Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Европската комисија ја усвои препораката на Советот на ЕУ да го одобри отворањето на преговорите за подобрени договори за статусот на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража со четири земји од Западен Балкан, како и нов пакет помош од 39,2 милиони евра за зајакнување на управувањето со границите во регионот, соопшти дописникот на МИА од Белград. -Одобрувањето се однесува на границите меѓу ЕУ и Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а во рамките на тоа е и пакетот помош од 39,2 милиони евра во рамки на Инструментот за претпристапна помош за зајакнување на граничното управување на Западен…
Кога би се барал слоган за ЕПЗ, „Подобро нешто одошто ништо“ сосема солидно би завршил работа на Западен Балкан. Воја Жанетиќ Пред да започнеме со разгледување на прашањето во врска со Европската политичка заедница, кое е тема на денешниот број на „Опкружување“, би сакал да изложам едно лично искуство околу купувањето автомобил. Има врска, ќе се покаже. Значи, при една купохоличарска посета на автомобилски салон, седнав во модел кој ми се чинеше и прифатлив и пристапен. Но, и седнувањето и седењето одеа доста тешко, бидејќи воланот немилосрдно ме удираше во колената. „Може ли ова некако да се подигне?“ – со…
Директорот на Канцеларијата за Косово при владата на Србија, Петар Петковиќ допатува денеска во Косово, откако во минатото косовските власти десет пати му го одбија барањето за влез во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Петковиќ денеска и утре ќе престојува во северно Косово, во средините со мнозинско етничко српско население. Претпладнево тој го посети Пасјане, село во кое што живеат околу 3.000 Срби, каде што во месната црква учествуваше на литургија по повод православниот празник Првомаченица Света Босилка, по што замина во селото Горно Кусце, каде што присуствува на сечењето торта по повод истиот празник. Утре Петковиќ ќе престојува…
Претставници на граѓанските организации денеска имаа за средбата со Мануел Сарацин, специјалниот пратеник на Сојузната Влада за земјите од Западен Балкан и амбасадорката на Република Германија во Северна Македонија, Анке Холштајн. На средбата се дискутирало за процесот на ЕУ интеграцијата, Берлинскиот процес и актуелни општествено политички состојби и процеси.
Хрватската Канцеларија за сузбивање корупција и организиран криминал (УСКОК) денеска поднесе обвиненија против четворица поранешни министри во кабинетот на Андреј Пленковиќ – Дарко Хорват, Борис Милошевиќ, Томислав Толушиќ и Јосип Аладровиќ, како и четворица други осомничени во две гранки на истрагата, покрената поради наводни незаконитости при доделувањето стимулативни мерки. Хрватските меидуми потенцираат дека никогаш во историјата на таа држава во едно обвинение не биле опфатени четворица поранешни министри. Иако сега сите четворица веќе ја напуштија функцијата, во моментот на покренување на истрагата против нив, во февруари годинава, во актуелната влада седеа тројца од нив: Дарко Хорват, Борис Милошевиќ и Јосип…
Од четврток до крајот на наделава Корча ќе пулсира во духот на македонската култура. Имено, во организација на македонската Амбасада и Културно-информативниот центар во Тирана ќе бидат организирани „Денови на македонската култура“. Манифестацијата е составена од повеќе настани од областа на културата, образованието и бизнисот, што ќе се реализираат на повеќе места во градот. Во просториите на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Фан Ноли“, проф. Виолета Јанушева за првпат пред студентите ќе го претстави курикулумот за предавања на курсевите по македонски јазик, а деканите на Падагошкиот и на Филолошкиот факултет ќе имаат работна средба во рамките на воспоставената соработка на универзитетите од Битола и од Корча. Во делот на културно-музичкото претставување се…
Претседателот на хрватскиот Сабор Гордан Јандроковиќ и претседателот на украинската Врховна Рада Руслан Стефанчук денеска во Загреб го отворија првиот парламентарен самит на Кримската платформа со порака дека не треба да се запре во давањето помош за Украина. „Ќе испратиме силна порака за единство, солидарност и поддршка на Украина во екот на руската агресија, рече Јандроковиќ, додавајќи дека меѓународната заедница, ЕУ и НАТО брзо „одговорија на антицивилизацискиот потег на Путин“ на обединет и солидарен начин по руската инвазија. Кримската платформа е иницирана од украинскиот претседател Володимир Зеленски пред почетокот на руската агресија во летото 2021 година, со цел да се…
Во Грција се потврдени вкупно 15 случаи на подваријантите BQ.1 и BQ.1.1 на сојот омикрон, за кои Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) очекува до средината на ноември и почетокот на декември да станат доминантни кај повеќе од половината потврдени случаи, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за подваријанти на варијантата ΒΑ.5 на мутацијата Омикрон, а во Грција, според податоците од Националната организација за јавно здравје, во периодот од 1 септември до 18 октомври биле потврдени десет случаи на BQ.1 и пет на BQ.1.1. Од Европскиот центар за превенција и контрола на болести во петокот…
На повеќе локации во Битола, Ресен и во Скопје, турската продуцентска куќа „Линистар Медиа“, во соработка со македонската прудецентска куќа „Сектор филм“ снимаат телевизиска серија „Ататурк“ посветена на турскиот револуционер и реформатор Мустафа Кемал Ататурк. Актерите и тимовите на продуцентските куќи кои снимаат во централното подрачје и старата битолска чаршија, ги посети градоначалникот Тони Коњановски кој од режисерот Мехмед Ада Оѕтекин, беше информиран за текот и динамиката на снимање која се очекува да заврши за десеттина денови. Во телевизиската серија посветена на Мустафа Кемал Ататурк, главната улога ја толкува Арас Булут Ијнемли, турски актер кој македонската јавност го памети од улогите во турските серии „Сулејман Величествениот“, „Јама“, „Како минува времето“ и други. Како што е познато Мустафа Кемал Ататурк во Битола се школувал во периодот од 1896 до 1898 година, бил истакнат…
Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Лажниот баланс и „неутралноста“ водат кон апатија и заблудененост на општеството. Тоа е просторот каде што, наместо да се откриваат фактите, се вгнездуваат идеите за популизам и авторитарно владеење. Како тоа? Едноставно, затоа што лажниот баланс што се промовира во јавноста предвидува подеднакво (најчесто некритичко) отстапување на дел од медиумскиот подиум за ултра-десничарскиот популизам и руската пропаганда.
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска во Скопје доаѓа со две добри вести за Македонија.Првата се однесува на финансиски пакет вреден 50 тина милиони евра со кои треба да им се помогне на граѓаните, стопанството и јавните институции полесно да го претрпат ударот кој го носи енергетската криза. ЕК неодамна одлучи на Западниот Балкан да му додели 500 милини евра со кој ќе им се помогне на овој регион да го ублажи социо-економскиот удар од енергетската криза. Точната сума на пари која ќе и биде дадена на нашата земја од овој пакет тежок половина милијарда евра се уште…
„Иницијативата Отворен Балкан има политичка основа и насока, а тоа е ЕУ. Политичката цел на Отворен Балкан е сите земји од Западен Балкан да станат членки на ЕУ. Нема друга идеја, визија или цел“, изјави Марјан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан во Владата на Северна Македонија на конференцијата „Регионални иницијативи на Западен Балкан – шанси и заблуди“, организиран од Центарот за граѓанско образование од Подгорица во Црна Гора. Тој додаде дека иницијативата Отворен Балкан е комплиментарна со Берлинскиот процес и процесот на интеграција во ЕУ, бидејќи е иницијатива која ги промовира европските слободи. „Отворен Балкан има опипливи резултати, препознаени…