Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Просветителот Свети Климент Охридски, борец за вистината преку јазикот и образованието

0
By Ана Василевска on December 8, 2022 КУЛТУРА, НАСЛОВНА
Споменик Свети Климент Охридски
Споменик Свети Климент Охридски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 8, 2022 13:10

Македонскиот јазик и битот на македонскиот идентитет е сочуван со векови, благодарение на мисијата на просветителите а меѓу нив ученикот на Светите браќа Кирил и Методиј и основач на Охридската книжевна школа, Свети Климент Охридски. Денеска, 8 декември, кога оддаваме почит на неговото дело, и го празнуваме Свети Климент Охридски, вредно е да се спомене дел од развојниот пат кој е неизбришлив од колективната меморија. Потсетувањето на неговата мисионерска дејсност која е тесно поврзана со оние културолошки патеки каде што е темелот на цивилизациските вредности-образованието и широчината на светогледот, е насока за нашето делување во испишувањето на историјата во новите векови.

Ако се погледне мисијата на Свети Климент Охридски од денешен, модерен дискурс, секако може да се толкува и еден од оние кои преку ширење на писменоста и јазикот, се залагале за ширење на вистината. Тоа е всушност и најдемократската и легитимна борба против лагата, дезинформациите и пропагандата која денес е голема закана за нас и воопшто за целиот свет.

Биографија на Свети Климент Охридски

Податоци за животот на Климент Охридски добиваме од „Пространо Климентово житие“ од Теофилакт (XI век) и „Кратко Климентово житие“ од Димитрија Хоматијан, напишано на грчки јазик.

За раѓањето; дата, место, родители – податоци нема. Годината на раѓање се определува од 830 до 835. Исто така, нема податоци за неговото школување, но се разбира дека имал добро образование, зашто бил пратен на Моравската мисија, заедно со Кирил и Методиј. Се претпоставува дека со Наум биле родени браќа.

Овие податоци ги нема во житијата, па затоа се претпоставки.

По смртта на Методиј, Климент заедно со Горазд застанува на чело на протераните ученици. Светополк (внук од брат на Ростислав) ги прогонува од Моравија, но во Бугарија, на кнезот Борис, му биле потребни луѓе кои ќе го шират христијанството на словенски јазик, па затоа тој љубезно ги пречекува. Климент, заедно со Наум, Ангелариј и Сава одат преку Белград во Плиска (тогашна престолнина на Бугарија).

Плаошник-Охрид
Плаошник-Охрид

Меѓутоа, по извесно време, состојбата во Бугарија се менува, па Климент е испратен во областа Кутмичевица.

Најверојатно причината за испраќањето на Климент била таа што тој не сакал да ја прифати новата азбука — кирилицата, која веќе се ширела во Бугарија, туку доследно ја употребувал глаголицата.

Дејноста на Климент Охридски

Во Кутмичевица, Климент ја организира Охридската книжевна школа во која работи 7 години (886-893) како учител и надзорник на црковните работи. Оваа школа броела 3500 ученика, од кои по 120 ученика годишно Климент оспособувал за учители и свештеници. Во 893 година тој е испратен во Величката епископија (Дебар, Кичево) каде е поставен за прв словенски епископ. На негово место во Охрид од Преслав доаѓа Наум.

Климент Охридски не можел да ја создаде кирилицата — тој бил следбеник на Кирил и Методиј и го почитувал нивното дело, па затоа и доследно ја чувал и употребувал глаголицата.

Тој, не само што бил учен човек, туку сестрано им помагал на сиромашните и на селаните во земјоделието (калемел овошки), носел од грчката област нови видови овошки, градел цркви и манастири итн.

Климент напишал околу 50 дела од кои само на 15 се потпишал. Сите дела ги оставил во манастирот Св. Пантелејмон (на Плаошник) што го изградил тој, во Охрид. Освен што пишувал поучни и пофални слова со стил близок на народните маси, се занимавал и со преведувачка дејност.

Умрел на 26 јуни 916 година и е погребан во својот манастир, во гробот што самиот си го подготвил.
Неговите мошти сѐ уште се наоѓаат во манастирот Св. Пантелејмон на Плаошник.

Охридска книжевна школа

По смртта на Методиј, неговите ученици биле изложени на големи измачувања и прогон. Дел од нив успеале да побегнат во Бугарија, која тогаш била силна држава. Но, таму тие не биле добро прифатени, па затоа дел од нив дошле во Македонија, во Охрид.

Тука развиле огромна просветителска работа, а особено се истакнале Климент и Наум Охридски кои во IX век ја основаат Охридската книжевна школа — првиот словенски универзитет кој броел 3500 ученика.

Одлики на оваа школа се:
– доследно чување на делото на Кирил и Методиј;
– употреба на глаголицата;
– чување на јазикот на Кирил и Методиј;
– отпор против грчкиот јазик и елинизацијата на словенското население.

Подготви : А.Василевска

Извор на бииографски податоци: Википедија

8-ми декември Плаошник Свети Климент Охридски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.