Author: Ана Василевска

Владата денеска ќе одржи седница, на која, како што е најавено ќе носи одлуки врзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои разрешување на целото раководство и ревизија за досегашното работење, откако во минатата недела осум лица, меѓу кои и Беким Незири, поранешен министер, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранок на ДУИ, упаднаа во канцелариите на македонска навигација на аеродромот во Скопје. – На иницијатива на премиерот Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а согласно состојбите во М-НАВ, на следната седница на Владата, закажана за вторник,…

Read More

Опозициските политичари во Италија во понеделникот побараа владата, на чело со екстремно десничарската премиерка Џорџија Мелони, да објасни како дојде до тоа стотици демонстранти да салутираат со забранетиот фашистички поздрав на митингот во Рим, без никаква полициска интервенција, објави американската мрежа Еј-би-си. Собирот во неделата вечерта, во еден работнички кварт во главниот италијански град, беше во знак на комеморација за убиството на двајца членови на неофашистичка младинска група во 1978 година. На митингот, стотици учесници ја подигнаа десната рака со фашистичкиот поздрав како во времето на фашистичката диктатура на Бенито Мусолини. Помпезен и дијаболичен диктатор: Бенито Мусолини, 1939 Според…

Read More

Претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски денеска беше повикан во Делегацијата на Европската унија во Скопје по последните случувања во М-НАВ. Тасевски во изјава за медиумите дадена по средбата рече дека Делегацијата на ЕУ и амбасадите ревносно ги следат сите случувања и дека биле запознати со целата ситуација. – Тие беа премногу запознати со целата ситуација, ги разбраа нашите барања за професионализам. Дефинтивно имавме разбирање од институции кои функционираат онака како што сакаме и ние да функционираме. Ни дадоа поддршка за сите дејствија што ни стојат на располагање. Жално е што ова одекна насекаде, рече Тасевски.…

Read More

Со средби на претставници на Европската комисија и на белгиската Влада попладнево во Брисел ќе се одржи официјална инаугурација на претседавањето на Белгија со Советот на Европската Унија, објави МИА.

Read More

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА Според таа истата логика партиски војници од сите политички ориентации негуваат чиста амбиција – да се позиционираат некаде во државна фирма. Ова стадо на “бели“ овци притоа воопшто нема капацитет да ја погледне личната квалификација или способност за извршување на функцијата. И да има пилот во авионот, џабе ако екипажот е симулација. Последните случувања со М-НАВ колку и да ни изгледаат страшни и во прилог на уште еден пример на распаднатиот систем, всушност се зрак надеж дека нештата почнуваат да се менуваат. Уште еден таков светол пример е правдата истерана од Весна Дамева и нејзиното враќање на…

Read More

Најновата западна поддршка за борбата на Украина против руските агресори се состои од  пакет воена помош од Германијакој кој вклучува ракети за противвоздушна одбрана, борбени возила на пешадија, радари, камиони и друга опрема, какои и два Ф – 16 кои Белгија ги испраќа во Данска за обука на украински пилоти. Списокот на воена поддршка беше ажуриран на веб-страницата на германската федерална влада на 4 јануари. Конкретно, Германија и достави на Украина систем за противвоздушна одбрана Skynex со муниција, проектили за системот за воздушна одбрана IRIS-T SLM, муниција за тенкови Leopard 2 A6 и речиси 10.000 парчиња артилериска муниција од 155 милиметри. Пакетот вклучува…

Read More

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ Во оваа прилика сакам да изразам благодарност до Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и нивните пајташи што ни ја упропастуваат шансата да пропаткаме кон семејството на земјите од ЕУ. Благодарност и до нашите извикани ЕУ-експерти што хистерично и од чиста суета со осудата на најавените уставни измени фактички ги поддржаа небулозните тези диктирани од белата палата. Исто така благодарност и до невладините организации финансирани со пари од Европската унија што силно се залагаа за неносењето на уставните измени и попречувањето на патот на Македонија во ЕУ. Нереакцијата на овој феномен на претставниците од ЕУ во Македонија и на амбасадите што ги…

Read More

Во албанските медиуми преовладуваат вестите за тивкото известување од албанското специјално обвинителство дека актуелниот албански премиер Еди Рама е под истрага за случајот Мекгонигал, како и скорешниот извештај на американскиот Конгрес  во кој се наведува дека во периодот од 2017 до 2020 година, Рама и  неговите советници и поранешниот министер за инфраструктура, Дамијан Ѓикнури потрошиле е околу 6 илјади американски долари во хотелот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон. Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми за денешното издание на АЛ-Прес. АЛБАНИЈА Сури: Според СПАК, Еди Рама е под истрага…

Read More

Од Јавното обвинтелство информираат дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот во кој вчера беа нападнати вработени во Контролата на летање. -Основното јавно обвинителство Скопје во текот на денот очекува кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, а за натамошната постапка соодветно ќе ја информира јавноста, велат од прес-службата на ЈО. Од Министерството за внатрешни работи доцна синоќа информираа дека со четири инволвирани лица во нападот врз вработени во М-НАВ се вршат службени разговори и оти во координација со Основното јавно обвинителство ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Се преземаат мерки, како што информираа, за пронаоѓање на уште четири лица, …

Read More

Лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис побарал од претседателот на пратеничка група Сократис Фамелос, штом се отвори Парламентот, одново да биде доставен нивниот предлог-закон за истополовите бракови, јави дописничката на МИА од Атина. Каселакис на социјалните мрежи утрово објави дека од Фамелос побарал доставување на законот, бидејќи како што напиша, „по вчерашната одлука на премиерот да го одложи неговиот предлог-закон“, ова е неговата единствена опција. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, синоќа, по заклетвата на новите министри, во разговор со новинарите за тоа кога ќе биде доставен законот за еднополовите бракови рекол дека прво треба да објаснат што планираат, а потоа ќе говорат…

Read More

Шест месеци пред изборите во ЕУ, анкетите предвидуваат силни резултати за двете најдесни  групи во Европскиот парламент. Но, постојат бариери за обединување на екстремно десничарските партии – имено, нивните идеолошки разлики за прашања од војната во Украина, до миграцијата, па дури и за европската интеграција. Декемвриските анкети на агрегаторот Europe Elects сугерираат дека, доколку се комбинираат, екстремно десничарската група „Идентитет и демократија“ (ИД) и евроскептичните Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) би можеле да соберат доволно поддршка за да одговараат на големината на централнодесничарската Европска народна партија – моментално најголемата парламентарна група. Но, анкетата, исто така, предвидува дека неформалната коалиција меѓу…

Read More

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го увери украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ќе продолжи поддршката од Г7 за Украина, јави ДПА. Според италијанските медиуми, Мелони во телефонски разговор му кажала на Зеленски дека руската агресија врз Украина ќе биде во фокусот на италијанското претседателство со Г7. Италија од почетокот на оваа година е претседавач со Г7. Зеленски и се заблагодарил на Мелони за нејзината поддршка, вклучувајќи ја и желбата на Украина да се приклучи на ЕУ. Во текот на разговорот тој дал и информации за неодамнешните руски напади, објави украинскиот претседател на социјалната платформа Х. „Благодарен сум на Италија и лично…

Read More