Author: Ана Василевска

Во терминот од 18 часот ќе се одржи блокот краткометражни филмови, а на програмата се остварувања на режисер(к)ите Александра Кардалевска, Ангела Димеска, Јован Саркањац, Јане Спасиќ, Ѓорче Ставрески, Сандра Георгиева, Сабедин Селмани, Берат Асани, Јане Алтипармаков и Бесар Илјази. На 19 јуни, во 20 часот, ќе има презентација на филмската камера „Сони“. Почесните награди „Златна рамка“, кои ДФРМ ги доделува за филмски актер, Шестото издание на ревијата на македонски филмови „Златна рамка“, кое се одржува од 18 до 20 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар, почна со Годишно собрание на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) на…

Read More

Завршната сесија со која вечерва завршува првата Меѓународна конференција за мир и одржлив развој во по повод 6 години од Преспанскиот договор, во организација на Институтт Алексис Ципрас и Фондацијата Заев, ги вклучува и учеството на повеќемина актуелни, поранешни шефови на држави и влади од Европа и светот, како и десеттици актуелни и поранешни претседатели и еврокомесари на ЕУ и на други меѓународни организации. Вечерва во атинскиот конзерваториум, каде што се одржува конференцијата, свое присуство најави и претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, која ќе проследи настапите на поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд, поранешниот премиер на Шведска Стефан Лефвен, земаничката…

Read More

Со формирањето на работна група за утврдување на состојбите во Агенцијата за филм составена од лица вработени во министерството, во време на техничка влада, која нема никаква надлежност да постапува и да утврдува состојби, а уште помалку да се става во функцијата над Државниот завод за ревизија, Бисера Костадиновска Стојчевска, министерката во заминување, уште еднаш потврди дека доследно и до крај, е гробар на македонскиот филм и македонската култура. Овој чин не може поинаку да се протоклува, освен дека е постапување по налог, бидејќи целиот извештај на оваа работа група е повторно прераскажување на смешните тези на Милчо Манчевски, за…

Read More

Во рамки на тридневната програма на филмската ревија „Златна рамка“ , која започнува утре на , на 19 јуни, на свечената церемонија почесни награди ќе им бидат доделени на тројца истакнати филмски професионалци од македонската филмска индустрија: Тони Михајловски, истакнат филмски актер: Роден на 30 јуни 1967 г., во Куманово. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Владимир Милчин (1993). Од 1994 до 1999 г. работи во Македонскиот народен театар, а потоа преминува во статусот слободен уметник. Во 2013 г. повторно се враќа во Македонски…

Read More

Во пресрет на шестото издание на „Златна рамка“, филмска ревија во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) на која се прикажуваат најновите македонски филмски остварувања, за состојбите во македонскиот филм разговаравме со Игор Иванов, претседател на ДФРМ. Друштвото на филмските работници на Македонија пред шест години почна со реализација на филмска ревија на која се прикажуваат сите остварувања што со поддршка од Агенцијата за филм биле реализирани во претходната година. Вообичаена практика во домашната кинематографија е премиерата на новите филмови да биде во рамките на некој од филмските фестивали или, пак, филмот да има самостојна премиера, а…

Read More

 Во рамките на долгометражната програма на 18 јуни, во 20.30 часот, ќе биде прикажан филмот „Преекспонирано“ на режисерката Елеонора Венинова во продукција на „ДНФ Продукција“, на 20 јуни е проекцијата на „Домаќинство за почетници“ на режисерот Горан Столевски со „Лист Продукција“ како и филмот „Лена и Владимир“ на режисерот Игор Алексов со „Минд Продукција“.  Шестото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ќе се одржи од 18 до 20 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Филмската ревија „Златна рамка“ претставува можност за публиката бесплатно да ги…

Read More

Во интервју за Фокус, д-р Венко Филипче и актуелен кандидат за лидер на СДСМ вели дека изборниот пораз на парламентарните избори минатиот месец меѓу другото се должи и на нерамнотежата и давањето премногу сила на ДУИ. „Во обидите да одржиме стабилна влада и да ги решиме стратешките проблеми, отстапивме премногу моќ на ДУИ. Оваа нерамнотежа, не само што го ослабна нашето влијание, туку и остави впечаток дека ДУИ е примарна сила што ги движи владините политики. Како резултат на тоа, многу гласачи го сфатија СДСМ како потчинет на ДУИ. Ова го наруши нашиот кредибилитет и имиџ, иако во реалноста ова…

Read More

На меѓународната конференција за обнова на Украина, германскиот канцелар Олаф Шолц повика на натамошно зајакнување на воздушната одбрана на земјата од руските напади, пренесе ДПА. Шолц ги повика сојузниците да ја поддржат германската иницијатива за зајакнување на противвоздушната одбрана на Украина „со се што можат“. -Затоа што најдобрата реконструкција е онаа што воопшто не мора да се случи, рече Шолц на почетокот на конференцијата што се одржува во Берлин, на која присуствува и украинскиот претседател Володомир Зеленски. Германскиот канцелар укажа на можноста за далекусежни и долгорочни задолжениај за обновата на оваа земја, која е сериозно разурната од над двегодишната скапа…

Read More

Практикантите велат дека искуството со Хелти Јога вежбите им помага да се справат со стресот, да го подобрат своето физичко и ментално здравје, и воспостават ментална и емотивна стабилност. Хелти Јога, водечкиот центар за јога и велнес активности во Македонија, информира дека одбележува десет успешни години на практикување јога и велнес активности во земјата и странство. Од основањето до денес, Хелти Јога е посветена на промовирањето и градењето на здрави животни навики, и тоа преку редовни јога часови, работилници, јога ретрити, велнес и тим билдинг тренинзи, со што придонесува за подобрување на физичкото, менталното и емотивното здравје на повеќе од…

Read More

Одлуката на Макрон да распише предвремени избори ја отвора Франција кон потенцијалот за екстремно десничарска влада или  парламент што ќе виси. И двата исхода ќе генерираат нестабилност во ЕУ. По предвремените избори на Макрон, влада предводена од Националното собрание може да го контролира Матињон, со драматично влијание врз ЕУ. Како би изгледал таков режим? Дали тоа би се приклонило кон линијата на Џорџа Мелони во Италија или ќе ги одрази ставовите на противниците на ЕУ, како што се Виктор Орбан и Герт Вилдерс? Како тоа ќе одекне во Брисел? Како и да изгледа таков режим, најверојатно ќе има конфликти меѓу…

Read More

The Vlatko Stefanovski Experience“, на 26 јуни, во Мала станица ќе вклучи фотографии на Стефан Рајхл, Ангел Ситновски – Бојс, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, како и артефакти и фотографии од архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир Мандичевски – Манде.  „The Vlatko Stefanovski Experience“, е насловена изложбата на фотографии која ќе биде отворена на 26 јуни, во Мала станица, со што ќе биде означен почетокот на 10. Издание на фестивалот Скопје Синема Сити, во организација на Здружението Номад-Арт од Скопје. Првата деценија на фестивалот кој го негува музичкиот документарен филм Скопје Синема Сити, со групната изложба на фотографии…

Read More

– Учебната 2023/2024 година заврши за средношколците, додека учениците во основните училишта, согласно годинашната одлука за организација на наставата, до летниот распуст имаат уште една работна недела. Крај на учебната година на 17 јуни беше предвидено за сите ученици, но Министерството за образование и наука излезе во пресрет на барањето на Сојузот на средношколци. -Во Законот за основно образование се одредени точен број работни денови (180) во основното образование. Во Законот за средно образование не е одредена законска обврска за точен број работни денови.  Сите одлуки се донесуваат во консултација со тие што се засегнати. Сојузот на средношколци побара освен…

Read More