Шефот на европската дипломатијата, Жозеп Борел, денеска изјави дека Унијата апелира до Русија да се врати на договорот за извоз на жито од Украина.

„Одлуката на Русија да го суспендира своето учество во Црноморскиот договор (за житарици) ја става во опасност главната извозна рута на многу потребните жита и ѓубрива за решавање на глобалната криза со храна предизвикана од војната врз Украина. Апелираме до Русија да ја промени својата одлука“, напиша Борел на Твитер.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен исто така побара од Русија да се врати на договорот, кој Москва го суспендираше вчера, наведувајќи ги како причина нападите врз руските бродови од Црноморската флота.