Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Хрватска се одржува Самит на Кримската платформа

0
By Ана Василевска on October 26, 2022 ВОЈНА ВО УКРАИНА, РЕГИОН, СВЕТ
Гордан Јандроковиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 26, 2022 11:50

Претседателот на хрватскиот Сабор Гордан Јандроковиќ и претседателот на украинската Врховна Рада Руслан Стефанчук денеска во Загреб го отворија првиот парламентарен самит на Кримската платформа со порака дека не треба да се запре во давањето помош за Украина.

„Ќе испратиме силна порака за единство, солидарност и поддршка на Украина во екот на руската агресија, рече Јандроковиќ, додавајќи дека меѓународната заедница, ЕУ и НАТО брзо „одговорија на антицивилизацискиот потег на Путин“ на обединет и солидарен начин по руската инвазија.

Кримската платформа е иницирана од украинскиот претседател Володимир Зеленски пред почетокот на руската агресија во летото 2021 година, со цел да се отфрли митот дека Крим и припаѓа на Русија и да ги обедини земјите кои се залагаат за реинтеграција на полуостровот во Украина. Платформата се занимава и со голем број поврзани прашања, како што се почитувањето на човековите права, заштитата на кримските Татари, слободата на навигација, заштитата на животната средина, но по руската агресија, платформата доби ново значење и фокусот се прошири на други делови од Украина, кои Русија ги присвои спротивно на меѓународното право.

Во август 2021 година, во Киев се одржа инаугуративниот самит на Кримската платформа, која го координира меѓународниот одговор на анексијата на Крим и другите безбедносни предизвици.

Самитот се одржа и оваа година во август, во виртуелна форма, и обата собири беа на ниво на претседатели на држави или влади. Со денешната средба во Загреб се воспоставува парламентарна  димензија на Кримската платформа.

„Продолжувањето на руската агресија ѝ даде нов моментум на оваа платформа (…) Конечната цел е јасна, Русија да ја напушти територијата што не и припаѓа, нагласи претседателот на Саборот. – Духот на украинскиот народ ме потсети на духот на хрватскиот народ од пред триесет години. И ние ја соочивме нашата гордост, патриотизам и храброст со воено супериорен агресор“, рече Јандроковиќ.

Тој додаде дека „на таа воена кампања и претходела темелна подготовка на лажни наративи и манипулација со информации од страна на големосрпскиот агресор“ и дека Хрватска со своето воено искуство и стои на располагање на Украина на сите други начини.

Тој ги повика земјите да донесат јасна одлука и да застанат на украинската страна.

„Длабоко сме свесни за разликата меѓу агресорот и жртвата. Никој не треба да има дилеми на која страна од овој конфликт да застане. Да не се колебаме во помагањето на Украина на патот кон нејзината победа“, нагласи Јандроковиќ.

Стефанчук, од своја страна, рече дека е убеден дека денешната средба „ќе биде продуктивна и плодна“ и се заблагодари на Хрватска за коорганизацијата на самитот бидејќи не е можно да се одржи во Киев поради „дневните агресивни напади врз Украина“.

„Иницијативата на украинскиот претседател Володимир Зеленски стана широко прифатена и се шири географски. Нашата цел е јасна, враќање на Крим под украинскиот интегритет“, потенцираше Стефанчук.

Тој е убеден дека „во блиска иднина ќе се оствари сонот за Украина – победа и мир“, нагласи претседателот на украинскиот парламент.

Во Загреб има 42 делегации од 32 земји. Пет држави се претставени од претседателите на двата дома на парламентот: Белгија, Чешка, Ирска, Полска и Романија. Единаесет земји ќе учествуваат преку видео порака, меѓу кои Франција, Унгарија, Јапонија и Канада.

Во Загреб има и претставници на пет парламентарни собранија на меѓународни организации – Европскиот парламент, ПС на Советот на Европа, ПС на ОБСЕ, Интерпарламентарната унија и ПС на НАТО.

На собирот преку видео-врска ќе се обрати и украинскиот претседател Зеленски, а сè очекува да заврши со усвојување заедничка изјава во која ќе се осуди кршењето на човековите права на Крим од страна на руските окупатори и ќе се предложи заострување на санкциите против Русија и формирање меѓународен суд за осуда на руските воени злосторства и кршење на човековите права.

Загреб Кримска платформа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.