Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски-Фон дер Лајен: Лошите искуства од историјата не смеаат да се повторуваат, имаме неповторлива шанса да обезбедиме европска иднина за државата

0
By Ана Василевска on October 30, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Ковачевски-Фон дер Лајен во Скопје
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 30, 2023 11:23

На средбата со Димитар Ковачевски и Урсула фон дер Лајен стана збор за очекувањата Македонија да го исполни неформалниот рок за промена на уставот до декември годинава и коментар на ЕК што доколку тоа не се случи, доколку не се промени уставот?

„Многу пати сум кажал дека јас сум човек кој верува во остварување на целта и работи целта да се оствари, ние имаме неповторлива шанса да обезбедиме европска иднина за државата со носењето на потребните одлуки во Собранието. Јас се надевам дека оние кои секогаш во историјата биле против европските и атланските интеграции на држава конечно за прв пат во своето политичко постоење ќе покажат во Парламентот дека се за европска иднина на државата. Зошто го велам тоа сега, затоа што како што кажа и претседателката сега има отворен прозорец за пристапување кон ЕУ бидејќи ако пред неколку години оваа тема воопшто не беше тема на широк консензус меѓу земјите членки, сега во овој геополитички момент сите земји се едногласни дека треба да има проширување а проширувањето ако ја погледнете мапата на Европа практично значи обединување на Европа, бидејќи земјите од ЗБ на сите свои граници се опкружени со земји на ЕУ.“, рече премиерот.

Според Ковачевски, ние како држава имаме 50% усогласеност на нашето законодавство со ЕУ, ние имаме институции кои се целосно усогласени со ЕУ, нашиот економски систем е на ниво на перформанси кои овозможуваат да добива макрофинансиска помош од ЕУ ако не е така, нема ни да се разговара за такви прашања.

„Затоа сметам дека сите треба да си ја земат одговорноста во свои раце, меѓутоа одговнроста пред сегашните и идните генерации. Со вакви работи не се калкулира, не се прави политчки личен рејтинг. СО вакви работи не смее да се игра со емоциите на граѓаните бидејќи тоа ќе значи единствено повторување на оној лош филм кој го гледавме 11 години во држава, кога имавме уназадување на меѓуетничките односи во Северна Македонија, во Македонија. Во кои имавме уназадување на односите со соседите и кога 1 милиментар не мрднавме во евроинтеграциите и кога економијата не ни растеше повеќе од 2% просечно годишно при инфлација од 3%.Затоа велам дека лошите искуства од историјата не смеаат да се повторуваат.Јас ќе продолжам заедно со коалиционите партнери, заедно со лидерите во коалицијата да работиме сонот за европска Македонија да се оствари до 2030 година.“, рече Ковачевски.

Димитар Ковачевски ЕУ интеграции Урсула фон дер Лајен уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.