава, а јас претставувам Влада кој комуницира со Владата на Бугарија со која имаме комуникација на многу повисоко ниво од она што беше во минатото, изјави денеска премиерот Ковачевски во однос на изјавите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и пратеникот во бугарското Собрание Костадин Костадинов на чествувањето за Мара Бунева во саботата во Скопје. „Иако станува збор за политички маргиналци, нивните изјави предизвикуваат вознемиреност во нашата јавност. Токму тоа им е и единствената цел, да провоцираат и да ги поткопуваат напорите на…

Read More

Според календарот за работа во образованието, до крајот на второто полугодие треба да се одработат 180 наставни денови, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали е точно дека поради одложениот почеток на второто полугодие учебната година ќе заврши на 14-ти наместо на 9 јуни. На владина седница минатата недела беше одлучено наместо на 18-ти, второто полугодие од учебната 2022/2023 година да почне на 23 јануари, а Шаќири денеска образложи дека причина за одложениот почеток е подобро функционирање на наставниот процес. „За подобро функционирање на процесот, поради тоа што 18 јануари е среда, 19-ти е празник…

Read More

Водите околу јужните делови на Нов Зеланд се шест степени потопли од вообичаено поради климатските промени, временскиот феномен Ла Ниња и областите со висок воздушен притисок, посочуваат научниците. Океанографот Жоао де Соуза изјави дека температурата на водата моментално е четири степени потопла од просечната и дека таквите температури ќе имаат значителни последици за еко-системот настанат и прилагоден на постудени води. Според Де Соуза, истражувањата покажале дека се зголемуваат температурите на површинските води, но и оние на длабочина од сто метри, што значи дека топлотниот бран ги погодува и видовите што живеат во подлабоките води. „Морските видови кои не можат да…

Read More

Членовите на европските кралски семејства денска се собраа во Атина за да се простат од поранешниот и последен крал на Грција, Константин Втори. Тој ќе биде погребан на приватна церемонија по контроверзите околу неговиот погреб. Покојниот монарх почина минатата недела на 82-годишна возраст, откако неговото здравје се влоши по мозочен удар. Константин беше фигура која предизвикува поделби во историјата на Грција и ќе биде погребан како приватен граѓанин. Кој присуствува? Над 200 луѓе се очекува да присуствуваат на приватната погребна служба, која се одржува во Атинската митрополитска катедрала. Припадниците на јавноста можеа да оддадат почит утрово. Илјадници луѓе чекаа во…

Read More

Британската хуманитарна организација Оксфам повика на итна акција за борба против глобалната економска нееднаквост во ерата по Ковид-19, откако беше утврдено дека две третини од новото богатство стекнато од почетокот на пандемијата отишло во рацете на еден процент од најбогатите луѓе во светот. Во извештајот, чие објавување се совпаѓа со годишниот собир на светската елита на Светскиот економски форум во Давос кој почнува денеска, Оксфам наведува дека најбогатите собрале дополнителни 26 трилиони долари на крајот на 2021 година, јави „Гардијан“. Тоа претставувало 63 отсто од парите од вкупното новостекнато богатство, додека остатокот отишол во рацете на 99 отсто од населението на планетата.

Read More

Жетвата на житарките на јужната хемисфера е во полн ек. Од Австралија доаѓаат вести дека станува збор за рекордни приноси, особено за пченицата. Во првата недела од јануари биле ожнеани околу 80 отсто од површините под житарки, а се очекува род од околу 42 милиони тони, пишува Agrarheute. Сето тоа создава притисок врз ограничената логистика, но и врз цените. Така, крајот на неделата донесе пад на цените на парискиот MATIF. Цената на пченицата падна за 1,79 евра/т на 291,25 евра/т. За пченката изнесуваше 284 евра/т, додека за маслодајната репка стигна до 569 евра/т. Извештајот на USDA за прогнозата на житарките го…

Read More

Три години по смртта на новосадскиот кантавтор и уметник Ѓорѓе Балашевиќ, на социјалните мрежи беше предложена иницијатива секоја година на 19 јануари да се организира концерт во негова чест. Иницијатор на идејата е претседателот на „Колор прес груп“, Роберт Чобан, кој во објава на својот фејсбук-профил напиша дека има идеја секоја година на Водици вечерта да се организира „трибјут“ на кој ќе има поп пејачи од сите над регионот ќе се соберат и некои нови деца кои ќе ги изведуваат песните на Балашевиќ и така ќе го зачуваат неговото сеќавање. „Понесени од помислата како тоа го направија со Оливер Драгојевиќ…

Read More

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи денеска во Виена ја презентираше Програмата на претседавањето на Република Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Министерот Османи, во своето обраќање зборуваше за предизвиците и плановите на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ. Целото обраќање на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи е во продолжение:  „ Ваши екселенции, дами и господа,  Ми претставува задоволство што ја преземам функцијата Претседавач со ОБСЕ во 2023 година. Ова за мене истовремено претставува, како особена чест, така и сериозна должност. Од ова место,…

Read More

Прашањето е дали државата може да стане членка на ЕУ до 2030 година? Одговорот е: зависи од самата држава. Задачата е значајна, обемот на реформи се големи. Ќе има подеми и падови и овде и во Брисел. Сметам дека долгорочниот пат, трасата е утврдена од ЕУ и ветувањето е реално. Зависи од оценувањето на взаемните потреби и интереси, рече евроамбасадорот Дејвид Гир денеска на тркалезната маса „Западен Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија- членка на Европската Унија до 2030 година” во организација на Советот на амбасадори. Со цел да се постигне оваа цел, посочи Гир, мора да постои вистинска…

Read More

Ограничувањето на цените на Западот на руската сурова нафта може да има катастрофално влијание врз финансиите на Владимир Путин и да ја принуди државата да усвои мерки за штедење оваа година. Цената на референтната сурова нафта од Урал, извезена од Русија, постојано се намалува откако стапи на сила ограничувањето на 5 декември. На ова ниво, производството може да продолжи, но на ниво многу поблиску до трошоците за екстракција сериозно намалување на рускиот профит. „Цената на суровата нафта Урал драстично падна во однос на Брент од почетокот на ограничувањето на Г7“, напиша Робин Брукс, главен економист во меѓународната лоби група…

Read More

Промените во правилникот за конкурсот на самостојни уметници ги протна менаџерите за продукција со што кретивните носители на филмското дело се поистоветува со технички реализатор кој работи на филм и кој нема изразен уметнички или авторски влог во реализација на филмовите. Според ова, промената би требала да важи за сите, односно шарферите, мајсторите на сцена, реквизитерите и декоратерите, гардероберите, мајсторите на светло и тон, шминкерите, фризерите, и сите останати филмски работници да добијат третман на уметници.  Пишува АНА ВАСИЛЕВСКА По објавата на веб-страницата за конкурсот на Министерството за култура, каде што е  воочлив изменетиот Правилник за условите, критериумите и постапката…

Read More

„Ние имаме реторички консензус за членство во ЕУ, но реално немаме национален консензус или не под овие услови со оваа преговарачка рамка да продолжиме кон ЕУ. Прв услов е промената на Уставот“, одговори претседателот Пендаровски по настанот организиран во Клубот на пратеници од Советот на амбасадорите. на прашање од Фронтлајн – дали во Северна Македонија има консензус за членство во ЕУ. Прашан дали тој може да помогнете со медијација да се дојде до таков консензус, Пендровски вели дека  позициите на опозициските партии се толку вкопани така што не гледа маневарски простор дека тој може да помогне. За непомирливите ставови на…

Read More