Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Позитивни реакции во Србија по литургијата на помирување меѓу Македонската и Српската православна црква

0
By Biljana on May 20, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 20, 2022 13:56

Позитивни реакции во сите срспки медиуми и јавноста по одржување на литургијата на помирување меѓу СПЦ и МПЦ-ОА, за што сведочи и присуството на повеќе илјади верници кои беа на овој чин во Соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

Сите значајни медиуми во Србија вчера, преку директен пренос или специјални емисии и коментари во ударните наслови ја проследија вчерашаната литургија на помирување на двете цркви со позитивна конотации на овој чин, истакнувајќи го како „Помирување по 55 години раскол“ па се до насловите како „По пат на единство, до конечно решавање на статусот“ и „Ставена точка на судирот на СПЦ со МПЦ“, со назнака дека во сите текстови ја немаша придавката за нашата црква како „расколничка“, што беше редовна практика до одржување на зедничката литургија.

По прв пат на официјалниот сајт на СПЦ беше објавена, и тоа во целост, вчерашната беседа на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан со наслов: „Архиепископ Стефан: Покажавме заедништво во најсветото, во крвта и телото Христово“.

Во краткиот коментар за МИА, адокатот и политичар од СПС, битолчанецот Тома Фила, кој е и член на епархијскиот совет на Архиепископијата белградско-карловачка на СПЦ, позитивно го оцени целиот процес на литургиското помирување со МПЦ-ОА, нагласувајќи дека „огромно мнозинство на Соборот на СПЦ бил за оваа одлука“ и дека „работите ќе се движат во позитивна насока“.

Денеска стигна и реакција од Белградскиот католички надбискуп Станислав Хочевар кој испрати писмо до поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфириј во кое изразува „радост поради литургијата за помирување со Охридската архиепископија“.

– Радувајќи се на троединиот Бог, Ви честитаме Вам, Ваша светост, како и на сите архиереји собрани на Соборот. Посакувајќи ви посебен Божји благослов и сила на духот од висините, братски ве поздравуваме, вели Хочевар.

Од реакциите на политичарите, покрај присуството на самата литургија на министерот за иновации во српската влада Ненад Поповиќ, ја бележиме и изјавата на лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, близок до СПЦ, кој изјави дека со литургијата на СПЦ и МПЦ-ОА „надминат е единствениот спор со Македонците“.

-Несомнено е дека на ова претходеле сериозни црковни и дипломатски активности. Неговата светост патријархот Порфириј, очигледно, во неколку наврати се сретнал со врвот на македонската црква и сето ова е добро подготвено. На Соборот имаше само одлука која немаше да биде возможна да не беше добро подготвена… Ова е еден од ретките спорови што ги имаме со Македонците, кој е надминат на овој начин. Ова е добра вест и зборува за фактот дека патријархот Порфириј на еден начин ја води Црквата, се грижи за единството, за хармонијата и за некои вистински христијански вредности, изјави Обрадовиќ

Литургија Македонија МПЦ СПЦ Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.