Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Околу 15.000 Македонци викендов ќе се ревакцинираат во Србија

0
By Biljana on June 19, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: N1
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 19, 2021 14:23

Во Белград и Ниш денеска и утре се ревакцинираат најголемиот број од околу 15.000 македонски државјани кои кон крајот на март ја примија првата доза на вакцината „Астра Зенека”, а продолжува и слободната вакцинација за нашите граѓани на вакциналните пунктови ширум Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

На Белградскиот саем, во салите 3 и 11 од 8 часот наутро почна ревакцинацијата за македонските државјани и останатите странски граѓани, најмногу од БИХ, каде се создадоа долги редови, и утринава на саемот веќе се вакцинирале 2.500 лица од регионот. Процесот на ревакцинација ќе се одвива со продолжено работно време, како и во недела до 17 часот.

Како што најавија од вакциналниот пункт на Белградски саем, денеска треба да се ревакцинираат 8.000 странски државјани, а во недела 5.000.

“Водечките луѓе во земјата направија извонреден дипломатски потег. Србија подаде рака на пријателство кон регионот, ги избриша границите и покажа дека сите се бориме против заедничкиот непријател. На крајот на март, повеќе од 22.000 странски државјани беа вакцинирани во Србија, а на Белградски саем над 12.000. Од тогаш поминаа 12 недели и дојде време за повторна вакцинација“, изјави Д-р Зоран Бекиќ, дитектор на вакциналниот пункт на саемот.

Паралелно на Саемот, како што соопшти Бекиќ, се одвива и вакцинацијата со првите дози, исклучиво за граѓаните на Србија, Северна Македонија и БиХ.

Македонските државјани кои можат да се ревакцинраат викендов во Србија само во градот каде ја примиле првата доза, денеска и утре се ревакцинираат и во Ниш, во салата Чаир, а термин за повторна вакцинација имаат 5.700 македонски граѓани кои во март во Ниш ја примија „Астра Зенека”, кога вакцинирањето беше организирано преку Регионалната стопанска комора.

„Ние сме посветени на еден регион – една економија. Бидејќи нашата економија во голема мера зависи од компаниите со кои соработуваат во регионот. Извезуваме заедно во ЕУ, која е наш најголем партнер. Ако сите не се добро, заздравувањето ниту за нас нема да биде лесно“, изјави координатор на Коморскиот инвестициски форум за Западен Балкан во Српската стопанска комора, Марко Мандиќ.

„Исто така, ги повикувам граѓаните на Босна и Херцеговина и Северна Македонија да дојдат во Србија за да се вакцинираат. Владата на Србија им овозможи на граѓаните на тие земји да се вакцинираат насекаде, во кое било време и со каква било вакцина во Србија“, кажа тој.

Според директорот на Здравствениот дом во Ниш, Милорад Јеркан, сите кои во Ниш ја примиле првата доза ќе моажат да ја примат и втората доза.

„Нека не се грижат, во Ниш веќе се набавени и има вкупно 6.500 дози на Астра Зенека за македонските граѓани“, кажа Јеркан, кој додаде дека луѓето не треба да брзаат и дека до вторник можат да дојдат во Ниш да ја примат вакцината.

Според статистиката на Здравствениот дом во Врање, во петокот на македонските граѓани им биле дадени 422 дози вакцини против коронавирус. Во овој град до четврток, 17 јуни вкупно се вакцинирани 7.088 граѓани на Северна Македонија.

вакцинација Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.