Author: Biljana

Три години откако судскиот предмет на поранешното Специјално јавно обвинителство „Талир 2“ влезе во судница, деновиве ја бранува политичката јавност со пресудата на судечкиот совет предводен од судијката Даниела Алексовска Стојановска која побара и конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ и на друг имот на партијата низ земјава. Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески овој сложен судски предмет ѝ го довери на обвинителката Ленче Ристоска која го внесе во судницата во Кривичниот суд во Скопје кон средината на септември 2019 година. Стамена и сигурна во доказите, тогаш Ристоска порача дека Обвинителството ќе докаже дека со злоупотреба на службената положба осомничените овозможиле…

Read More

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Read More

Лично не располагам со такви информации на кои се повикувате и се прашувам од каде и врз база на што се пуштени во етерот, вели за НоваТВ, Срѓан Керим, поранешен сопственик и директор на „Медиа Принт Македонија“ кој сега живее во Опатија, Хрватска, откако во медиумите излезе информација што ја објави порталот „Правосудство“, наводно дека истрагата за овој случај завршила и дека првиот човек на „МПМ“ е осомничен за три кривични дела. Оваа информација НоваТВ прво ја провери во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и во Основното јавно обвинителство каде што доставивме и прашање на официјалниот мејл, но…

Read More

Позитивни реакции во сите срспки медиуми и јавноста по одржување на литургијата на помирување меѓу СПЦ и МПЦ-ОА, за што сведочи и присуството на повеќе илјади верници кои беа на овој чин во Соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. Сите значајни медиуми во Србија вчера, преку директен пренос или специјални емисии и коментари во ударните наслови ја проследија вчерашаната литургија на помирување на двете цркви со позитивна конотации на овој чин, истакнувајќи го како „Помирување по 55 години раскол“ па се до насловите како „По пат на единство, до конечно решавање на статусот“ и…

Read More

Здравствените власти во Европа и Северна Америка забележаа зголемен број случаи на заразени со вирусот на мајмунска сипаница од почетокот на мај, што ги зголеми стравувањата дека болеста, која е ендемична во делови од Африка, може да се прошири и на други места во светот. Светската здравствена организација побара внимателно да се следат заразените со вирусот. Шпанија, Португалија, Канада и САД ја пријавија болеста во средата. Велика Британија која првпат пријавила случај на болеста на 6 мај на лице кое било во Нигерија, во средата соопшти дека се регистрирани вкупно девет случаи. Во четвртокот, првиот случај беше дијагностициран во Италија…

Read More

По двегодишна пауза поради пандемијата, Матурската парада денеска повторно се одржува. Присутните матуранти ги поздрави градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, заменик амбасадорот на ЕУ Џулијан Васало и Деканот на универзитетот за туризам и менаџмент Сашко Драматниковски. На парадата учествуваат речиси сите матуранти од средните училишта во Скопје заедно со нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Унгарија, Србија, Црна Гора. Организатор на „матурската парада“ е дирекција за култура и уметност на Скопје, во соработка со танцовиот спортски клуб „Ритам плус“.

Read More

Русија ќе го запре протокот на гас во соседна Финска утре наутро, се вели во соопштението на финската државна компанија за големопродажба на гас Gasum. Попладнето во петокот на 20 мај, Гаспром Експорт го информираше Гасум дека испораките на природен гас за Финска според договорот за снабдување со Гасум ќе бидат прекинати во сабота на 21 мај во 04:00 часот (GMT), се вели во соопштението. Компанијата ќе продолжи да снабдува гас за клиентите во Финска од други извори преку гасоводот Balticconnector. Извршниот директор на Gasum, Мика Вилјанен, се обиде да ги увери клиентите дека ќе има доволно гас во наредните…

Read More

Под мотото „20 години заедно“ со две прослави во Скопје и во Тетово на плоштадите „Скендер бег“ и „Илирија“ Демократската унија за интеграција ќе прослави 20 години од трансформацијата на паравоената организација Ослободителна народна Армија (ОНА) во политичка партија ДУИ, информираше преку Фејсбук информира лидерот на ДУИ Али Ахмети. Прославите ќе се одржат на 3 и на 4 јуни во Скопје и во Тетово. -20 години Демократската унија за интеграција приредува прослава за сите затоа што посакуваме заедно да го одбележиме децениското патување и заедничките успеси. На 3 јуни голема прослава на плоштадот „Скендер бег“ во Скопје, а на 4 јуни…

Read More

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за перидот на штрајк соопштија денеска лидерот на СОНК Јаким Неделков и министерката за труд и социјална работа Јованка Тренчовска по средбата на која требаше да се најде решение на ова прашање. „Ќе биде направена промена во колективниот договор во делот со кој е регулиран начинот на исплата на плати и придонеси на плати за време на штрајк. Со тоа се овозможува исплата на платите за вработените во градинките. По објавување во службен весник ќе почне исплатата на платите“ – рече минстерката Тренчевска. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков рече дека смета оти на…

Read More

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март годинава, изнесува 31.080 денари и во однос на март лани е зголемена за 10,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4 проценти), Уметност, забава и рекреација (20,2 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19,5 проценти). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16,9 проценти), Рударство и вадење на…

Read More

Долно Лисиче за само две недели добило ново спортско игралиште, а според коментарите на социјалните мрежи, граѓаните велат дека се работи за неурбанизирана парцела која за кратко прераснала во модерен објект. Според градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски реконструкцијата и проширувањето на кошаркарското игралиште во Долно Лисиче опфаќа поставување нов асфалт, нови кошаркарски конструкции, пластифицирани табли, нови кошеви и обрачи, како и клупи и канти. Општина Аеродром во соработка со УСАИД за овој проект обезбедил над 600.000 денари. „Со новото реновирано игралиште во Долно Лисиче младите од овој дел на Аеродром конечно добија соодветно и модерно место за спортување. Ова е…

Read More

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји очекува Софија во рок од три недели да се согласи за почеток на преговорачкиот процес со Скопје. Ова го истакна тој по средбите во Бугарија со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска. „За три недели се враќам во Софија“, напиша на Твитер Вархеји по вчерашните состаноци со бугарскиот државен врв. Вархеји посочува дека неговото враќање во Софија е да најде основа и поддршка од Бугарија за почеток на преговорите со Република Северна Македонија и Албанија во јуни. Според Вархеји, стабилноста на Западен Балкан не може…

Read More