Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(МОНИТОРИНГ) Проруски весник за ширење пропаганда, дезинформации и антиевропска кампања

0
By Ана Василевска on October 30, 2022 АНАЛИЗА, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 30, 2022 10:01

„Западот, Истокот и… Јас“ е најновото печатено гласило на руската пропагандна машинерија. Според најавата на самиот весник, се работи за двонеделен весник за ширење на антизападна, анти-ЕУ, анти-НАТО кампања.

Дека се работи за весник кој има задача да шири дезинформации и пропаганда потврдуваат и од самиот весник.

„Класифицирано во жанрот НАУЧНА ФАНТАСТИКА. Ќе ги следи настаните од земјата и светот, и поради настанатиот идиотизам кој го има зафатено целиот свет, невозможно е да се класифицира на некој друг начин… НАУЧНА ФАНТАСТИКА е затоа што толкувањата и анализите на светските збиднувања од страна на измислени ликови во научно фантастичните списанија не подлегнуваат на кривична одговорност за ширење дезинформации, клевети и навреди...“, се вели меѓу другото во најавата што ќе содржи весникот.

Весникот е со содржини на вистински ликови и настани (а не измислени ликови како што се наведува во најавата на весникот).

Првата вест во весникот е насловена „Кој е тој јунак што ќе го апси Путин?!! Покрај воздигнувањето на „ликот и делото“ на ликот од Кремљ, авторката на текстот шири дезинформации дека НАТО испорачало речиси половина од целокупното полесно наоружување што го има на Украина, а Русија ја води оваа (како што ја нарекуваа) „воена операција“ со околу 15 отсто од капацитетите.

Весникот има 16 страници, и речиси нема информации за војната во Украина. Она што весникот го пласира како пропаганда е дека, всушност, Путин (Русија) води специјална војна со западните сили, ЕУ, НАТО, САД, преку „воена операција во Украина“.

Пропагандата продолжува со тоа дека руската војска е прикажана како најмоќна и најсилна на свет, додека војската на САД е прикажана како од цртан филм од Диздиленд.

Нема да ги анализираме останатите текстови кои се во весникот бидејќи сите текстови се со пропагандна содржина. Пропагандните текстови се напишани на начин како авторката да се обраќа на деца од второ одделение, односно се напишани на јазик со кој може лесно да се манипулира и пере мозокот на граѓаните.

Руската пропагандна машинерија се обидува да влезе во сите домови и да се обрати на сите целни групи. Пред да почне да се издава весникот, кој инаку чини 45 денари, пропагандата и дезинформациите се шират и преку интернет портал кој нема импресум, нема кој раководи со порталот и нема податоци кој е сопственикот на тој портал (името на порталот и содржините се архивирани од Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, нема потреба да му се дава медиумски простор со овој извештај).

Кога започна воената инвазија на руската војска врз Украина, нашата држава веднаш ги забрани руските пропагандни медиуми Раша Тудеј и Спутник. Меѓутоа, дали ќе дозволи ширење на руска пропаганда, антизападна, анти-ЕУ, анти-НАТО кампања и дезинформации преку македонски весник кој чини 45 денари, останува отворено прашање.

Извор: Мониторинг тим на ЦИВИЛ

Војна во Украина дезинформации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.