Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Зелена читанка“ за оние што се грижат за иднината на светот

0
By Ана Василевска on October 21, 2022 ВЕСТИ, КОЛУМНА
Џабир Дерала
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 21, 2022 12:45

Како претставник на ЦИВИЛ – Центар за слобода и дел од луѓето што ја формираа организациската единица Зелен Цивил, чест ми е да кажам неколку збора за една нова публикација. Се работи за публикацијата „Зелена читанка“ објавена на 21 октомври 2022.

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Врз основа на искуството на Зелен ЦИВИЛ во комуникацијата со граѓанките и граѓаните, политичките и претставниците на граѓанските организации, како и од мониторингот на медиумите, изборните и политичките процеси, може со сигурност да се извлече заклучокот дека недостига основно разбирање и знаење за тоа што значат зелените вредности.

Едноставно, луѓето немаат доволно информации за идеите, политиките и практиките во врска со зелените прашања и зелените вредности. Тие обично го ограничуваат нивното разбирање и дискусии за комунални прашања, како што е менаџирањето со отпадот или, во најдобар случај, загадувањето на воздухот.

Носителите на одлуки, засегнатите страни и јавноста имаат потреба од основни информации и знаења, со цел да ги канализираат своите постапки, врз основа на релевантни информации и факти. Исто така, недостига специјализиран медиумски простор за вести и мислења за зелените вредности во земјата, особено во однос на поврзаноста помеѓу прашањата за човековите права и другите области за тоа што претставуваат зелените прашања и зелените вредности.

Тој недостиг го надополнува ЦИВИЛ, барем делумно, со веб страницата на македонски, албански и англиски – WWW.GREENCIVIL.MK.

Дури и со најдобри намери, носителите на одлуки би можеле да направат сериозни грешки во практикувањето на моќта на локално и централно ниво, особено во доменот на зелените прашања. Ова ги вклучува и очигледните недоразбирања за тоа што зелените прашања и зелените вредности, всушност, значат и што сè инкорпорираат во нивните дефиниции.

Забележливо е дека дел од проблематичните одлуки на централно и локално ниво се должат отсуство на вистинско разбирање на одржливоста и меѓусебната поврзаност со другите релевантни сфери на социо-политичкото дејствување во општеството. Повеќе од итна е потребата да се разбере меѓусебната поврзаност, односно неделивост на областите како што се социјалната и еколошката правда, антинационализмот, владеењето на правото, родова еднаквост и антидискриминација.

Тие и не само тие се интегрален дел од зелените политики. А тие вредности може да се негуваат и практикуваат единствено во нивната целовитост и неразделивост.

ПС.

Зелената читанка во издание на ЦИВИЛ, со поддршка од Фондацијата Хајнрих Бел е обид да се придонесе кон подобро разбирање на зелените прашања и зелените вредности. Повеќе информации и линкови можете да најдете во соопштението што моите колешки и колеги го доставија до медиумите. Пријатно „зелено“ читање!

Извор: Цивил медиа

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.