Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворен новиот објект на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје

0
By Ана Василевска on November 25, 2022 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 25, 2022 15:18

Новата зграда на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје, беше отворена денеска на локација на улицата Никола Вапцаров.

„Со новиот објект на културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје да се отвори нова енергија во меѓусебните односи за културен натпревар и за победа на креативноста. Бугарскиот КИЦ во Скопје, и нашиот во Бугарија, имаат за цел да не доближат како народи и култури. Отоворете ги ширум портите на културата“,  порача на отварањето министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

На отворањето присуствуваше и бугарскиот министер за култура Велислав Минеков. Во Центарот е отворена и изложба која опфаќа слики од современи уметници од Северна Македонија и Бугарија.

Претходно, министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска имаше средба со својот бугарски колега, Велислав Минеков, на која присуствуваа и амбасадорот на Бугарија, Ангел Ангелов, и директорката на бугарскиот КИЦ во Скопје, Антонија Велева.

На средбата, министрите ја потврдија традиционалната соработка и го изразија своето задоволство од фактот што министерствата за култура на двете земји негуваат слични приоритети во својата културна политика, во делот на заштитата на културното наследство, како и во поттикнување на активностите на младите. Беа разменети мислења, ставови и идеи за подобрување и за унапредување на соработката во сите сегменти, како и за активности што би можеле да се реализираат како заедничка агенда на културно-информативните центри во двете држави.

Костадиновска-Стојчевска, во оваа пригода, го запозна Минеков и со идејата за отворање Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Благоевград, изразувајќи уверување дека токму овие центри ќе придонесат за реализација на многу проекти и иницијативи преку кои бугарските и македонските автори и уметници ќе се претстават пред културната јавност во двете земји.

Бугарскиот културен центар во Скопје е основан во 2006 година по Договорот меѓу владите од април 2003 година

Бугарски Културно-информативен центар министерство за култура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 22, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

ВЕСТИ April 22, 2026

Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии. Законот треба…

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.