Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Воја Жанетиќ: Основен пакет и огромен ќилим

0
By Ана Василевска on October 26, 2022 ВЕСТИ, КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 26, 2022 14:13

Кога би се барал слоган за ЕПЗ, „Подобро нешто одошто ништо“ сосема солидно би завршил работа на Западен Балкан.

Воја Жанетиќ

Пред да започнеме со разгледување на прашањето во врска со Европската политичка заедница, кое е тема на денешниот број на „Опкружување“, би сакал да изложам едно лично искуство околу купувањето автомобил. Има врска, ќе се покаже.

Значи, при една купохоличарска посета на автомобилски салон, седнав во модел кој ми се чинеше и прифатлив и пристапен. Но, и седнувањето и седењето одеа доста тешко, бидејќи воланот немилосрдно ме удираше во колената.

„Може ли ова некако да се подигне?“ – со болка ја прашав љубезната продавачка на нови модели на автомобили.

„Не, господине. Подигнувањето на воланот не е предвидено во основниот пакет.“

„А може ли да се спушти седиштето?“ – внимателно давав сигнали дека многу тешко ќе излезам од автомобилот, чиј волан не дозволуваше да ги поместам нозете можеби никогаш повеќе.

„За жал, не. И за тоа е потребна доплата на основниот пакет.“

Погодувате, автомобилот не е купен, во ниеден пакет. Да, излегов од него, уште ми се отечени колената, да ми простите.

Случаите на „основни модели“ не се нови во хумористичната литература. Арт Бакволд, дамнешен и прекрасен американски сатиричар, објасни во една своја приказна дека базенот пред куќата, во основниот пакет, подразбира ископана дупка со неправилен облик, а за сѐ останато мора да се доплати. Од сѐ е најскапа штицата за скокање. Но, за да разберете зошто, треба да ја прочитате приказната, не е во ред да ја расипувам поентата. А би требало да кажеме нешто и за Европската политичка заедница. Во понатамошниот текст, ЕПЗ.

Значи, ЕПЗ, според досега изнесените примери, би можела да биде лаички сфатена како Европска унија во својот „основен пакет“. А тоа значи дека земјите членки на ЕПЗ се наоѓаат во нешто што, како што се обидуваат да објаснат медиумите, „не претставува институционализиран орган кој би имал секретаријат или свои претставници, туку платформа за дијалог“.

Во таа смисла, па сега која и да е смисла во прашање, Европската унија истакна дека таа не е организатор на првиот собир на ЕПЗ во Прага, туку дека е само „фасилитатор“. Овој последен збор, веројатно, би требало да означува организација, но во основниот пакет. Кој да знае веќе.

Основнопакетското сфаќање на ЕПЗ овозможува и да разбереме дека оние кои пристапуваат кон ЕПЗ не се обврзани да го прават она поради што (повеќе или сѐ уште) не се членки на Европската унија, но дека, сепак, на извесен начин, се вклучени во Европа. Турција, Украина, Велика Британија, ако има уште некој, плус ова малку (Западен) Балкан: сите оние кои имаат географска можност да се сметаат Европа (освен, во моментов, разбирливо, Русија и Белорусија), ќе можат да бидат прашани за мислење околу некои прашања што се важни за таа Европа. Финансиските прашања околу буџетот на ЕУ, прашањата за законската усогласеност и уште некои други, секако, нема да бидат поставувани.

Колку што можеме да разбереме од тоа малку, јасно и јавно дефинирано, кога би се барал слоган за ЕПЗ, „Подобро нешто одошто ништо“ сосема солидно би завршил работа на Западен Балкан. Затоа што, во онаа класична смисла, ЕПЗ не е проширено предворје за оние кои сакаат приклучување кон ЕУ, а кое би послужило да бидат некаде ДОДЕКА чекаат. Не, станува збор за „платформско“ место кое на земјите кандидати за пристап кон ЕУ им овозможува контакт со ЕУ – КОГА ВЕЌЕ чекаат. Не е дека нема разлика, и не дека е мала. И не дека не е малку подобро. Разликата меѓу нешто и ништо Западен Балкан ќе ја утврдува двапати годишно, колку што е предвидено да се состанува ЕПЗ.

И за крај: она што остави најсилен визуелен впечаток од Прашкиот состанок беше огромниот црвен ќилим, преку кој долго газеше речиси бескрајната лента европски функционери. И првото нешто што, по тој повод, можеби може да му падне на памет на набљудувачот, е потребата од тој ќилим добро да се истресе правта, кога Европа ќе замине од него.

За таа европска повеќедецениска прав, некој следен пат.

Извор: Окружење

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.