Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Денеска се навршуваат седум дена од почетокот на штрајкот на рударите на Трепча, кои бараат навреме реализација на месечната плата додека бараат и обезбедување услови за работа. Судењето на поранешните лидери на ОВК во Специјализираните комори на Косово во Хаг најчесто се одвиваше на затворени седници, што според експертите претставува недостиг на транспарентност во работата на Специјалниот суд, пишуваат косовските медиуми. Ова е дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес. КОСОВО Газета Експрес: Седми ден од штрајкот на рударите во Трепча Денеска се навршуваат седум дена од почетокот на штрајкот…
На средбата со Димитар Ковачевски и Урсула фон дер Лајен стана збор за очекувањата Македонија да го исполни неформалниот рок за промена на уставот до декември годинава и коментар на ЕК што доколку тоа не се случи, доколку не се промени уставот? „Многу пати сум кажал дека јас сум човек кој верува во остварување на целта и работи целта да се оствари, ние имаме неповторлива шанса да обезбедиме европска иднина за државата со носењето на потребните одлуки во Собранието. Јас се надевам дека оние кои секогаш во историјата биле против европските и атланските интеграции на држава конечно за прв пат…
Од раните утрински часови на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид се вршат претреси и се приведуваат лица осомничени за кривични дела против јавните финансии и платниот промет. „Управата за финансиска полиција со асистенција на единиците од МВР а под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денес во раните утрински часови на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид извршува претреси и се приведуваат осомничени лица. Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка од економски криминал под кодно име „Синџир“ за кривични дела против јавните финансии, платниот промет…
Додека војната меѓу Израел и Хамас се заканува да се прелее во поширокиот регион, некои корисници на социјалните мрежи тврдат дека соседните земји му објавиле војна на Израел, вклучувајќи ги Турција и Иран. Видеото на кое наводно се гледа како Турција движи воен брод кон Газа за да ги одбрани Палестинците од израелските напади, беше широко споделено на социјалната медиумска платформа Х, (порано Твитер), во текот на изминатите неколку дена. „Турција придвижи воен брод кон Газа бидејќи тие рекоа дека ќе ја бранат Газа од Израел затоа што тензиите на Блискиот Исток се зголемуваат. Ова станува интересно“, пишува во еден…
Европската Унија им оддава почит на жртвите на политичката репресија во Русија и ги поздравува оние кои продолжуваат да работат на сеќавање на минатите жртви и против обидите за манипулација и бришење на историската меморија на политичката репресија во земјата, наведува високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во изјавата по повод Денот на сеќавање на жртвите на политичката репресија – 30 октомври. – Уште еднаш ја повикуваме Русија да ги почитува основните права утврдени во нејзиниот Устав, како и со меѓународното право и правото за човекови права. Ја повикуваме Русија да се откаже од своето…
Премиерот Димитар Ковачевски со највисоки државни почести ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјалната посета на државава. Веднаш по церемонијата Ковачевски и Фон дер Лајен се упатија на тет-а-тет средба во Владата, по која ќе следува билатерална средба на двете делегации. Во составот на македонската делегација се бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за транспот и врски Благој Бочварски, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и министерот…
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во еден од своите најостри коментари досега за конфликтот во Газа, во средата (25 октомври) рече дека палестинската милитантна група Хамас не е терористичка организација, туку ослободителна група која се бори за заштита на палестинските земји. „Хамас не е терористичка организација, тоа е ослободителна група, „муџахедини“ кои водат битка за заштита на своите земји и луѓе“, им рече на пратениците од неговата владејачка АК Партија, користејќи арапски збор што ги означува оние кои се борат за својата вера, пренесува Еуроактив. И покрај тоа што е членка на НАТО, Турција, за разлика од многу нејзини сојузници во…
Многу е важно државата да биде способна да ги заштити граѓаните и да им покаже дека судскиот систем постои за нив, за да им помогне и да им ги реши проблемите, бидејќи граѓаните кои не веруваат во своите институции, никогаш нема да им пристапат и ќе се чувствуваат незаштитени и дека не им се почитуваат основните права, порачува министерката за правда на Шпанија Мариа Пилар Лоп Куенка. Прашана за тоа како може да се подобри и какво влијание има ниската доверба на граѓаните, Куенка на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс и министерот Кренар Лога, посочи дека постојат…
Какви придобивки носат преговорите и членството на Македонија во Европската Унија? За Македонија преговорите и членството во ЕУ носат и повисок животен стандард, повисоки плати, поголема куповна моќ, повеќе финансиски средства, целосно реформирање на јавните институции, судството, правдата… Една од придобивките ќе биде и зголемувањето на платите, односно ќе се создадат услови за голем скок на платите, кој кај некои држави во првите 5 години од зачленувањето се движел од 70 до 100%. За нашата земја важно е членството во ЕУ затоа што Унијата е наш економски партнер, 77,5% од извозот завршува во ЕУ, додека 51% од увозот доаѓа од…
СЛАВОЈ ЖИЖЕК Реакциите по нападите на Хамас на 7 октомври, се необично ригидни, штом се спомне потребата за разбирање на околностите во кои се случија – израелската окупација на Западниот брег и челичниот обрач околу Појасот Газа, одговорот што преовладува е обвинувањето дека на тој начин се поддржува или се оправдува тероризмот на Хамас. Дали сме свесни за бизарноста на оваа забрана? Ова го сметам за морална катастрофа. Под „разбирање на околностите“ не мислам на онаа будалаштина што се претставува како длабока мудрост: „Непријателот е некој чија приказна се уште не сте ја слушнале“. Дали сме спремни да речеме дека…
Европската комисија треба да го затегне ременот, наместо да бара од земјите на ЕУ дополнителни средства, изјави холандскиот премиер Марк Руте коментирајќи го предлогот на ЕК за ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) на Унијата за периодот 2021-2027 година, со кој се бараат дополнителни 66 милијарди евра. Во предлогот на Еврокомисијата се наведува дека тие дополнителни средства се потребни за справување со финансиските тешкотии поврзани со поддршката на Украина, за менаџирање на миграцијата, како и за покривање на зголемените трошоци за задолжување при спроведувањето на мерките за закрепнување од ковид пандемијата. Неоспорувајќи ги зголемените трошоци на буџетот на ЕУ, Руте…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на официјалната посета на Финска, заедно со директорката на Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани во Хелсинки, Теја Тииликаинен, деенска го потпишаа Меморандумот за пристапување на Северна Македонија во овој центар, со што земјава стана 35-та земја учесничка. Во своето обраќање, Османи истакна дека приклучувањето на Северна Македонија кон Центарот се случува во исклучително значаен момент кога целиот свет, вклучително и земјава се соочува со засилени хибридни напади, соопшти МНР. – Приклучувањето на Северна Македонија кон Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани ќе одигра исклучително важна…