Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
„Западот, Истокот и… Јас“ е најновото печатено гласило на руската пропагандна машинерија. Според најавата на самиот весник, се работи за двонеделен весник за ширење на антизападна, анти-ЕУ, анти-НАТО кампања. Дека се работи за весник кој има задача да шири дезинформации и пропаганда потврдуваат и од самиот весник. „Класифицирано во жанрот НАУЧНА ФАНТАСТИКА. Ќе ги следи настаните од земјата и светот, и поради настанатиот идиотизам кој го има зафатено целиот свет, невозможно е да се класифицира на некој друг начин… НАУЧНА ФАНТАСТИКА е затоа што толкувањата и анализите на светските збиднувања од страна на измислени ликови во научно фантастичните списанија не подлегнуваат…
Шефот на европската дипломатијата, Жозеп Борел, денеска изјави дека Унијата апелира до Русија да се врати на договорот за извоз на жито од Украина. „Одлуката на Русија да го суспендира своето учество во Црноморскиот договор (за житарици) ја става во опасност главната извозна рута на многу потребните жита и ѓубрива за решавање на глобалната криза со храна предизвикана од војната врз Украина. Апелираме до Русија да ја промени својата одлука“, напиша Борел на Твитер. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен исто така побара од Русија да се врати на договорот, кој Москва го суспендираше вчера, наведувајќи ги како причина нападите врз…
Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот ќе има мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 21 до 25 степени. Во Скопје сончево со слаб ветер од северен правец, кон крај на денот со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 24 степени. Продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, се чувствува подобро по нападот за кој беше потребна операција. Бајден им рече на новинарите дека се чини дека Ненси Пелоси е цел на нападот и ги повика политичките актери да го осудат политичкото насилство. Напаѓачот со чекан му го скршил черепот на Пелоси, а му ги повредил и десната рака и дланките, изјави портпаролот на претседателот на Претставничкиот дом. Тој беше успешно опериран, а лекарите очекуваат Пол целосно да закрепне. Мажот кој бил уапсен на местото на настанот бил идентификуван како Дејвид Пејп…
„Направивме историски исчекор, го потпишавме договорот со Фронтекс, првиот документ со Европската Унија на официјален македонски јазик, чист, без фусноти, без ѕвездички и додавки. Македонскиот јазик го идзигнавме на исто рамниште со сите јазици во Европската унија“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски вчера од граѓанската трибина во Крива Паланка Тој додаде дека за прв пат имаме договор кој што е одобрен од сите 27 членки, каде што сме ставиле потпис на договор на кој што стојат имињата и јазиците на сите земји членки на ЕУ. „Ама ако јас бев најсреќниот човек тој ден, Мицкоски не беше. Овие…
Најмалу 59 луѓе ги загубија животите и 150 се повредени денеска во стампедо во Сеул за време на прослава на Ноќта на вештерките, соопшти јужнокорејската противпожарна служба. Службата соопшти дека 140 амбулантни возила биле распоредени за да им помогнат на луѓето на местото на настанот. Агенцијата Јонхап објави дека околу 50 луѓе имале срцев удар во кварт во Сеул, каде неколку илјади луѓе ја прославувале Ноќта на вештерките. Медиуми објавија фотографии од луѓе кои лежат на улица додека спасувачките служби им помагаа, а полицијата ја сузбива толпата. Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ги повика болниците да бидат подготвени да примат пациенти.
Македонскиот и бугарскиот премиер Димитар Ковачевски и Галаб Донев, денеска одржаа билатерална средба каде фокусот на разговорот беше интензивирањето и унапредувањето на соработката помеѓу двете земји. https://www.youtube.com/watch?v=XmvAwZdrTwU&t=24s Двајцата премиери разговараа за повеќе актуелни теми, како и за фактот дека активностите како денешниот настан, почетокот на изградбата на железничкиот Коридор 8, ги потврдуваат заложбите на двете земји за напредок на меѓусебните односи. На билатералната средба помеѓу премиерите Ковачевски и Донев се говореше и за можностите за проширувањето на капацитетите на гасоводот и продлабочена соработка која ќе обезбеди справување со последиците од енергетската криза која го засега цел Европски континент.
Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов на граѓанската трибина под мотото „Силно и одлучно кон иднината“, во Кратово истакна дека СДСМ ги слуша граѓаните и ги следи нивните потреби и во време на најголема економска и енергетска криза СДСМ и премиерот Ковачевски имаат решенија за предизвиците и успешно менаџираат со кризата, соопштуваат од СДСМ. „Нашата визија, визијата на претседателот Ковачевски е економски силна и стабилна држава полноправна членка на ЕУ. Тоа е големата слика на која секојдневно работиме, да озбедиме сигурна и стабилна иднина за сегашните и идните генерации, за нашите деца да можат горди и со крената глава да ја…
Генерал-полковник Кирило Буданов, шеф на воената разузнавачка служба на Украина, верува оти украинската контраофанзива за повторно заземање на Херсон ќе заврши до крајот на следниот месец. „Русија во моментов се прегрупира во областа со околу 40.000 војници, вклучувајќи ги и најобучените и најспособните руски единици“, изјави тој за списанието „Воена зона“ (The War Zone). На прашањето дали Украина планира контраофанзива на Крим, припоен во 2014 година, Буданов рече дека тоа „ќе се случи следната година“. На прашањето кога ќе заврши војната, тој рече дека добра можност за завршување на војната ќе биде кога Украина ќе се врати на границите од…
Албанскиот премиер Еди Рама денеска при престојот во Пешкопеја се задржа на феноменот на масовното заминување на младите од Албанија. Рама рече дека размислувањето за напуштање на земјата за подобар живот е легитимно и дека сите земји ја поминале оваа фаза и дека сега на ред е Албанија. Сепак, Рама ги повика младите да не ги ризикуваат своите животи со одење во Велика Британија илегално со моторни чамци. Додаде дека Албанија ги нуди сите можности за развој, посочувајќи дека селото е добра можност за инвестирање. „Да се размислува за заминување е легитимно, да се користи морето за да се оди…
За време на собраниската седница за пратенички прашања на 27 октомври, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, поранешна неуспешна кандидатка за претседателската функција, проф. Гордана Силјановска-Давкова, постави прашања во врска со образованието. Таа, во своето излагање, освен што прилично „академски“ му се развика на премиерот Ковачевски, велејќи му дека „тресе глупости“ и да молчи, изнесе и една констатација која најмалку можеше да се очекува од неа. Пратеничката Силјановска-Давкова рече дека во универзитетите владее „опасна фамилијаризација, да не речам непотизам“. „Ќе се согласите дека фамилијарните односи не се добар амбиент за натпревар“ – рече таа и го цитираше Законот за високо образование според кој…
Европската унија замрзна повеќе од 17 милијарди евра руски имот како дел од пакетот санкции против Москва, изјави еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс. Досега е замрзнат имотот на 90 лица, повеќе од 17 милијарди евра во седум земји-членки, од кои 2,2 милијарди евра во Германија, изјави Белгиецот за германскиот медиумски концерн „Функе“. ЕУ усвои осум пакети санкции од почетокот на руската агресија врз Украина пред осум месеци. Поточно, украинските политичари постојано бараа замрзнатите средства да се употребат за обнова на земјата по завршување на војната. Ако ЕУ заплени пари од криминални активности, можно е да ги насочи кон фондот за…