Author: Ана Василевска

Судијката по пинг-понг Ангелина Иванова е прва Македонка која лиценца “International Referee” од Меѓународната пингпонгарска Федерација – ITTF. „Иванова е една од најмладите судии на светската листа. Таа долги години се занимава со пинг-понг како играч, судија и организатор на пингпонгарски натпревари. Поседува лиценца за меѓународен судија од 2016 година и има судено на повеќе од 20 меѓународни натпревари меѓу кои и Европски и Светски првенства. По успешните настапи на овие првенства, а по препорака на оценувачите на судии од ITTF и со поддршка на Пингпогарската федерација на С. Македонија, Ангелина учествуваше на школата за Врховни судии “International Referee school”…

Read More

Руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“ тврди дека САД практично ја блокирале Русија да присуствува на конференцијата за нуклеарна енергија во Вашингтон, со тоа што не им дале влезни визи. Росатом и руската организација за индустриска безбедност, Ростехнадзор, планираа да присуствуваат на министерската конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Вашингтон на 26 и 28 октомври, соопшти Росатом, но тие сè уште не добиле визи. – Сметаме дека ова е израз на непочитување од страна на САД кон МААЕ, соопшти руската страна. – Во согласност со Договорот помеѓу МААЕ и државата домаќин на настан под покровителство на Агенцијата, земјата е должна да им обезбеди на претставниците на земјите-членки на…

Read More

Марихуаната повеќе не е тема само за новинарите кои следат организиран криминал и злоупотреба на наркотици. За тоа сега се зборува како за потрошувачки производи. Улогата на насловот е да ве шокира. Затоа е така напишан. Да се известува само за  штетноста не е добро, бидејќи тоа е само дел од приказната односно се дава  простор само на едената страна. За да може јавноста да креира ставови што се темелат на информации кои ги разбираат, новинарите/ките мораат да известуваат за следново: истражување; законските регулативи; лиценци и услови за добивање на истите; мрежите за профит доколку дојде до легализација. Судејќи според…

Read More

Украинскиот премиер Денис Шмигал предупреди на „ново мигрантско цунами“ доколку Русија продолжи со нападите врз цивилната инфраструктура на неговата земја. Шмигал, кој в понеделник треба да учествува на германско-украинскиот економски форум во Берлин, ја обвини Москва дека сака да предизвика „хуманитарна катастрофа во Украина“, се вели во делови од неговото интервју за неделното издание на германскиот весник Фракфутер Алгемајне Цајтунг чии делови беа испратени до медиумите пред објавувањето. „Ако нема струја или вода во Украина, тоа може да предизвика ново мигрантско цунами“, рече тој. Тој предупреди дека Русија сака да приреди на Украина студена зима во која луѓето буквално би…

Read More

Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот, поради официјална посета на претседателката на Домот на пратеници на Парламентот на Чешката Република, Маркета Пекарова Адамова. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. 

Read More

Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана, Словенија, излезе со опширна анализа за политичките превирања во Црна Гора, во пресрет на локалните избори што ќе се одржат утре, 23 октомври 2022 година. Локалните избори во Црна Гора требаше да се одржат во текот на пролетта и летото, но на барање на тогашното владејачко мнозинство во Парламентот на Црна Гора, тие беа одложени до есента 2022 година. Во Црна Гора ќе се одржат локални избори во 14 единици на локалната самоуправа, вклучувајќи го и главниот град Подгорица, каде живее речиси една третина (околу 190.000) од населението на западнобалканската земја. Локалните…

Read More

Почна изборниот молк во пресрет на локалните избори во Црна Гора, а освен граѓаните на Подгорица, локалната власт ќе ја изберат и граѓаните на Бијело Поље, Бар, Будва, Даниловград, Жабљак, Зета, Колашин, Пљевља, Плав, Плужине, Рожај, Тиват и Шавник. Локалните избори се одржуваат во време кога Уставниот суд е блокиран, владата е во технички мандат, а во процедура е и иницијативата за разрешување на Мило Ѓукановиќ од функцијата претседател на Црна Гора, откако тој одби да даде мандат за составот на собранието од август 2020 година на предлог на парламентарното мнозинство на новата Влада. Изборите во Подгорица и уште 13…

Read More

Италијанската политичарка од крајната десница Џорџа Мелони положи заклетва како нов премиер на Италија, со што стана првата жена во историјата на земјата што ќе ја извршува таа функција. Мелони го предводеше сојузот на конзервативните партии кои победија на парламентарните избори одржани на 25 септември. Таа вчера ги заврши консултациите со италијанскиот претседател Серџо Матарела во претседателската палата. Пратениците следната недела ќе гласаат за доверба на новата влада во двата дома на Парламентот.

Read More

Балтичките земји побараа формирање специјален суд за злосторства за време на инвазијата што Русија ја започна на крајот на февруари.  Европската унија планира да обезбедува помош од 1,5 милијарди евра месечно за Украина во 2023 година за поддршка на таа земја во војната, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по самитот на ЕУ. Таа на прес-конференција рече дека тоа ќе биде „предвидлив, стабилен и сигурен прилив на приходи“ и додаде дека министрите за финансии на ЕУ се задолжени да развијат соодветен механизам за давање пари на Украина. На самитот, кој меѓу другото се занимаваше и со…

Read More

Насловните страници на највлијателните медиуми во Обединетите Арапски Емирати, како и значителен дел од ударните вести на телевизиските станици во Абу Даби, синоќа беа преплавени со веста за посетата на премиерот Димитар Ковачевски. Ова силно медиумско внимание на посетата на премиерот во Абу Даби се должи на продуктивните средби што беа остварени со македонската делегација а претставуваат позитивен сигнал за идните инвестициски можности и економски бенефит од соработката меѓу државите.

Read More

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, во објава на Фејсбук, вели дека неговата визија за Струмица, е градот да има целосно електричен јавен превоз. „Да се има визија за Струмица, значи да се размислува долгорочно, да се овозможуваат услови за подобар живот на граѓаните. Во оваа криза сметам дека повеќе од потребно и е на Струмица јавен превоз, кој ќе биде еколошки и во согласност со долгорочната стратегија на ЕУ, европскиот зелен договор. Мојата визија за Струмица е да бидеме првиот град во државата со целосно електричен јавен превоз, кој ќе овозможи движење на граѓаните од населените места за значително помали цени,…

Read More

Како претставник на ЦИВИЛ – Центар за слобода и дел од луѓето што ја формираа организациската единица Зелен Цивил, чест ми е да кажам неколку збора за една нова публикација. Се работи за публикацијата „Зелена читанка“ објавена на 21 октомври 2022. Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Врз основа на искуството на Зелен ЦИВИЛ во комуникацијата со граѓанките и граѓаните, политичките и претставниците на граѓанските организации, како и од мониторингот на медиумите, изборните и политичките процеси, може со сигурност да се извлече заклучокот дека недостига основно разбирање и знаење за тоа што значат зелените вредности. Едноставно, луѓето немаат доволно информации за идеите, политиките…

Read More