„Ова е извонредна прилика и неопходно е обединување додека паѓаат бомби во Украина. Поради војната цела европа е погодена од енергетска криза и инфлација“ изјави албанскиот премиер Еди Рама на регионалната конференција за енергетика во Белград.

Тој истака дека во овие тешки времиња мора да се регионализираат пазарите на земјите од Западен Балкан, бидејќи заедно е полесно да се справиме со енергетската и економската криза.

„Без никаков сомнеж, во овие тешки времња, мораме да ги регионализираме нашите пазари кога станува збор за енергетиката. Мораме да соработуваме надвор од границите“ рече Рама.

На слична линија беше и македонскиот премиер, Димитар Ковачевски кој рече дека треба да се искористи моментот на енергетската криза за регионот да се развие како енергетска сила со инвестиции во зелена енергија.