Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италијанската опозиција бара истрага: Стотици екстремисти со фашистички поздрав во Рим

0
By Ана Василевска on January 9, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 9, 2024 09:20

Опозициските политичари во Италија во понеделникот побараа владата, на чело со екстремно десничарската премиерка Џорџија Мелони, да објасни како дојде до тоа стотици демонстранти да салутираат со забранетиот фашистички поздрав на митингот во Рим, без никаква полициска интервенција, објави американската мрежа Еј-би-си.

 

 

Собирот во неделата вечерта, во еден работнички кварт во главниот италијански град, беше во знак на комеморација за убиството на двајца членови на неофашистичка младинска група во 1978 година.

На митингот, стотици учесници ја подигнаа десната рака со фашистичкиот поздрав како во времето на фашистичката диктатура на Бенито Мусолини.

Помпезен и дијаболичен диктатор: Бенито Мусолини, 1939

Според законот донесен по Втората светска војна, употребата на фашистичка симболика, вклучително и озлогласениот фашистички поздрав, исто така познат како римски поздрав, е забранета.

Рим, 7 јануари 2024

Лидерката на Демократската партија Ели Шлајн, која ја предводи најголемата опозициска партија во законодавниот дом, беше меѓу оние кои во понеделникот побараа од министерот за внатрешни работи во владата на Мелони, да се појави во Парламентот и да објасни зошто полицијата очигледно не направила ништо за да го спречи собирот на кој отворено и гласно, пред очите на целиот свет, доминира фашистичкиот поздрав.

Шлајн и други опозиционери, огорчени од употребата на фашистичкиот поздрав на митингот, со иронија забележаа дека минатиот месец, кога за време на премиерата на операта „Дон Карло“ во Ла Скала еден човек од публиката извикал „Да живее антифашистичка Италија!“ – тој брзо беше опколен од полицијата од италијанскиот антитерористички одред.

„Ако извикувате ‘Да живее антифашистичка Италија’ во театар, ќе бидете идентификувани (од полицијата); ако одите на неофашистички собир со римски поздрави и транспаренти – не. Мелони нема што да каже?“, напиша Шлајн во објава на платформата за социјалните медиуми X.

 

Државната телевизија Раи во понеделникот вечерта објави дека италијанската полиција го истражува масовниот поздрав на собирот.

Заменик-премиерот Антони Тајани, кој ја предводи партијата на десниот центар во 14-месечната коалиција на Мелони, беше под притисок од новинарите поради фашистичкиот поздрав.

„Ние сме сила која секако не е фашистичка, ние сме антифашисти“, рече Тајани на прес-конференција. Тајани, кој ја извршува и функцијата министер за надворешни работи, истакна дека според италијанскиот закон, поддршката на фашизмот е забранета. Сите собири „за поддршка на диктатурите мора да бидат осудени“, рече тој.

Водачите на малата еврејска заедница во Италија, исто така, изразија вознемиреност поради фашистичкиот поздрав.

„Добро е да се потсетиме на жртвите на политичкото насилство, но во 2024 година тоа не може да се случи со стотици луѓе кои оддаваат римски поздрав“, напиша Рут Дурегело, која неколку години ја водеше еврејската заедница во Рим, на X.

 

Антиеврејските закони на Мусолини ја помогнаа депортацијата на италијанските Евреи за време на германската окупација на Рим во последните години од Втората светска војна.

Италијанскиот транзитен камп Фосоли, од каде што италијанските Евреи се депортирани во Аушвиц-Биркенау. Речиси сите беа убиени по пристигнувањето, 1943-45 година (photo: public domain)

Митингот на кој се салутираше со озлогласениот поздрав, се одржа по повод 46-годишнината од убиството на тројца неофашисти во Виа Ака Ларентиа, во југоисточен Рим, објави Ројтерс. Двајца од нив беа застрелани од екстремно левичарски милитанти, додека третиот беше убиен од полицијата по судирите со екстремистичките групи во немирите што избувнаа набргу по убиството. Никој никогаш не бил осуден за овие настани.

Мелони, чија партија „Браќата на Италија“ има свои корени во неофашизмот, се дистанцира од диктатурата на Мусолини, изјавувајќи дека „италијанската десница го предала фашизмот на историјата со децении“, пишува Вашингтон Пост.

Кон крајот на 1970-тите, Италија минуваше низ крвав период со насилство меѓу екстремно десничарските и екстремно левичарските групи. Од тоа време се помнат серии од смртоносни бомбашки напади поврзани со екстремната десница и атентати и киднапирања за кои одговорноста ја преземаа Црвените бригади и другите левичарски екстремисти.

Подготви: Џ. Д.

Извор: Цивил Медиа

Италија фашизам Џорџа Мелони
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.