Author: Ана Василевска

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел смета дека војната меѓу Русија и Украина „можеби нема да заврши, туку ќе замрзне како војната во Кореја“ од пред 70 години. „Во Кореја, двете страни постигнаа примирје и прекин на огнот со воспоставување линија на раздвојување. Ова може да биде излез од овој конфликт, рече Борел (75), кој е и потпретседател на Европската комисија. Тој ова го изјави во Барселона, каде што учествуваше на настанот „Глобални кризи, европски одговори“ организиран од локалниот Центар за меѓународни односи (ЦИДОБ)“, јави весникот „Ла Вангардија“. „Украина и Русија ќе мора да се повлечат од нивните…

Read More

Откако амрикански промотори им понудија огромна сума на пари, славното светско дуо „Јуритмикс“ се подготвува за светска турнеја вредна 100 милиони фунти. Турнејата е предвидено да се случи идната година. Поп дуото од 80-тите – составено од Ени Ленокс (67) и Дејв Стјуарт (70) – неодамна одржаа неверојатно редок настап додека беа примени во Куќата на славните на рокенролот, а некои извори тврдат дека можно е да се случи и нов албум. Нивниот настап во Куќата на славните на рокенролот навистина ги поттикна интересите на промотерите кои се подготвени да „фрлаат“ пари на бендот за повторно да го извадат на…

Read More

Од 1 декември (четврток) до 11 декември (недела) – Кинотеката, во соработка со Амбасадата на Чешката Република – организира голема рертоспектива на легендарниот чешки режисер и глумец Јиржи Менцл (Jiří Menzel). Оваа ретроспектива ќе биде отворена со филмот СТРОГО КОНТРОЛИРАНИ ВОЗОВИ (Ostře sledované vlaky / Closely Observed Trains), дебитантски долгометражен игран филм на Менцл (1938-2020), со кој освои „Оскар“ за најдобар странски филм во 1967 година. До 11 декември, во термините од 20:00 часот, во кинотечната сала ќе бидат прикажани уште осум наслови на Јиржи Менцл: СТРИЖЕНО-КОСЕНО (Postřižiny / Cutting It Short), ЛАСТОВИЧКИ НА ЖИЦА (Skřivánci na niti / Larks…

Read More

Во четврток, со почеток во 20 часот ќе се одржи концертот насловен „Раат“ – авторски проект на композиторот Џијан Емин со оркестарот на Македонската филхармонија. Концертот е електро-акустичен и претставува премиера на новиот музички проект на Џијан Емин, кој воедно ќе застане и зад пултот со оркестарот на филхармоничарите. „Раат“ е мултимедијална приказна раскажана преку несекојдневен третман на звукот обликуван во препознатливиот авторски стил на композиторот Џијан Емин. „Најубавите работи во животот, љубовта, среќата, мирот, разумот, небото, морето, реките, планините, …се бесплатни и не можат да се купат. Една од тие убави и важни работи е и раатот кој може да го создадеме…

Read More

Словенците вчера на референдум усвоија закон со цел да се спречат политичките назначувања во јавната телевизија, откако медиумската клима во земјата се влоши за време на претходниот премиер Јанез Јанша. Изборната комисија ги објави резултатите, според кои повеќе од 62 отсто од гласачите дале согласност законот да стапи во сила, веројатно на почетокот на 2023 година. Неколку здруженија за одбрана на медиумите, како што е Медиумската организација на Југоисточна Европа (СЕЕМО), го поздравија амандманот, кој има за цел да ја „заштити уредувачката независност“ на каналот РТВ Словенија од „политичко и сигурно уништување“. Конзервативниот лидер Јанез Јанша, кој беше на власт од 2020 до 2022 година, ги…

Read More

Објектот на месната заедница Тафталиџе, популарно наречен „Домче“  во првите години од своето постоење послужил за сместување семејства чии домови биле разурнати од земјотресот во Скопје во 1963 година. Потоа, во  просториите на домчето се сместило Културно-уметничкото друштво „Цветан Димов“. Во еден дел од објектот имало народна библиотека со голем фонд на книги, а некои од просториите преминале во своевидни сали за спорт и рекреација. Жителите од околината го користеле за секојдневни активности при исполнување на својот маалски живот, играле пинг-понг, посетувале часови по ора и танци, учествувале во музичкиот клуб, но имале и неформални дружења внатре и во дворот…

Read More

Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Најавата за иницијативата во Собрание за укинување на членот 102 од Законот за аудио и аудио-визуелни услуги за да се се овозможи медиумска афирмација на кампањите од јавен интерес, го  отвори прашањето дали, ако за бришење на „102“ веќе има договорено двотретинско мнозинство, зошто тоа обезбедено мнозинство не се искористи и да се направи конечно избор на новите состави на Програмскиот совет на Националната радио-телевизија (НРТ) и на Советот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги (ААВМУ). На 21 ноември светот го одбележа Светскиот ден на телевизиите. Не дека нешто одбележувањето на овие „светски денови“ многу ги потресува луѓето, но често…

Read More

Во Кијив од денеска се очекува обилен снег, дневната и ноќната температура ќе се спуштат под нулата, а милиони луѓе во градот и околината остануваат без струја и греење. Мрежниот оператор Укренерго соопшти дека производителите на електрична енергија можат да покријат само три четвртини од потребите на потрошувачите, поради што се воведени рестрикции и прекини на струја низ целата земја. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека има рестрикција на струја во 14 од 27 региони во Украина и во Кијив, за „повеќе од 100.000“ потрошувачи во секој регион. Ако потрошувачката се зголеми во вечерните часови, бројот на прекини може да биде…

Read More

ФИФА покрена дисциплинска постапка против фудбалскиот сојуз на Србија, откако нејзината репрезентација постави контроверзно знаме на Косово во нивната соблекувална пред поразот на Светското првенство од Бразил, објави Би Би Си. Знамето покажа контура на Косово исполнето со знамето на Србија, со зборовите „Нема предавање“. Тензиите меѓу етничките Срби и владата на Косово предводена од Албанците се големи, поради стравувањата дека насилството може повторно да се разгори, 23 години по војната во Косово. Косово прогласи независност од Србија во 2008 година, но Србија, која е сојузник на Русија, не го признава како независна држава. Во петокот, Фудбалската федерација на Косово (ФФК)…

Read More

Новата зграда на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје, беше отворена денеска на локација на улицата Никола Вапцаров. „Со новиот објект на културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје да се отвори нова енергија во меѓусебните односи за културен натпревар и за победа на креативноста. Бугарскиот КИЦ во Скопје, и нашиот во Бугарија, имаат за цел да не доближат како народи и култури. Отоворете ги ширум портите на културата“,  порача на отварањето министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. На отворањето присуствуваше и бугарскиот министер за култура Велислав Минеков. Во Центарот е отворена и изложба која опфаќа слики од современи уметници од Северна Македонија…

Read More

Како највоочливи грешки од неправилната употреба на македонскиот јазик лекторите ги сметаат: правописни грешки, употребата на странски зборови без мера, несоодветна употреба на зборови. Постоечкиот Закон за употребата на македонскиот јазик не се почитува а  македонскиот стандарден јазик не се употребува во голем број од институциите и медиумите и речиси сè што објавуваат не е лекторирано, согласни се лекторите. Јавниот рекламен простор, билбордите и маркетинг слоганите изобилуваат со написи на англиски јазик или хибридни форми на латиница и кирилица. Прашањето за правилната употреба на македонскиот јазик врамено во Закон и воедно задолжителното вработување на лектори, се актуелизира по синоќешната најава…

Read More

На шестото издание на винскиот салон „Винодонија“, што ќе се одржува денеска и утре во Скопје,  гостите ќе може да дегустираат вина од околу 60 винарии, со импресивен број од над 450 етикети на вино. Скопски вински салон „Винодонија“ соопшти дека покрај тоа што има едукативен карактер, настанот со години ја потврдува својата цел – подигнување на винската свест и развој на нашата винска култура. Во рамки на „Винодонија“ денеска и утре ќе се одржат пет работилници и мастер клас дегустации насловени по земјите и предизвиците: „Запознај ја винската Унгарија“, „Запознај ја винската Хрватска“, „Основи на спарување на вино и…

Read More