Author: Biljana

Град Скопје соопшти дека ја почнува летната градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици и булевари. Во претстојниот период, како што информираат од Град Скопје, предвидено е да почнат градежни работи на 11 локации низ градот, во неколку скопски општини. Планирана е изградба или проширување на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од булеварот „Свети Климент Охридски“ до кружниот тек кај Католичка, на должина од 530 метри, бул.„АСНОМ“ од бул.„Гоце Делчев“ до влезот во Ќерамидница, на должина од 300 метри, ул.„Васко Карангелевски“ на потегот од бул.„Јане Сандански“ до бул.„Трета македонска бригада“, на должина од 1.000 метри и на раскрсниците:…

Read More

Групата од петнаесет западноафрикански држави усвоија нов план за лансирање на единствената валута во 2027 година, откако претходниот план беше нарушен од пандемијата на коронавирус. Новата стратегија беше договорена од шефовите на држави на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS), соопшти Жан-Клод Каси Бру, претседател на Комисијата ECOWAS, на прес-конференција по Самитот во Гана. Земјите се надеваат дека единствената валута ќе помогне во зајакнувањето на трговијата и економскиот раст. „Поради шокот од пандемијата, шефовите на држави одлучија да ја суспендираат имплементацијата“, рече Бру. „Имаме нов план и нов договор за конвергенција што ќе го опфати периодот помеѓу 2022 и 2026…

Read More

Земјоделците имаат уште десет дена за поднесување барања за субвенции. Крајниот рок е 30 јуни. На барање на Министерството за земјоделство, Владата минатиот месец го пролонгираше рокот поради пандемијата. „Поради состојбата предизвикана од пандемијата, аплицирањето за субвенции оваа година се одвиваше со намалена динамика. Во интерес на сите земјоделци кои досега не успеаја да ги поднесат своите барања, Министерството за земјоделство во соработка со Агенцијата за финасиска поддршка поднесе барање до Владата за продолжување на рокот кое беше прифатено“, информира тогаш МЗШВ. Министерството апелира земјоделците да го искористат продолжениот рок и да аплицираат електронски на www.ipardpa.gov.mk, а доколку не можат…

Read More

Папата Франциск го става францускиот државник Роберт Шуман, еден од основачите на модерна Европа, на патот кон канонизација во Римокатоличката црква, пренесува Би-Би-Си. Ватикан соопшти дека папата го одобрил указот за признавање на „херојските доблести“ на Шуман, рана фаза во долгиот процес што може да доведе до канонизација. Шуман, кој почина во 1963 година, беше клучен за создавањето на денешните европски институции. Неколку папи ја пофалија улогата на Шуман, побожен католик, во обидот да се прекине циклусот на војни во Европа. Указот значи дека тој веќе ја има титулата „преподобен“ во Црквата. Роден во Луксембург во 1886 година и натурализиран…

Read More

Индискиот сој на Ковид-19 е потврден кај уште еден пациент во држават, потврди министерот за здравство Венко Филипче. Пациентот се лекувал во приватна болница, а неговата состојба е под контрола. „Станува збор за колега на првооткриениот случај со овој мутиран сој кај нас кој беше регистриран на 7 јуни. И двајцата биле на работа во Ирак. Со истиот лет се вратиле во земјава, но кај вториот пациент симптоми се појавиле подоцна. Состојбата е под контрола и овој пациент не е ризик“, рече министерот Филипче. Министерот вели оти согласно епидемиолошките анкети направени во случајот со заразениот, тие покажале дека не постои…

Read More

Вршителот на должност, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер од 1-ви до 3-ти јули доаѓа во посета на Охрид, а претходно ќе престојува во Милано и Тирана, соопштија синоќа од американскиот Стејт департмент. -Амбасадорот Рикер во Охрид ќе пристигне на 1-ви јули, за да присуствува на конференцијата „Пат до Преспа“ (Road to Prespa), и да ја истакне поддршката на САД за продолжителен дијалог и соработка кон стабилност и прогрес во регионот, се вели во соопштението. Се додава дека во Охрид гостинот од САД ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Бујар…

Read More

За првпат после 70 години се реализираше комплетна обнова на внатрешните простории во ЗД д-р Хаим Абраванел во Битола. Овој проект опфаќа комплетна обнова на внатрешните простории, ходниците, работните простории, педијатриската служба, вакциналните пунктови, превентивната служба, превентивната стоматологија и делот кадешто се чуваат вакцините од редовниот календар. По овој повод денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче го посети Здравствениот дом во Битола каде оствари средба со директорката д-р Весна Спиркоска и целокупниот медицински персонал и градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска. Во изјавата за медиуми тој најави и дополнително унапредување на услугите кои овој Здравствен дом им ги нуди…

Read More

100.000 вакцини на „Фајзер“ преку Ковакс системот ќе стигнат во С.Македонија на 28 јуни, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Тој додаде дека половина од порачаните вакцини „Синовак“ од Кина ќе бидат испорачани на 27 или 28 јуни, а до крајот на месецов ќе дојде и останатата пратка од 250.000 кинески вакцини. Со овие дози, ќе бидат опфатени сите граѓани кои искажале интерес за имунизација на сајтот vakcinacija.mk. „Значи дека на крајот на следната недела се очекуваат овие големи количини на вакцини за да таа недела после тоа значајно се забрза процесот на вакцинација, да во период не подолг…

Read More

Во Белград и Ниш денеска и утре се ревакцинираат најголемиот број од околу 15.000 македонски државјани кои кон крајот на март ја примија првата доза на вакцината „Астра Зенека”, а продолжува и слободната вакцинација за нашите граѓани на вакциналните пунктови ширум Србија, јави дописникот на МИА од Белград. На Белградскиот саем, во салите 3 и 11 од 8 часот наутро почна ревакцинацијата за македонските државјани и останатите странски граѓани, најмногу од БИХ, каде се создадоа долги редови, и утринава на саемот веќе се вакцинирале 2.500 лица од регионот. Процесот на ревакцинација ќе се одвива со продолжено работно време, како и…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска во Истанбул оствари средба со Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх. На средбата се разговараше за состојбите во православниот свет, улогата на Вселенската Патријаршија во поттикнувањето на меѓухристијанскиот дијалог и соживотот меѓу различните народи и религии. Во таа насока, претседателот Пендаровски ја истакна важноста на улогата на Вселенскиот Патријарх во поттикнувањето дијалог за сите отворени прашања во православниот свет. Покрај ова, на средбата се разговараше за прашањето за решавање на статусот на Македонската Православна Црква – Орхидска Архиепископија и во таа прилика претседателот…

Read More

Националниот центар за урагани соопшти дека се очекува до полноќ по локално време силна бура, наречена Клоудет, да пристигне до американското тло од брегот на Луизијана. Издадено е предупредување дека нова тропска бура, која може да погоди околу седум милиони луѓе кои живеат на јужниот брег на САД, би можела да стигне до копното. Објавено е дека пороен дожд и силен ветар од Мексиканскиот Залив од утринските часови почнале да стигнуваат до копното на САД, заканувајќи им се на седум милиони луѓе кои живеат во регионот од Луизијана до Флорида. – Кабинетот на гувернерот за национална безбедност и подготвеност за…

Read More

Промените на правилата за патување во Грција, односно можноста за влез во и со негативен антигенски рапид (брз) тест направен 48 часа пред пристигнувањето и зголемување на возраста од шест на 12 години за задолжителниот тест, веќе се објавени во Службен весник и во 6 часот утрово стапија во сила, а меѓу другото важат и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Нашата земја и понатаму е на листата држави за кои важи исклучокот од забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, а освен двете промени, останатите правила се исти како и претходно…

Read More