Author: Ана Василевска

Лидерот на јужнокорејската опозиција Ли Џае-Мјунг денеска е повреден во напад со нож додека разговараше со новинарите за време на посетата на Бусан, крајбрежен град во југоисточниот дел на Јужна Кореја, јави новинската агенција Јонхап. Ли (59), лидерот на главната опозициска Демократска партија, се движел во колона опкружен со група новинари по обиколка на градилиште на новиот аеродром кога постар човек го нападнал и го прободел во вратот, се гледа на снимки од локална телевизија. Ли паднал на земја, а околу него се собрале неколку луѓе за да му помогнат и да го спречат крварењето. Тој прво бил лекуван во…

Read More

Голем број политичари, функционери или поранешни функционери, главно од високите нивоа на централната и локалната власт, го минаа прагот на зградата на СПАК за време на минатата година во Тирана, резимираат албанските медиуми. Во Косово, од 1 јануари 2024 година, граѓаните ќе можат да патуваат без визи во земјите од Шенген зоната. Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за првото издание на АЛ-Прес во 2024 година. АЛБАНИЈА Газета Тема: 2023 година во Албанија, во знакот на СПАК! Во Албанија, Обвинителството и Специјалниот суд беа во центарот на вниманието во текот…

Read More

Четири лица загинаа, а 92 се повредени во руските ракетни напади утринава врз Кијив, Киевската област и Харков, соопшти претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Тој на Твитер напиша дека повеќе од 500 спасувачи и членови на итната помош продолжуваат да работат на местата кои биле цел на нападот. Според Зеленски, од 31 декември Русија истрелала 170 дронови „Шахед“ и десетици проектили од различен тип кон Украина, а „апсолутното мнозинство од нив биле насочени кон цивилната инфраструктура“.

Read More

Бројот на загинати во силниот земјотрес што вчера ја погоди Јапонија денеска се зголеми на 48, соопшти штабот за катастрофи на префектурата Ишикава. Би-би-си, повикувајќи се на официјални лица од префектурата соопштија дека бројот на жртви би можел да продолжи да расте. Неколку силни земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, вчера ја погодија јапонската префектура Ишикава, на брегот на Јапонското Море.

Read More

Во интервју за Локално.мк, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше прашан за тоа што ќе остави во МВР доколку дојде до смена на власта во 2024 година. Притоа, Спасовски потенцираше дека оваа раководство на МВР инвестираше 17 милиони евра за реконструкција на полициски објекти низ државава  како и 13 милиони евра за униформи и опрема. „Со инвестирани 17 милиони евра за реформските процеси на оперативно рамниште, 2023 година ја завршивме со завидна бројка од 80 комплетно реконструирани енергетски ефикасни објекти. Отпочната е реконструкција на Управните служби, како и основни подготовки за отпочнување на активности во Центарот за обука во…

Read More

Музејот на поранешниот германски нацистички логор Аушвиц – Биркенау најостро ја осуди несоодветната „шега“ на полскиот сатиричар Јан Пиецак, објавена во медиумите блиски до претходната влада (по изборите на 15 октомври опозициски конзервативци), според кои ЕУ смета дека Полска е подготвена да прими мигранти, бидејќи за нив има подготвено стари логорски бараки во Аушвиц и други поранешни концентрациони логори. – Знам сурова шега. Тие сметаат на тоа дека Полјаците се подготвени затоа што имаме бараки за мигранти, во Ашувиќ, Мајданек, Треблинка, Штатхоф. Имаме многу бараки што ги изградија Германците и таму ќе ги задржиме оние мигранти кои нелегално ни ги…

Read More

Компанија од атрактивна технолошка дестинација од Југоисточна Азија е новата странска инвестиција со која Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) ќе ја почне 2024 година. Како што открива директорот на Дирекцијата Јован Деспотовски во интервју за МИА, инвестицијата ќе биде објавена утре, локацијата е ТИРЗ Скопје 1, а до крајот на инвестицискиот период само за плати предвидува над 15 милиони евра годишно. Со оваа инвестиција, според Деспотовски, се отвора целосно ново поглавје во однос на типот и квалитетот на вложувањата, посебно од аспект на високи плати и ангажирање млади луѓе со високи квалификации. Компанијата има претставништва во повеќе земји…

Read More

Во утринската серија руски ракетни напади врз Кијив се повредени 16 лица, од кои 15 се хоспитализирани, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко. Градоначалникот  додаде дека жителите на главниот град се повредени во пожар што избил во повеќекатница во населбата Соломенски, по ракетен напад. Според Кличко, во областа Подолск биле оштетени инфраструктурен објект и гасоводна цевка, а некои делови од градот останале без струја, пренесуваат украинските медиуми. Шефот на регионалната администрација на Харков, Олех Синехубов, соопшти дека едно лице загина, а 22 се повредени во руските ракетни напади врз градот. Синехубов изјави дека централниот дел на Харков, особено областа Шевченко, бил цел…

Read More

Неидентификуван летечки објект денеска изутрината навлезе во воздушниот простор на Полска, членка на НАТО, од правец на границата со Украина, соопшти Оперативната команда на полската армија. „Од моментот кога ја преминал границата до исчезнувањето на сигналот, бил следен од радари за ПВО“, соопшти Оперативната команда на социјалната платформа „Икс“. Приватната телевизија „Република“ објави дека објектот бил баран во близина на градот Хрубиесов во јужна Полска. „Во согласност со важечките процедури, оперативниот командант на вооружените сили ги мобилизира расположливите сили и средства со кои располага“, стои во соопштението Русија изврши воздушен напад во текот на ноќта против Украина, испраќајќи 158 беспилотни…

Read More

Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер денеска изјави дека САД се надеваат дека во 2024 година ќе се види вистински напредок во спроведувањето на договорот што Косово и Србија го склучија во 2023 година и како што истакна, „процесот на нормализација завршува со взаемно признавање, бидејќи Косово и Србија се стремат да го постигнат својот пат кон ЕУ“. „Во февруари и март оваа година Косово и Србија презедоа храбри чекори кон нормализација преку склучувањето на Основниот договор и неговиот анекс за имплементација. Иако имаше одложувања, ние сме целосно посветени на нивната имплементација“, наведе Ховениер во видео пораката на социјалната мрежа…

Read More

Ноќта на 29 декември, Руската Федерација изврши еден од најголемите ракетни напади врз украинските градови и села во текот на целото време инвазијата од големи размери. Според прелиминарните информации, непријателот употребил 158 средства за воздушен напад: ракети од различен тип и ударни беспилотни летала. Масовниот напад беше насочен кон Кијив, Лвив, Днипро, Одеса, Харкив, Хмелницкиј и други украински региони, соопштуваат од украинското МНР. Породилиште, училиште, станбена зграда, градинка, пошта, метро станица, трговски центар се само дел од цивилните објекти нападнати од руската армија. Десетици луѓе загинаа и беа повредени како резултат на гранатирањето. Потрагата по оние кои останаа под урнатините…

Read More

Специјалниот суд на Албанија по трет пат го одложи донесувањето на мерката за безбедност, за заострување на куќниот притвор на поранешниот премиер Сали Бериша, известуваат албанските медиуми. По многубројните барања на меѓународниот фактор Владата да го формира здружението врз основа на нацрт-статутот предложен од ЕУ, премиерот Албин Курти  изјави дека ЕУ и српскиот претседател Вучиќ ја пропуштиле шансата на 26 октомври во Брисел, што предизвика наслови со прашање во косовските медиуми, дали владата го отфрла предлог статутот за Заедницата. Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на…

Read More