Author: Biljana

Со намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19, поголемиот број на вакцинирани и олеснувањето на условите за патување, полека се зголемува интересот на македонските граѓани за летување. Туристичките агенции кои ги контактираше МИА велат дека интерес има, особено за туристичките места во кои традиционално летуваат македонските граѓани. Атрактивни за летниот период остануваат Грција, Турција и Албанија. Условите за влез поради пандемијата се различни. Туристичките агенции постојано ја следат ситуацијата со цел навреме да ги информираат своите клиенти кои документи им се потребни. На нивните официјални веб страници може да се најдат детални информации што се е потребно за влез во…

Read More

Православните христијани денеска празнуваат Задушница, а утре Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на починатите. На овој ден вообичаено се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за упокоените. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души. Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата”. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, а на 50-тиот од Неговото воскресение, на еврејскиот…

Read More

Омега 3 масната киселина или позната како рибино масло делува како птров врз клетките на туморот. До вакво исклучително откритие дошле научниците од Универзитетот Луван во Белгија анализирајќи ја поврзаноста помеѓу добрите месни киселини во човечкиот организам и клетките на ракот. Долгогодишната студија покажала дека познатата Омега 3 масна киселина која главно се среќава кај рибите, може да ги уништи клетките на туморот за само неколку дена. За да ја поткрепат оваа теорија, тимот научници и биоинженери прикажале тумор во 3Д варијанта кој буквално се распаѓа за неколку дена благодарение на дејството на познатиот омега 3 (ДХА), објави „Флорида нуз…

Read More

Имаме исчекор – ја враќаме довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ. На средбите во Софија го активиравме дијалогот и потврдивме дека сме за пријателство. Дијалогот ќе донесе решение за нашите народи, за младите, за заедничката европска иднина, порача вечерва преку социјалните мрежи, премиерот Зоран Заев. Тој додава дека решенијата мора да водат грижа за интересите на двете страни и оти само така граѓаните ќе ги поддржат и само така ќе имаме успешна реализација.

Read More

Руската Федерална агенција за биомедицина (ФМБА) откри нова мутација на коронавирусот, која е способна да ја намали ефикасноста на лекувањето и превентивните лекови, вклучувајќи ги и вакцините, соопшти денеска агенцијата. „Руски научници од ФМБА открија нови варијанти на SARS-CoV-2 вирусот. Мутациите се откриени примарно во S протеинот и во доменот на врзување за човечките рецептори. Може да ги промени биолошките својства на вирусот и клиничките знаци на инфекцијата, а може да ја намали и ефикасноста на лекувањето и постојните вакцини, кои се тестирани на претходните видови на Ковид-19“, наведува ФМБА. Засега се уште не е познато името на откриената мутација…

Read More

Државјаните на Северна Македонија кои овие денови доаѓаат на ревакцинација во Србија, и кои пред три месеци, на 27 и 28 март, ја примија првата доза на „Астра Зенека“ ќе можат да се ревакцинираат само во градот во кој ја примиле првата доза, јави доспиникот на МИА од Белград. „Сите оние кои прв пат се вакцинираа во Белград, ќе мора на ревакцинација да дојдат во Белград. Така ни е речено од Белград и ние тоа мора да го почитуваме. Знам дека на Македонците полесно им е втората доза да ја примат во Ниш, но од Министерството ни објаснија дека постојат…

Read More

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања Никола Димитров денеска оствари билатерална средба со австрискиот канцелар и домаќин на Самитот за Западен Балкан во Виена, Себастијан Курц. Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев упати благодарност за огромната поддршка на Австрија за Северна Македонија и за европската иднина на целиот регион и го охрабри канцеларот Курц да продолжи со извонредниот и посебен ангажман со што ги мотивира граѓаните на земјите кандидатки да останат фокусирани на европските цели и во исто време ги поттикнува и потсетува земјите членки да ги исполнат своите…

Read More

Северна Македонија сработи одлично на патот на евроинтеграциите, напиша денеска на твитер австрискиот канцелар Себастијан Курц, по средбата со премиерот Зоран Заев на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Виена. Според канцеларот Курц, потребно е да се исполнат ветувањата и брзо да се започнат пристапните прегоговори. „Ние мора сега да ги одржиме нашите ветувања и брзо да ги започнеме пристапните преговори“, пишува на твитер канцеларот Курц.

Read More

Министерството за здравство информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале две лица, односно, едно лице од Скопје на 80 години и едно лице од Куманово на 73 години. Исто така, од МЗ информираат дека во последните 24 часа се потврдени 19 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 7 случаи на Ковид-19 во Скопје, 4 во Куманово, 3 во Крива Паланка и по 1 случај е регистриран во Прилеп, Охрид, Струмица, Тетово и Кичево. Регистрирани се 14 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 6, Куманово – 5, Тетово – 2 и 1 од Кичево. „Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, утре во Истанбул ќе се сретне со Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх, соопшти претседателскиот Кабинет. Пендаровски вчера се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што во рамките на турското претседавање се одржа во Анталија. На маргините на Самитот, тој се сретна со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, како и со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган. Шефот на државата денеска учествува на Анталија…

Read More

Оние што работат против Договорот од Преспа и во држави надвор од Западниот Балкан, вклучувајќи ја и Грција, ќе може да се најдат на црна листа на САД. Ова за Гласот на Америка го изјавил портпарол на Стејт департментот, одговарајќи на прашањето дали администрацијата на Бајден планира да ги прошири санкциите и кон лица од други држави, конкретно од Грција, која е потписник на Преспанскиот договор, поради што и подлежи на одредени обврски за негова имплементација. „Извршната наредба 14033 дозволува санкции против оние што ја потценуваат стабилноста на Западниот Балкан, каде и да се наоѓаат, под услов да ги исполнуваат…

Read More

Во Париз од следната година ќе се наплатува 3 евра од час за паркирање на мотор што е обид на градот да го намали загадувањето и силната бучава. Моторџиите кои ќе паркираат надвор од квартовите (арондисмани) каде не живеат , паркирањето на моторот ќе ги чини 3 евра од час, додека тие што паркираат во квартовите каде живеат, ќе плаќаат 2 евра/час.Овие цени се дупло пониски од цените за паркирање ан автомобили. Паркирањето на електричните мотоцикли е бесплатно а годишната паркинг карта за останатите мотори изнесува 22,50 евра. Парижани во принцип ги поддржуваат овие мерки на градските власти со цел…

Read More