Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Болничка соба, круг и две македонски политички парадигми

0
By Ана Василевска on March 4, 2024 КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, УДАРНО
Ненад Јовановиќ
Ненад Јовановиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 4, 2024 13:42

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ 

Кога човек ќе влезе во лични и здравствени интроспекции, сите патишта кои водат во Царството небесно се тесни и секоја врата кон таму е тесна, а некои врати се уште потесни, за разлика од овоземните врати на животот кои, иако тешко проодни, ама сепак, со мало наведнување, се поминуваат.

Го думам ова почитувани читатели, гледајќи ја својата кожа, избодена од канили како се собира и танчи како пелин, благодарение на заулавениот метаболизам, крвотокот, хормоните, надворешното и внатрешното лачење. Нам, луѓето, си реков потоа, животот ни поминува во лачење и излачување. Телото е нужна и неопходна соба, визба во која кирија се плаќа со живот – кога веќе размислуваш за телото. Во таквите соби или се преживува или се умира. Болничките соби се за големите маки на луѓето облечени во нивните распаднати пижами, наклукани со таблети, инфузии, начичкани со канили, закачени на крстот на клиничката Голгота – како што Христ го помина својот живот – долгите игли забодени во твоето тело за инфузија и уште потешките течности за „освежување“ (намерно не реков „мачење“).

Утешително во целата приказна е што има сестри и доктори кои си ја знаат својата работа; луѓе кои по цели денови се со болни луѓе, за разлика од оние надвор (кои лажно) се претставуваат дека се здрави. И кога човек се изложува на операција, не е тоа слабост, тоа е сила – „силата моја во слабоста се покажува“ велеше св. Августин. Сега, во овој момент, седам, релативно „здрав“, во локалното кафуле, и ги думам овие мисли само како би успеал да ја „породам“ денешната колумна. „Запишан си во регистрите на пациенти“ – допираат до мене непознати реченици или шумови од администрацијата на Клиниката. Но, доста беше за мојата лична сага и болнички искуства, одиме на полето на политиката.

Повторно во претседателска трка влегуваат Стево Пендаровски и Гордана Силјановска. И повторно работата и понатаму е во разумот и смиреноста, како за почеток. И разликата е – интелектуална, политичка, човечка – во разумот, не во мрмлањето, не во бладањето, туку во разумот, стабилноста и леснотијата на слободниот ум.

Токму во ваков момент, гледаш два човека (за разлика од останатите статисти кои мрштејќи се или кезејќи се, аплаудираат!), гајѓајќи се еден со друг за да го погодат пасивниот набљудувач. Овие две македонски политички парадигми ми изгледаат вака.

Силјановска брзо се вознемирува, мрмла, гледа тупаво и празно, со поглед кон чашата со вода, дава поенти од округло па на ќоше; не знае дали се наоѓа во Неготино или во Кичево. Од друга страна,  Пендаровски е, да речеме, во разумна офанзива, трча на средина на теренот забивајќи ѝ фини контранапади најчесто со одговорна и поентирачка завршница, ама се гледа дека го разочаруваат одговорите на спората и кутра жена; секој нормален човек што има барем вовед во македонската политика, го нервира беспоентирачките кратери на неговиот спаринг-партнер.

И така тера цела вечност, како што тоа бива со овдешните дискутантски надоградби, а сето е брзо заборавливо, или барем би требало да биде заборавливо ако не е така како што е: Силјановска не смееше по втор пат да oди во трка, а Стево Пендаровски мора да биде избран за втор претседателски мандат затоа што Македонија мора да влезе во водите на потполна Европска интеграција на земјава!

Ама бидејќи е вака како што е, ние гледаме еден жив и еден мртов дух. И тоа всушност не е далеку од вистината: овде се работи за силата на слободниот ум (и стилот, неизбежно!), и тоа ќе се памти во овој предизборен дуел, и тоа е она што ќе го трансцендира, ќе го исфрла на еден базичен начин кандидатот Пендаровски од кандидатката Силјановска во сегашноста.

Па така, слушајќи ги овие двајца со години, многу убаво гледаш дека пред тебе стојат две македонски парадигми, две можности: Стево Пендаровски беше возможен, остварен, а онаа лоша парадигма наречена Силјановска не смее да стане реалност, онаа која претходно беше олицетворение на таа котерија која го симболизира најлошото во нашето општество. Можеби таа жена и не симболизира ништо и никого, ама тие кои се залепени за неа, чисто како увертира во претстојната кланица, о, ѝ тоа како го претставуваат најлошото во нашето општество.

Осум години подоцна, работата и понатаму е во разумот, смиреноста, за почеток. И разликата е – интелектуална, политичка, човечка – во разумот, не во мрмлањето, не во бладањето, туку во разумот, стабилноста и леснотијата на слободниот ум.

Еве, гледате и сами, Силјановска се труди, ама не и оди, разумот не и прилега, нема никаква ведрина и леснотија во духот, нема никаков човечки шарм, па сиромавата ги собира раменците и превентивно се воздржува. А Пендаровско е сосема друг човечки материјал: стамен, орен, весел и со светол дух. Сето наспроти него е мало, неважно и во основа ништожно. Верувам дека разликата е повеќе од очигледна.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Здравствен систем
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.