Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
САД ќе распоредат дополнителни пешадиски трупи во Естонија „во наредните недели“ за да ја зајакнат одбраната на источното крило на НАТО, соопшти денеска естонското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека во таа балтичка држава ќе биде распоредена американска пешадиска чета, која вообичаено се состои од 80 до 250 војници. Дополнителните пешадиски трупи ќе бидат придружувани од артилерискиот ракетен систем ХИМАРС и соодветната опрема, како и системи за команда и контрола. „Оваа одлука претставува значително зголемување на ротирачкото американско воено присуство во Естонија и балтичките земји и ја покажува долгорочната посветеност на САД за безбедноста на нашиот регион и значително подобрување…
450 милиони евра изнесуваат Директните странски инвестиции (ДСИ) само оваа година, вели директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски во интервју за Фронтлајн, „или повеќе од двојно споредено со лани“. https://www.youtube.com/watch?v=b88k-icBps4 Со тоа 2022 е најдобра во историјата на постоењето на Слободните трговски зони, вели Деспотовски. Оваа сума од 450 милиони евра постигнати за една година, е половината од сè што е остварено за цела една декада од работата на зоните. При тоа, нагласува Деспотовски, претежно неколку компании со своите големи инвестиции се конституенти на главницата од 450 милиони евра ДСИ. Од нив една е компанијата Е.ГО со концептот на електрични возила во тетовската…
В.д претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари очекува да се раздвижи, како што вели, борбата против корупцијата на високо ниво кај власта со најавената помош од Соединетите Американски Држави (САД). Информацијата за пристигнувањето во Скопје на тимот на САД за санкции, за да се поведе истрага на корумпираните политичари, според Таравари, е дочекана со голема надеж од сите граѓани на земјава. „Ова е задача на самата држава, меѓутоа сите закони што ги носиме стојат на хартија, практично не се спроведуваат. Се надевам дека оваа американска екипа ќе ги катализира процесите на антикорупација и функционирање на правна држава. Она што…
Новата вакцина против маларија RTS, S ќе биде пошироко дистрибуирана од крајот на следната година, со што ќе се заштитат милиони деца во земјите каде што болеста е најраспространета, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Повеќе од 20 земји планираат да ја користат RTS, S, а некои ќе почнат да ја користат следната година, информира Абдисалан Нур од програмата за маларија на СЗО. Некои влади ќе добијат пристап до вакцината со помош на меѓународната алијанса за вакцинација Гави, додаде тој. Според проценките на СЗО, околу 619.000 луѓе починале од маларија ширум светот во 2021 година, нешто помалку од 625.000 претходната година. Случаите на болеста достигнаа 247…
Германија вчера ја разбуди масивна полициска акција. Уапсени се 25 припадници на домашна ултрадесничарска и терористичка организација во рација ширум Германија. Во полициската акција учествуваа 3.000 припадници на полицијата во 11 сојузни држави, каде што беше извршен претрес на 130 локации. Една поранешна парламентарка (во мандатот 2017-2021 година) од ултрадесничарската партија АФД е меѓу уапсените. Двајца се уапсени надвор од границите на Германија – во Италија и Австрија. https://www.youtube.com/watch?v=xa5gZVjzS28&t=1s Целта на терористичката група било „да се урне постојниот државен поредок во Германија и да се воспостави нов сопствен облик на држава, чиишто контури се веќе разработени,“ како што соопштија од…
Прес конференција ќе се одржи в петок, 9 декември, во хотел Сити Парк (кај општина Центар) со почеток во 13 часот. Македонската граѓанска организација Цивил и германската youth4media ќе одржат прес конференција посветена на дезинформациите и пропагандата утре, петок, 9 декември, во хотел Сити Парк (кај општина Центар) со почеток во 13 часот. Средбата со медиумите е дел од програмата на првото издание на Меѓународната недела на новинарството отпорно на дезинформации и пропаганда. Дел од програмата во текот на изминатата недела беше и Меѓународниот семинар „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ во чија практична работа и продукција учествуваа медиумски професионалци од…
„ЕУ мора сериозно да ги сфати и разгледа опструкциите од опозицијата во Северна Македонија и обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица по секоја цена да го загрозат европскиот пат на земјата. Блокадите на Собранието и на демократските процеси за напредок кон ЕУ се блокада на европските вредности“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на Лидерскиот самит на Западен Балкан на Европските социјалисти и демократи во Виена. Тој порача дека и Европската народна партија не смее да биде само нем набљудувач на овие сценарија, бидејќи ваквите опструкции и блокади не се само за Владата туку за европските вредности. Премиерот исто така побара од ЕУ…
Македонскиот јазик и битот на македонскиот идентитет е сочуван со векови, благодарение на мисијата на просветителите а меѓу нив ученикот на Светите браќа Кирил и Методиј и основач на Охридската книжевна школа, Свети Климент Охридски. Денеска, 8 декември, кога оддаваме почит на неговото дело, и го празнуваме Свети Климент Охридски, вредно е да се спомене дел од развојниот пат кој е неизбришлив од колективната меморија. Потсетувањето на неговата мисионерска дејсност која е тесно поврзана со оние културолошки патеки каде што е темелот на цивилизациските вредности-образованието и широчината на светогледот, е насока за нашето делување во испишувањето на историјата во новите…
Повеќе од 1.100 вработени-членови на синдикат на „Њујорк Тајмс“ денеска ќе ја прекинат работата на еден ден, откако пропаднаа преговорите со издавачот на весникот за „целосен и праведен договор“, соопшти синдикатот. Заминувањето на тие вработени од редакцијата на еден ден е и првпат вработените во Њујорк Тајмс да учествуваат во прекин на работа од крајот на 1970-тите. Тоа е дел од растечкото движење на работниците низ САД во кое се вклучени вработени од компании како Амазон, Старбакс и Епл, кои се организираа во обид да се спротивстават на, како што велат, нефер работната пракса. Разговорите траеја повеќе од 12 часа доцна во вторникот и продолжија вчера, но страните останаа далеку од договор за прашањата, вклучително и зголемувањето на платите и политиката за работа…
Коридорот 8 влегува во Европскиот коридор за Западен Балкан-Источен Медитеран, како дел од мрежата на главните трансевропски коридори. Одлуката на Европската комисија, овој предлог да го стави на дневен ред пред Европскиот парламент и Советот на министри е резултат на иницијативите на земјите од Западен Балкан, вклучуваќи ги Република Северна Македонија, Бугарија, Албанија и Италија, информираат од Министерството за транспорт и врски. Активностите кон отпочнување со градба на најголемиот проект во железничката инфраструктура-изградба на пругата кон Бугарија, заедничкиот пристап на земјите од регионот како и потпишувањето на декларацијата на Северна Македонија, Бугарија, Албанија и Италија за модерно поврзување Исток –…
ТОП ЧАНЕЛ: 32 години од Студентското движење кое донесе демократија во Албанија „Од 2009 година, со одлука на Парламентот на Албанија, 8 декември се одбележува како државен празник во чест на сите студенти од декември 1990 година и на целата албанска младина. На 8 декември 1990 година, група студенти и предавачи на универзитетите во Тирана станаа иницијатори и протагонисти на големата историска пресвртница, мирните протести кои го донесоа падот на комунистичкиот систем и раѓањето на демократијата.“, Топ Чанел. Велиај во Брисел ја прими титулата за Тирана „Европски град на спортовите за 2023 година “„Тирана и официјално е „Европски град на спортовите“…
Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер денеска најави дека ќе гласа против пристапувањето на Бугарија и Романија во Шенген зоната на состанокот на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи во Брисел. Европските министри мора да одлучат и за приемот на Хрватска во Шенген, кој, доколку не дојде до изненадувања, би требало да се одобри, пренесе Бета. Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи денеска во Брисел треба да гласа за две одлуки за влез во Шенген, при што првата одлука се однесува на Бугарија и Романија, а втората на Хрватска. Одлуките треба да се носат едногласно.