Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Василевска: „Златна рамка“ е славење на македонскиот филм и отчет за тоа што е сработено во претходната година

0
By Ана Василевска on June 19, 2024 ВЕСТИ, ЗУМ, КУЛТУРА
Од вчерашната проекција на „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова на „Златна рамка“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 19, 2024 13:12

Во терминот од 18 часот ќе се одржи блокот краткометражни филмови, а на
програмата се остварувања на режисер(к)ите Александра Кардалевска, Ангела
Димеска, Јован Саркањац, Јане Спасиќ, Ѓорче Ставрески, Сандра Георгиева,
Сабедин Селмани, Берат Асани, Јане Алтипармаков и Бесар Илјази.
На 19 јуни, во 20 часот, ќе има презентација на филмската камера „Сони“.
Почесните награди „Златна рамка“, кои ДФРМ ги доделува за филмски актер,

Шестото издание на ревијата на македонски филмови „Златна рамка“, кое се
одржува од 18 до 20 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар,
почна со Годишно собрание на Друштвото на филмските работници на
Македонија (ДФРМ) на 18 јуни, а истовремено беше одржан и брифинг со
новинарите.

Уметничкиот координатор на „Златна рамка“, Ана Василевска, детално ја
образложи годинашната програма на ревијата, посочувајќи ги сите
долгометражни, краткометражни и документарни остварувања кои ќе бидат
прикажани во текот на трите денови на одржување на настанот, како и
придружната програма во која се вклучени презентација на филмската камера
„Сони“, социјалната програма „Фокус“ и трибината на тема „Зачувување на
аудиовизуелното наследство“.

– Ревијата „Златна рамка“ е славење на македонскиот филм и отчет за тоа што
е сработено во претходната година. Проекциите се бесплатни и публиката
може да ги види македонските долгометражни, документарни и
краткометражни филмови кои минатата година ги поминаа филмските
фестивали низ светот, а ревијата е одлична можност да се слушне и критика за
филмовите поради присуството на авторите, режисерите и процентите –
истакна Ана Василевска.

На брифингот со новинарите се обрати и Игор Иванов, претседател на ДФРМ,
кој истакна дека на Собранието се донесени важни одлуки, а во фокусот беше
катастрофалната состојба во која е западнат македонскиот филм.

– Ние навистина сме во една тешка ситуација. Буџетите се десеткувани.
Филмските работници се исклучително многу загрижени за својата иднина.
Станува збор за една специфична категорија на граѓани. Тоа се луѓе кои не се
вработени и главно работат како слободни уметници и слободни филмски
работници. Некои се самовработени со можноста што ја дава Министерството
за култура преку Конкурсот за самостојни уметници со што остваруваат право
на пензиско и здравствено осигурување, но тоа важи само за филмските
автори. Сите други филмски работници, како шарфери, осветлители, грип-
мајстори, асистенти на шминка, гардеробери и така натаму остануваат
непокриени. Макотрпно се бориме за промена на овие состојби, но она што
сега најмногу ни гори и ни е актуелно и акутно е катастрофалната состојба со
буџетот во македонскиот филм во последниве пет-шест години. Има
перманентни кратења на буџетот од, за нас, необјасниви причини. Едноставно,
филмот не беше во фокусот на политичките чинители во изминатиот период –
посочи Игор Иванов на брифингот.

Друштвото на филмските работници на Македонија има над сто членови.
Оформено е во 1950 година и е еден од фундаменталните столбови на македонската современа култура, заедно со Друштвото на ликовните уметници и Друштвото на писателите на Македонија.
Филмската програма на шестото издание на „Златна рамка“ содржи три долгометражни, девет краткометражни и пет документарни остварувања.

Филмската програма почна на 18 јуни, во 18 часот, со проекција на
документарните филмови „Бисер“ во режија на Никола и Драган Кумев (Кумев
брадрс продакшн) и „Последниот балкански каубој“ на режисерот Сабидин
Алиу.

Новинари и критичари пред проекциите на „Златна рамка“ во МКЦ: (0д лево кон десно) Тони Димков, Ана Василевска, Сотир Трајков, Златко Гелевски
Новинари и критичари пред проекциите на „Златна рамка“ во МКЦ: (0д лево кон десно) Тони Димков, Ана Василевска, Сотир Трајков, Златко Гелевски

Документарно-играниот филм „Бисер“ ја раскажува приказната за тајната на
Охридскиот Бисер, а соговорници во филмот се претставници на семејствата
Филеви и Талеви. Во филмот е обработен периодот од 1924 до 1930 година,
кога познатиот руски емигрант, белогардеецот Јован Субанович на предците
на семејствата Филеви и Талеви им ја пренел тајната за правењето на
Охридскиот Бисер.

Документарно-играниот филм „Последниот балкански каубој“ на режисерот
Сабидин Алиу ја раскажува приказната за Хари Џексон, кој во 70-ите и 80-ите
години на минатиот век снимал вестерн филмови во близина на босанскиот
град Бјелина. По потекло Хари Џексон е од тетовското село Порој, а неговото
родено име е Аљуш Муслиу, но многу млад се преселил во Бјелина, го сменил
своето име, се оженил и основал филмско студио со кое снимал само вестерн
филмови. Во Бјелина останал до крајот на својот живот.

Првиот долгометражен филм што беше прикажан на шестата „Златна рамка“
беше „Преекспонирано“ на режисерката Елеонора Венинова во продукција на
„ДНФ Продукција“. Станува збор за остварување со современа приказна и
специфична естетика, која не е типична за македонската филмска продукција.
Претставник на филмот пред публиката во киното „Фросина“ беше продуцентот
и монтажер на филмот Гоце Кралевски, кој одговараше на прашањата од
присутните на проекцијата.

На 19 јуни, во терминот од 12 часот, ќе бидат прикажани документарните
филмови „Живот на крстосница“ (Недопирливи) на Зоран Димов и „Емигрант
сум или…“ на Сенад Абдули.

Во терминот од 18 часот ќе се одржи блокот краткометражни филмови, а на
програмата се остварувања на режисер(к)ите Александра Кардалевска, Ангела
Димеска, Јован Саркањац, Јане Спасиќ, Ѓорче Ставрески, Сандра Георгиева,
Сабедин Селмани, Берат Асани, Јане Алтипармаков и Бесар Илјази.
На 19 јуни, во 20 часот, ќе има презентација на филмската камера „Сони“.
Почесните награди „Златна рамка“, кои ДФРМ ги доделува за филмски актер,
филмски автор и филмски работник, на годинашните лауреати актерот Тони
Михајловски, продуцентот Владимир Анастасов и филмскиот работник Марина
Колоска, ќе им бидат врачени на свечена церемонија што ќе се одржи на 19
јуни, во 20.30 часот во МКЦ.
Социјалната програма „Фокус“, наменета за публиката која од најразлични
социјални ограничувања не може да го посети киното „Фросина“, годинава ќе се

одржи на 20 јуни, во 10.30 часот, во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во
Скопје.

На 20 јуни, во 12 часот, ќе се одржи трибина со наслов „Зачувување на
аудиовизуелното наследство“ на која ќе учествуваат Владимир Ангелов,
Владимир Павловски, Игор Старделов и Роберт Јанкуловски.

„Златна рамка“ македонски филм МКЦ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.