Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Планот за раст на Западен Балкан е новата успешна приказна на ЕУ

0
By Ана Василевска on March 4, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ФЛЕШ ТРИ
Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 4, 2024 12:11

Осврнувајќи се на Планот за забрзан раст на земјите од Западен Балкан, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервју за Слободен печат истакна дека тој е најновата успешна приказна на ЕУ

„Планот за раст е најнова успешна приказна на ЕУ која што е промовирана во Скопје, минатиот ноември во формат министри за европски прашања и минстри за финансии од сите држави во регионот со високи претставници на ЕУ, директорот Копман и комесарот Вархеји. Она што ние инсистиравме е овој план да се спроведува брзо и конкретно. Со конкретни придобивки за граѓаните, да не даваме големи ветувања кои што ќе се случат којзнае кога туку да утврдиме неколку конкретни работи кои ќе се случат сега и што побрзо“ рече Маричиќ.

Тој наведе и неколку конкретни работи и придобивки што се договорени на состаноците.

„Прво е учеството на државите од Западен Балкан во т.н СЕПА, а тоа е единствената платежна зона на ЕУ, во која што по многу пониска цена се врши трговијата со стоки и услуги меѓу ЕУ и Западен Балкан, што значи помалку трошоци во платежниот систем и внесување на нашите економски оператори во платежниот систем на ЕУ.

Другата конкретна придобивка се зелените ленти за граничните премини за возила кои носат роба, или стоки од Западен Балкан, Ова го воведовме пробно во време на КОВИД кризата, само за дефицитарни производи, кои фалеа а беа неопходни и за лекарства. Сега ќе го воведеме за сите производи и овие 2 мерки треба да се случат до крајот на 24-та година.

Исто така би спомнал следна мерка ВИ – ФИ за ЗБ. Или Интернет за Западен Балкан според која што треба да се направи целиов регион многу подостапен односно интернетот многу подостапен за секој граѓанин. Овој проект, финансисран од ЕУ подразбира во 500 оптшини низ целиот регион да се направи бесплатен интернет за граѓаните од урбани и рурални средини со финансирање на ЕУ и тоа е добро и за развој на туризмот, подобра комуникација.Исто така мерката за пристап до европската мрежа за дигитални иновации каде што малите, средните претпријатија, јавните институции ги носи кон процес на дигитализација на сопствените услуги.

И последната мерка важна за нашата фармцевтска индустрија, внесување во системот за обезбедување на неопходни лекови. Критичен медицински систем го викаат, на ЕУ, и тоа е воведено во време на Ковид кризата. Целта на овие мерки е да се случат до крајот на оваа година и да можат да почнат да ги користат граѓаните на Западен Балкан“ посочи Маричиќ.

Бојан Маричиќ ЕУ Западен Балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.