Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почесна „Златна рамка“за актерот Тони Михајловски, продуцентот Владимир Анастасов – Вац, и филмскиот работник Марина Колоска: Утре почнува 6. издание на филмската ревија на новиот македонски филм

0
By Ана Василевска on June 17, 2024 ВЕСТИ, ЗУМ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 17, 2024 14:31

Во рамки на тридневната програма на филмската ревија „Златна рамка“ , која започнува утре на
, на 19 јуни, на свечената церемонија почесни награди ќе им бидат доделени на тројца истакнати филмски
професионалци од македонската филмска индустрија:

Тони Михајловски, истакнат филмски актер: Роден на 30 јуни 1967 г., во
Куманово. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за
драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф.
Владимир Милчин (1993). Од 1994 до 1999 г. работи во Македонскиот народен
театар, а потоа преминува во статусот слободен уметник. Во 2013 г. повторно се
враќа во Македонски народен театар – Скопје.

Владимир Анастасов – Вац, продуцент, ќе ја добие наградата за истакнат
филмски автор. Анастасов дипломирал на катедрата за Филм, Театар и ТВ
продукција при Факултетот за драмски уметности во Скопје, Македонија. Во
декември 2002 година, ја основа продуцентската куќа “Сектор филм“, во чии
рамки е продуцент на голем број наградувани филмови, прикажани на
меѓународни филмски фестивали.

Марина Колоска, истакнат филмски работник: Дипломира на Универзитетот
„Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот
камера. Во периодот од 2000 до 2004 година, својот кариерен пат го гради како
дел од тимот на Македонската Радио Телевизија (МРТВ). До сега, Колоска била
прв асистент на камера на над 60 кратки и играни филмови.

Шестото издание на “Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација
на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), ќе се одржи од 18. до
20. јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ). Филмските
ентузијасти ќе може да ги проследат најновите филмски остварувања на домашните
филмски таленти. Филмската ревија “Златна рамка“ ќе започне традиционално, со
свеченото собрание на ДФРМ, по што ќе следува богата тридневна филмска програма.
Иницирана како дел од стратешката програма за афирмирање на филмската уметност и
домашната продукција, “Златна рамка“ се етаблира како клучен настан за промоција на
македонската кинематографија. Примарната цел на фестивалот е транспарентно да ја
претстави годишната продукција, а со тоа да го подобри квалитетот на проектите и да
генерира интерес кај домашната публика и медиумите. Исто така, оваа филмска ревија
нуди платформа за филмските професионалци да разговараат за релевантни прашања и
да ги споделат нивните достигнувања. Во текот на следните три дена, „Златна рамка“ ќе
служи како енергично место за средба на филмаџиите, актерите и кино ентузијастите.

Присутните може да очекуваат да уживаат во програма со различни долгометражни
филмови, кратки и документарни филмови од најновата македонска филмска продукција.
“Златна рамка“ ја симболизира основната кинематографска „рамка“, суштинската
единица на филмската технологија. Оваа филмска ревија која веќе традиционално се
одржува секоја година, продолжува да ги промовира македонските филмски дела и да
придонесува за енергичниот културен дијалог што ги надминува лингвистичките и
културните граници.

ПРОГРАМА
Долгометражни филмови:
– 18 јуни, 20:30 часот: “Преекспонирано“ во режија на Елеонора Венинова, во
продукција на “ДНФ филмска продукција“.
– 20 јуни, 20:00 часот: “Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов, во
продукција на “Мајнд продукција“.
– 20 јуни, 22:00 часот: “Домаќинство за почетници“ во режија на Горан
Столевски, во продукција на “Лист продукција“.
Краткометражни филмови: На 19 јуни во 18 часот ќе бидат прикажани девет кратки
филмови. На програмата се остварувања на режисерите: Александра Кардалевска,
Ангела Димеска, Јован Саркањац, Јане Спасиќ, Ѓорче Ставрески, Сандра Георгиева,
Сабедин Селмани, Берат Асани, Јане Алтипармаков и Гоце Трајковски.
Документарна програма:
– 18 јуни, 18:00 часот: “Бисер“ во режија на Драган Кумев, “Кумев Бротхерс
продукција“.
– 18 јуни, 18:00 часот: “Последниот каубој на Балканот“ во режија на Сабедин
Али, во продукција на “Визиони Плус д.о.о.е.л.“.
– 19 јуни, 12:00 часот: “Живот на крстосница“ (Недопирливи) од Зоран Димов, во
продукција на “Супер Продукција БТР“ и „Емигрант сум или…“ од Сенад Абдули,
“Арнел Продакшн д.о.о.е.л.“.
– 20 јуни, 18:00 часот: “Дневник по многу години“ (Јанsа) во режија Никола Т.
Калајџиски, а во продукција на “Контраст Филм“.
Социјална програма „Фокус“: Специјални проекции кои ќе се одржат на 20 јуни во
Домот за стари лица “Мајка Тереза“ за публиката која не може да го посети киното
“Фросина“.
Дополнителни настани:
– 19 јуни, 20:00 часот: Презентација на филмската камера на “Sony“.
– 20 јуни, 12:00 часот: Трибина на тема “Зачувување на аудиовизуелното
наследство“ на која учествуваат експерти како Владимир Ангелов, проф.
Владимир Павловски, Игор Старделов и Роберт Јанкуловски.

Агенција за филм на РСМ Владимир Анастасов ДФРМ Златна рамка 2024 Тони Михајловски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.