Author: Ана Василевска

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Владата на Република Северна Македонија, во 19:00 часот ќе го пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел во пресрет на одржувањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ. Според агендата, информираа од владината прес-служба, предвидена е билатерална средба на премиерот Ковачевски и потпретседателот на Европската Комисија, Борел. На билатералната средба, како што е најавено, ќе присуствуваат и заменик претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.

Read More

За целото време на извршување на функцијата вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ, нашата земја секој ден се соочува со безброј предизвици. Регионот и светот живеат со целосно нова динамика, различна од онаа со која неговите колеги во земјите кандидати за членство во ЕУ. Во делокругот на работата на вицепремиерот Маричиќ денес се жестоките кризи со кои се соочува светот. Тоа е, во прв ред, руската агресија против Украина и хибридната војна против Западот, економските и енергетските кризи кои произлегуваат од таа војна, но и од други тектонски поместувања во овој мултиполарен свет. Маричиќ е една од централните политички фигури во…

Read More

„Секој антикризен пакет што доаѓа од Владата е добредојден за поединци, но и за стопанството воопшто, а особено за најранливите категории граѓани, како основците и средношколците, студентите и пензионерите“, изјави за „Фронтлајн“ – професорот на Факултетот за бизнис и економија на Универзитетот на Југоисточна Европа, д-р Веланд Рамадани. – Иако може да изгледаат како мали суми, за овие категории граѓани претставуваат важна помош, што донекаде им ги олеснува дневните трошоци. Затоа нагласив дека тие се добредојдени и за економијата воопшто, бидејќи овие средства наменети за помош на овие категории ќе се излеат на пазарот и ќе придонесат за приходите и профитот…

Read More

Филмската критичарка Шери Линден со рецензија на „Холивуд Репортер“ за вториот долгометражен документарен филм на Тамара Котевска „Патување пеш“ – Режисерката на „Медена земја“ со нејзиниот ефективен спој на политичка итност и поетска креативност. „Вториот долгометражен документарен филм на Тамара Котевска ги преплетува приказните на децата бегалци со слики од проект што ја користи уметноста на кукларството за да ја подигне свеста за младите животи нарушени од војна и прогон. Со нејзиниот прв долгометражен документарен филм номиниран за Оскар, чудото „Медена земја“, Тамара Котевска ja делеше режијата заедно со Љубомир Стефанов за да осветлат еден далечен дел од светот. Со…

Read More

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА Блинкен, во неговата долга дипломатска кариера е познат по уверувањето дека сојузот на САД со Европа и поддршката на демократските вредности е единствен начин да се победат руските и проруските агресорски политики. Кога станува збор за Западен Балкан, Блинкен најави дека регионалната стабилност на овој дел од светот ќе биде приоритетно прашање на Самитот во Вашингтон во јули 2024 година. Очите на светската политичка елита денска и утре се вперени во Скопје на состанокот на министрите на ОБСЕ. Дипломатската сила на титаните во глобалната политика ќе размени мислење и ќе донесе важни политички одлуки, токму во македонската…

Read More

Во војната во Украина досега настрадале повеќе од 300.000 руски војници, соопшти денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција по дводневниот состанок на министрите за надворешни работи од Алијансата во Брисел. – Русија денес е послаба на економски, политички и воен план, додаде Столтенберг. Политички, Русија го губи влијанието, не само во Украина, туку и во Кавказ и Централна Азија, станувајќи се позависна од Кина и ставајќи ја својата иднина во рацете на Пекинг. Воено, Русија загуби значителен дел од своите сили – стотици авиони, илјадници тенкови и над 300 илјади жртви. Истовремено, Москва губи економски поради падот…

Read More

Од Македонија биле избрани 42 делегати за Второто заседание на АВНОЈ, но поради отежнатите воени услови не успеале да стигнат до Јајце. Без нивно лично присуство, но со нивна мнозинска согласност, Македонија била прогласена за држава, рамноправна конститутивна членка на идната југословенска федерација. Совпаѓањето на денешниот датум 29 ноември, кога во главниот град на суверена Македонија се случува собирот на високите државници на ОБСЕ, точно 80 години по второто заседание на АВНОЈ, укажува на уште една симболична историска победа на нашата држава. Од оној студен ден кога во Јајце, се создава државата на јужнословенските народи, обединети во цврстата идеја за…

Read More

Европската комисија во април годинава предупреди дека визната либерализација, одобрена за Косово, се однесува само на имателите на косовски пасоши, истото тело – во средината на ноември – даде препорака за укинување на визите и за имателите на административни пасоши. Државјанин на Србија баран од ИНТЕРПОЛ вчера е уапсен во Звечан,  поради сомнение дека сторил кривично дело криумчарење стока, вадење или оштетување службени пломби. Ова се дел од  темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес. КОСОВО  РСЕ: Косовските пасоши за Србите – прашање на интеграција или избор Откако Европската комисија…

Read More

Министрите за надворешни работи и други претставници на 57 земји-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и на државите партнери, се состануваат во наредните три дена во Скопје за да разговараат за иднината на организацијата и за предизвиците со кои се соочува. Министерскиот совет ќе го означи и крајот на едногодишното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ. Нов претседавач ќе биде Mалта откако во понеделникот беше постигнат компромис меѓу земјите-членки по ветото од Русија и Белорусија за Естонија која според ротирачкиот принцип требаше да го преземе претседавачкото место. Во Скопје ќе дојдат државниот секретар на САД Ентони…

Read More

Министерството за внатрешни работи (МВР) со фотографија и опис ја објави Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица на Македонија. „ЃОРЧЕВСКА ВАЊА, татко Александар, мајка Зорица, родена 27.2.2009 година во Скопје. Исчезната на 27.11.2023 година во утринските часови на пат кон ООУ ‘Песталоци’ во општина Центар Скопје. Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темнокафеава, очи кафеави, носи протези на горните и долните заби, има бенка на десна страна од лицето. Облечена во син блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон ‘ајфон’“, стои во описот.…

Read More

Во заедничка операција на полициите на Украина, Франција, Германија, Норвешка и САД, уапсен е водачот на хакерска група која дејствува од Украина и е одговорна за кибер напади чија цел била да изнуди стотици милиони евра од нејзините жртви, соопшти денеска Европската полициска служба (Европол). Полицијата синоќа извршила рација на 30 имоти во западна и централна Украина. При таа акција уапсен е 32-годишен маж за кој се сомнева дека е водач на бандата, како и четворица соучесници. Повеќе од 20 истражители од Франција, Германија, Норвешка и САД се распоредени во Киев за да им помогнат на локалните полициски и судски…

Read More

Поранешната директорка на Државен санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова преку пишан допис до медиумите реагира на предлог заклучоците за нејзина политичка одговорност на собраниската Анкетна комисија за случајот со Онкологија. – ДЗСИ нема никаква законска надлежност во делот на препишување на терапија, распоредување на терапија и контрола над начинот на кој се аплицира терапијата. Во прилог на ова говорат и  законските надлежности на инспекторите од ДЗСИ, од каде е јасно дека инспекторатот не е органот кој е надлежен за преземање на активности и проверки во конкретниот случај. Дополнително во рамки на инспекторатот додека јас сум била директор немало…

Read More