Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Последниот проект на Националниот џез оркестар носи наслов "Џез Лектира," и претставува навраќање на биг бенд ерата, позната и како ера на свингот. Овој период претставува значаен период од музичката историја во кој популарната музика во САД доживува своевидна трансформација. Големи ансамбли, пишани аранжмани кои се истакнуваат наспроти спонтаните солирања, доминација на свинг ритамот, наплив на иновативни композитори, се дел од карактеристиките на оваа ера која го доживува својот врв во периодот од 30-тите до средината на 40-тите години нa 20-тиот век. Во тој период се истакнува една група музичари кои како лидери на своите биг бендови прават вистинска револуција…
Додека бројот на сериозни закани е малку намален во споредба со претходната година, во Европа во 2023 година, новинарите продолжија да бидат заплашувани, набљудувани, напаѓани и приведувани. Извештајот, насловен „Слободата на печатот во Европа: време да се сврти плимата“, ги оценува главните прашања што ја поткопуваат слободата на печатот во Европа. Загриженоста за безбедноста и слободата на новинарите ширум Европа расте. Особено во земји како Белорусија и Русија, медиумските работници се незаконски шпионирани, погодени од навредливи тужби и притворени, иако има проблеми и на Запад. Тоа е според овогодинешниот годишен извештај на Советот на Европа објавен денеска. И покрај значителниот…
Советот на ЕУ и Европскиот парламент рано изутринава се договорија околу текстот на регулативата со која на пазарот на Унијата ќе се забрани продажба на стоки произведен со принудна работа и со експлоатација на работници. Според белгискиот вицепремиер и министер за економија и вработување Пјер-Ив Дермањ, со усвојувањето на оваа регулатива ЕУ сака да се осигура дека на единствен европски пазар нема место за производи направени со принудна работа, без разлика дали се произведени во Европа или во странство. – Ужасно е тоа што во 21 век во светот се уште постојат ропството и принудната работа. Ова грозоморно злосторство мора…
Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе го отвори НАТО – Индустрискиот ден на кој ќе учествуваат високи претставници на НАТО Агенцијата за поддршка и набавки (NSPA) и НАТО Агенцијата за комуникации и информации (NCIA).
Добрила Грашеска не е обична вокалистка. Нејзиниот глас, иако се фокусира на чалгијата и традиционалната македонска музика, е сепак, уникатен и е сосема различен од сѐ она што во оваа сфера сме имале можност да слушаме и во минатото – нашето наследство што предците ни го оставиле. Карактеристично е, што Грашеска е посветена не само на начинот на интерпретација, туку таа се внесува во оваа приказна со целото свое битие, разложувајќи го и теоретски, до срж, духовното звучно азно. Со составот „Чалгија саунд систем“, настапуваат оваа сабота (9 март) во „Јавна Соба“ (21ч.), во кој членуваат и Александра Кузман на виолина,…
Американската потпретседателка Камала Харис врши притисок врз американскиот претседател Џо Бајден и други високи претставници на администрацијата да ја заострат својата реторика за хуманитарната криза во Газа, пишува денеска Њујорк Тајмс. Во извештајот, во кој се цитирани четири лица запознаени со апелите на Камала Харис, се вели дека таа постојано им укажувала на Бајден и на другите претставници на Белата куќа „дека администрацијата треба да покаже поголема емпатија за палестинските цивили со тоа што јавно ќе зборува за бројот на загинатите во Газа и за страдањата на преживеаните“. Бајден ја поддржа нејзината позиција, според американскиот весник, но исто така рече…
Во своето излагање на конференцијата „АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА“, во рамките на изложбата „Станица Пропаганда“ Никола Гелевски, уредник и колумнист, ги сподели своите размислувања за влијанието на проектот “Скопје 2014” врз културниот и урбанистички пејзаж на градот, тој ја нагласи комплексноста на односот меѓу културата и политиката, особено во контекст на овој проект, кој го опиша како контроверзен и поделен. Тој се потсети дека се поминати 15 години од протестите против проектот „Скопје 2014“ -Времето лета мислам дека поминаа 15 години откако на почеток на март се случи и тоа драматично тепање на студентите на плоштад, главно студенти од архитектура, не зна…
До петок трае собирањето потписи од граѓаните за кандидатите за претседател на претстојните избори. На листата кандидати кои ги собраа потребните 10 000 потписи, изминатите денови се најдоа и кандидатот од СДСМ Стево Пендаровски и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска. Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) до овој момент кандидатот Стево Пендаровски има собрано 21 852, а Гордана Силјановска 28 029 гласови. Претходно, потребниот број на гласови ги собраа и кандидатот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Бујар Османи, Арбен Таравари од опозицискиот блок „Вреди“, Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија, Билјана Ванковска Цветковска кандидат на…
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Кога човек ќе влезе во лични и здравствени интроспекции, сите патишта кои водат во Царството небесно се тесни и секоја врата кон таму е тесна, а некои врати се уште потесни, за разлика од овоземните врати на животот кои, иако тешко проодни, ама сепак, со мало наведнување, се поминуваат. Го думам ова почитувани читатели, гледајќи ја својата кожа, избодена од канили како се собира и танчи како пелин, благодарение на заулавениот метаболизам, крвотокот, хормоните, надворешното и внатрешното лачење. Нам, луѓето, си реков потоа, животот ни поминува во лачење и излачување. Телото е нужна и неопходна соба, визба во…
Руско беспилотно летало погоди високата станбена зграда во Одеса, при што загинаа 12 лица, меѓу кои пет деца, и беа повредени 20 лица, меѓу кои и една бремена жена., додека еден цивил беше убиен во регионот Херсон, а 19 цивили беа повредени во регионот на Доњецк во текот на изминатиот ден како резултат на руско гранатирање. „Вкупно 20 лица се повредени, меѓу кои и една трудница. Во моментов, три лица се хоспитализирани, од кои две се на одделението за интензивна нега во тешка состојба и едно во умерена состојба се лекува во одделението за траума“, објави Министерството за здравство при…
Осврнувајќи се на Планот за забрзан раст на земјите од Западен Балкан, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервју за Слободен печат истакна дека тој е најновата успешна приказна на ЕУ „Планот за раст е најнова успешна приказна на ЕУ која што е промовирана во Скопје, минатиот ноември во формат министри за европски прашања и минстри за финансии од сите држави во регионот со високи претставници на ЕУ, директорот Копман и комесарот Вархеји. Она што ние инсистиравме е овој план да се спроведува брзо и конкретно. Со конкретни придобивки за граѓаните, да не даваме големи ветувања кои што ќе…
Во нашата држава, дебелината кај возрасните е зголемена за 13,6 отсто, а кај децата и адолесцентите за 7,4 проценти споредено со 1990 година. Постојат разлики во преваленцата на зголемена телесна тежина и дебелина според пол, односно дебелината е почеста кај момчињата, за разлика од девојчињата. Повеќето од децата кои имаат зголемена телесна тежина и дебелина живеат во урбани средини, се наведува во денешното соопштение на Светската здравствена организација (СЗО) за 4 март – Светскиот ден на дебелината. – Физичката неактивност кај децата заради намалените можности за безбедни животни средини, кои промовираат активна игра и движење на децата, доведуваат до помалку…