Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

80 години АВНОЈ: Признавање на македонска нација, национална свест и македонски јазик, придобивки што ги заштивме до денес

0
By Ана Василевска on November 29, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 29, 2023 12:14

Од Македонија биле избрани 42 делегати за Второто заседание на АВНОЈ, но поради отежнатите воени услови не успеале да стигнат до Јајце. Без нивно лично присуство, но со нивна мнозинска согласност, Македонија била прогласена за држава, рамноправна конститутивна членка на идната југословенска федерација.

Совпаѓањето на денешниот датум 29 ноември, кога во главниот град на суверена Македонија се случува собирот на високите државници на ОБСЕ, точно 80 години по второто заседание на АВНОЈ, укажува на уште една симболична историска победа на нашата држава. Од оној студен ден кога во Јајце, се создава државата на јужнословенските народи, обединети во цврстата идеја за пркос кон фашизмот сплотени во заедничката федерација во која за прв пат се респектираат сите национални обележја на народите и народностите, се поминати точно 80 години. Низ овие осум децении Македонија помина многу турбулентни политички состојби, оддолеа на многу лукративни внатрешни и надворешни закани, но придобивката од АВНОЈ ја сочува до денес, и е на чекор да ја зацврсти уште еднаш како дел од европското семејство.

Второто заседание на АВНОЈ се одржало на 29 и 30 ноември во 1943 во градот Јајце. На ова заседание бил донесен и усвоен Национален комитет за ослободување на Југославија. Исто така бил направен план за изработување на уставот на идната Југославија како федеративна и демократска држава и признавање на националните права на сите нејзини народи . На ова заседание на АВНОЈ присуствувале 142 делегати. Основа за второто заседание на АВНОЈ било: Создавање на федеративна Југославија, во која било планирано да живеат јужнословенските народи: Македонци, Срби, Хрвати, Словенци и Црногорци. На Јосиш Броз Тито му било додадена придавката Маршал на Југославија, додека на кралот Петар II Караѓорѓевиќ му било забрането да се врати во својата земја сè додека за тоа не се одлучи на референдум.

Дваесет и деветти ноември беше најголемиот државен празник во поранешна Социјалистичка, Титова Југославија во чиј состав беше и Република Македонија. Денот 29 Ноември беше славен и како ден на раѓањето на Народна Република Југославија, на местото на кралската држава предводена од Србија. На тој ден во 1943 година, во виорот на Втората светска војна, кога Југославија беше окупирана од Германија, Италија и Бугарија, во босанското гратче со име Јајце се одржа Второто заседание на антифашистичкото собрание на народното ослободување на Југославија (АВНОЈ). На него е решено по ослободувањето заеднички, во една држава да живеат народите на Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина и другите што беа малцинства во дотогашната држава.

АВНОЈ е од историско значење за Македонија и за Македонците

На тој собир територијата на Македонија (дотогаш Вардарска Бановина, Јужна Србија) е прогласена за територија што му припаѓа на македонскиот народ, а се признава постоење на македонска нација, македонска национална свест и македонски јазик. Може да се рече дека преку актите на АВНОЈ на некој начин е спроведена Резолуцијата на Коминтерната од 1934 година, во која се третира македонското прашање и на Македонците им се признава посебната националност различна од српската и бугарската. Прашањето за посебноста на македонската нација кај Коминтерната може да се следи во континуитет уште од 1932 година, кога него го постави ВМРО (Обединета). Таа резолуција од Москва соопштена пред 90 години, денес се користи од Бугарија како аргумент дека македонската нација е вештачки создадена од Коминтерната и Сталин.

Од Македонија биле избрани 42 делегати за Второто заседание на АВНОЈ, но поради отежнатите воени услови не успеале да стигнат до Јајце. Без нивно лично присуство, но со нивна мнозинска согласност, Македонија била прогласена за држава, рамноправна конститутивна членка на идната југословенска федерација. Со чинот на прифаќање на одредбите на АВНОЈ, синтетизирани и имплементирани на Првото заседание на АСНОМ, на 2 Август 1944 година за првпат македонскиот народ се поставува на рамноправно рамниште, обединет со другите народи на Југославија со свој законодавен, државотворен орган. АСНОМ значеше реална завршница на ослободителната борба на македонскиот народ и конечна потврда за самобитноста на Македонците, кои го бетонираа својот национален идентитет.

Подготви: А. Василевска

 

29 Ноември АВНОЈ ОБСЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.