Судијката по пинг-понг Ангелина Иванова е прва Македонка која лиценца “International Referee” од Меѓународната пингпонгарска Федерација – ITTF.

„Иванова е една од најмладите судии на светската листа. Таа долги години се занимава со пинг-понг како играч, судија и организатор на пингпонгарски натпревари. Поседува лиценца за меѓународен судија од 2016 година и има судено на повеќе од 20 меѓународни натпревари меѓу кои и Европски и Светски првенства. По успешните настапи на овие првенства, а по препорака на оценувачите на судии од ITTF и со поддршка на Пингпогарската федерација на С. Македонија, Ангелина учествуваше на школата за Врховни судии “International Referee school” во Хелсинки, Финска од 13ти до 16ти октомври каде успешно ги помина сите тестови и вежби и официјално се здоби со лиценцата “International Referee”, соопштија од ППФСМ.

Со оваа лиценца Ангелина ќе може да води меѓународни натпревари од највисок калибар како европски, светски и отворени меѓународни турнири, а веќе од 2023 година се очекува да учествува на повеќе врвни турнири во Балканот како и престижниот втор по ред„ WTT Youth Star Contender“ турнир кој ќе се одржи во Скопје на почеток на септември 2023 година.