Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Европската унија денеска слави пет години од основањето на Европскиот столб за социјални права. На првиот Европски форум за вработување и социјални права, ќе биде направен преглед на постигнатиот напредок и ќе се разговара за тоа што треба да следи. Поминаа пет години од основањето на Европскиот столб за социјални права на Социјалниот самит во Гетеборг во 2017 година од страна на Европскиот парламент, Советот и Комисијата. Оттогаш, оваа заложба беше реафирмирана на Социјалниот самит во Порто во 2021 година од лидерите на ЕУ, социјалните партнери и граѓанските организации. Комисијата поднесе повеќе од 130 иницијативи за спроведување на столбот во…
Повеќе од 6.500 работници мигранти од Индија, Пакистан, Непал, Бангладеш и Шри Ланка загинаа во Катар откако тој го доби правото да биде домаќин на Светското првенство пред 10 години. ДРАГАН МИШЕВ Кантавторката Шакира, која ја испеа „Waka Waka“, официјалната химна на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка во 2010 година, им се придружи на Дуа Липа и Род Стјуарт кој предходно одбија да настапат на отворањето на Светското фудбалско првенство 2022 во Катар, додека истовремено расте притисокот врз Дејвид Бекам да ги прекине врските со земјата поради кршењето на човековите права, правата на работниците мигранти, правата на жените, строгите законите…
Во интервју за Фронтлајн.мк, лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари пред денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски истакана дека ќе стане дел од власта доколку се исполнат три услови. Како најважно Таравари истака дека бара гаранции дека нема да има предвремени парламентарни избори пред 2024 година. Како втор услов до Ковачевски, лидерот на Алијанса ќе побара самостојност односно автономност во одлучувањето во ресорните министерства што ќе ги добијат… И како трето барање е да има динамика тоа што ќе се договорат да се применува во пракса. https://www.youtube.com/watch?v=IkrIv4wfiY4&t=3s Тој не кажа кои министерства ќе ги бараат, туку истакна дека без разлика…
Премиерата на перформативната инсталација во јавен простор „Градот како сцена-изгубени модернистички утопии“ на Филип Јовановски и Миодраг Куч ќе се одржи утре во 12 часот во рамки на 47. МОТ. Изведбата ќе биде во близина на објектот зграда на поранешна месна заедница во Тафталиџе, спроти основното училиште „Јан Амос Коменски“, ул.„Варшавска“ бр.23. По првата изведба ќе има уште една која е закажана за 13.30 часот. „Градот е почувствителна и потрајна стварност, државата е посамоволна и поапстрактна. Етатизмот е системско организирање, урбанизмот е граѓанско организирање… Градот е јавност.“, стои во референцата на авторите за овој настан. Описниот мотив за перформансот на…
Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутерш денеска предупреди дека преговарачите на климатскиот Самит КОП27 во Египет мора да ја надминат „урнатата доверба“ помеѓу богатите и сиромашните земји за да постигнат договор со кој би се спасил светот од најлошото глобално затоплување. „Се наоѓаме во клучниот момент од преговорите. Светот набљудува и има едноставна порака: позиционирајте се и испорачајте“, истакна Гутереш. Тој додаде дека глобалните емисии се на највисоко ниво во историјата и оти и понатаму се во пораст. „Знаеме што треба да се направи и имаме алатки и ресурси тоа да го направиме, посочи Гутереш. Едно од прашањата за…
„Ова е извонредна прилика и неопходно е обединување додека паѓаат бомби во Украина. Поради војната цела европа е погодена од енергетска криза и инфлација“ изјави албанскиот премиер Еди Рама на регионалната конференција за енергетика во Белград. Тој истака дека во овие тешки времиња мора да се регионализираат пазарите на земјите од Западен Балкан, бидејќи заедно е полесно да се справиме со енергетската и економската криза. „Без никаков сомнеж, во овие тешки времња, мораме да ги регионализираме нашите пазари кога станува збор за енергетиката. Мораме да соработуваме надвор од границите“ рече Рама. На слична линија беше и македонскиот премиер, Димитар Ковачевски…
Пишува: Борјан Јовановски Кога му требаат гласови, Орбан оди низ Унгарија, ја обвинува ЕУ и ја претставува како закана за унгарските христијански традиционални вредности. И таа приказна е таква , се додека не му затребаат пари од Брисел, без кои неговото владеење почнува да го губи тлото под нозете. Соочена со инфлација над 29% и масовни протести на наставниот кадар во целата земја, Орбан исплашен од последиците за неговата популистичка кариера поради ставот на Брисел да не му даде 7,5 милијарди евра, барајќи од него да ги почитува европските демократски стандарди, сега одлучи да ги киднапира стратешките ЕУ политики држејќи…
„Денес, Окружниот суд во Хаг ги прогласи за виновни и ги осуди на доживотен затвор трите лица одговорни за соборувањето на Боинг 777 на летот MH17 на Malaysia Airlines од Амстердам за Куала Лумпур на 17 јули 2014 година. Како последица на ова ужасно злосторство ги загубија животите сите 298 невини луѓе, вклучително и 80 деца. Пресудите на Судот се забележителен настан во контекст на воспоставувањето на правдата и неизбежноста на казнување за извршување на кривични дела. Тоа стана можно поради постојаната и методолошка работа на десетици истражители и обвинители на Заедничкиот истражен тим, вклучително и украински“, соопштуваат од украинското Министерство за…
Во вчерашниот дуел на Канал 5 телевизија, пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Драган Ковачки одби да одговори на прашањето дали ги исполнувал законските услови за унапредување во чин полковник, што остави сомнеж во јавноста. Ковачки станал потполковник на 18.8.2012 година, а според законот полковник можел да стане најрано на ден 18.8.2016 година, или една година порано, ако бил оценет дека „особено се истакнува“, што не било случај со Ковачки. За физичка неспособност, Ковачки добил оценка 2-ка, а како лице во армијата морал да ја истакне својата спремност и подготвеност, но не успеал во тоа. Ковачки сакал предвреме да го…
Жителитена ЕУ, веќе се тушираат со поладна вода, во канцелариите се намалуваат термостатите, а продавниците ги пригушуваат светлата за да се избегне ситуација во која домовите би биле темни и ладни оваа зима поради последиците од руската војна во Украина. Европскиот план за намалување на потрошувачката на гас предвидува на доброволна основа сите потрошувачи, домаќинствата, јавната администрација, сопствениците на јавни згради, производителите на енергија и индустријата да преземат мерки за намалување на потрошувачката со цел да се обезбеди снабдување во услови кога Русија нема да гарантира доволно снабдување на гас за европскиот пазар. Како одговор на тешкотиите и нарушувањата на…
„Во последните 30 години во регионот гледавме поделби и неразбирање, но во последниот период гледаме создавање на регион на соработка и добри меѓусоседски односи. Соработката е единствен начин да се надмине кризата“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата по регионалната Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан во Белград. Тој додаде дека престои тешка зима за регионот и Европа во поглед на енергетската криза, но со соработка и солидарност, таа полесно ќе биде надмината. „Владата на Северна Македонија започна со вложување на големи проекти во енергетиката, бидејќи тука е иднината“ рече Ковачевски и додаде…
Пратениците на Српската листа, кои пред денови поднесоа оставки од мандатите во Собранието на Косово, се сменети со други пратеници на оваа партија, јавува косовски Телеграф. Ова на денешната пленарна седница на Собранието го соопшти спикерот Глаук Коњуфца. Новите пратеници на Српската листа дадоа заклетва, а потоа ја напуштија салата. Српска Листа на 5 ноември 2022 година најави излегување на Србите од институциите на Косово, додека на 7 ноември официјално му ги врачија пратеничките мандати на Собранието на Косово. Нивното заминување дојде по одлуката на косовските власти да го суспендираат директорот на косовската полиција за северниот регион, Ненад Ѓуриќ, кој одби да ја…