Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Фудбалскиот клуб Челзи соопшти дека се договорени условите за продажба вредна 4,25 милијарди фунти (5 милијарди евра), на конзорциумот на американскиот бизнисмен Тод Боили. Англискиот фудбалски клуб Челзи ќе биде во рацете на Тод Боили, ко-сопственик на бејзбол тимот Лос Анџелес Доџерс, јавува Би-би-си. Лиценцата на Челзи, која нејзиниот сопственик, рускиот милијардер Роман Абрамович, реши да ја продаде по руската инвазија на Украина и пред воведувањето на британските санкции, истекува на 31 мај. Поради тоа, клубот се соочи со можност да престане со работа доколку не биде продаде или не се обнови лиценцата. Според постигнатиот договор, новите сопственици ќе платат…
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко ги повика граѓаните да останат во своите домови од утре до понеделник, во периодот кога Русија го одбележува Денот на победата, бидејќи западните власти издадоа предупредување дека рускиот претседател Владимир Путин би можел официјално да и објави војна на Украина на 9 мај, симболичниот ден за Русија. Иако градоначалникот на Киев формално не воведува полициски час, во тоа време нема да се организираат настани, според објавите на неговите социјални мрежи, јави Си-Ен-Ен. Тој додаде дека патролите во градот ќе бидат засилени. – Ако некој сака да оди да положи цвеќе, може да го направи тоа…
Најмалку осум лица загинаа, а 30 се повредени во експлозијата во хотелот „Саратога“, во центарот на кубанската престолнина Хавана, соопшти кубанската влада на Твитер. Хотелот повторно требаше да се отвори за четири дена, откако беше затворен во голем дел од пандемијата. Спасувачките екипи пребаруваат по урнатините со надеж дека ќе најдат уште преживеани. Властите кажаа дека меѓу загинатите се и трудница и дете. Во прв момент помисливме дека е земјотрес, а потоа видовме големи облаци од чад и прашина“, изјави еден сведок. Претседателот на Куба, Мигел Дијас-Канел, изјави дека не станува збор за бомба или напад, туку за трагична несреќа.…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело – тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 3 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, првообвинетиот како лекар – специјалист гинеколог акушер, второобвинетиот како лекар – специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата како лекар – гинеколог акушер, вработени во Јавната здравствена установа – Медицински центар – Струга, при укажување лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентка – родилка од Дебар, со што предизвикале влошување на…
Дваесет и осумгодишен Албанец од Драч е осомничен дека откако и ја скршил вратата од станот и украл количина пари, силувал 53-годишна жена. Специјалисти за истраги на кривични дела на Полицискиот комесаријат во Драч го приведоа државјанинот К.К., жител во населба бр.18 Драч, откако е осомничен дека извршил насилен сексуален однос со 53-годишна државјанка, кој ја скршил вратата од станот и украл многу пари“, се вели во полициското известување.
„Мистериозниот хепатитис“ од кој досега се заразени повеќе од 230 деца во светот, предизвика големо внимание во јавноста. Можноста дека е регистриран и кај дете во Србија ги загрижи и македонските родители. Од Институтот за јавно здравје велат дека досега кај нас нема регистриран случај на ваков тип хепатитис кај деца. „Внимателно се следи состојбата и соодветно ќе бидат преземени превентивни мерки и активности доколку тоа го налага состојбата” велат оттаму. Во Србија се истражува еден случај кај дете за кое постои сомневање дека има акутен хепатитис од непознато потекло, односно заболување на црниот дроб најверојатно предизвикано од аденовирус, кој…
Возрасен маж го загуби својот живот во пожар што утрово се случил во повеќекатна зграда наречена „Пензионерска“ во Битола. Од СВР-Битола соопштија дека зградата се наоѓа во непосредна близина на основното училиште „Кирил и Методиј“. Превентивно во зградата во тек е повеќечасовен прекин на снабдувањето со електрична енергија, а пожарот избувнал на дванаесетти кат. Во моментов на лице место на увид се екипи на СВР Битола и противпожрната единица, од каде што најавија дека во текот на денот ќе информираат подетално.
Албанија е заложник на спорот меѓу нашиот сосед Северна Македонија и Бугарија, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама во обраќањето на Конференцијата на претседателите на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива (ЈЈИ), што се одржува во Тирана. Рама рече дека нема друго решение освен трпение на овој пат и изрази загриженост за многуте проблеми со процесот на евроинтеграции. – Процесот кон ЕУ е невротичен процес. Албанија е заложник на ќорсокакот меѓу нашиот сосед, Северна Македонија и Бугарија. Тоа е една од оние ситуации што ЕУ може да ги создаде. Нема книга и искуство, ниту какво било објаснување како може да се третира. Како…
НЛБ Банка на својот фејсбук профил објави дека имало детектирани обиди за злоупотреба на податоци и сметки и ги извести своите клиенти да не ги споделуваат своите лични и банкарски податоци. „Особено е важно податоците да не ги споделуваат со друго лице, дури и ако лицето се идентификува како претставник од Банката како активациските кодови за електронско и мобилно банкарство, кодовите за интернет плаќања и ПИН кодовите од платежните картички“, додаваат од банката во својата објава. Меѓу другото оттаму потенцираат дека овие податоци никогаш не би им биле побарани на клиентите од ниту едно лице вработено во банката.
Цените на угостителските услуги во април пораснаа за 9,8 отсто во однос на истиот месец лани, според податоците од Државниот завод за статистика. Поскапувањето во рестораните, кафулињата и гостилниците се зголемени за 2,5 отсто во споредба со претходниот месец март. Во споредба со март 2022 година зголемување е забележано во групите Храна за 3,2 отсто, Алкохолни пијалаци за 1,4 и Безалкохолни пијалаци за 4,6 отсто. Претходно цените на брашното, на лебот и на белите печива се зголемија. Дел од приватните пекари веќе го направија зголемувањето на цените, но според мелничарите и увозниците и оние што не го направиле тоа, наскоро…
Третиот тим астронаути на долгорочни мисии, испратени од Space X до Меѓународната вселенска станица, безбедно се врати на Земјата рано утринава. Вселенската капсула Кру Драгон „Спејс екс“, која носи тројца астронаути на НАСА и член на екипажот на Европската вселенска агенција од Германија, падна со падобран во Мексиканскиот залив во близина на Флорида, и со тоа ги оконча повеќемесечните орбитални истражувања кои вклучуваа различни работи, од чили пиперки одгледувани во вселената до робот, пренесува „Ројтерс“. Летот од Меѓународната вселенска станица траел повеќе од 23 часа. „Спејс екс“, основана во 2002 година од Илон Маск, извршен директор на производителот на електрични…
Актуелна тема деновиве се плановите на рускиот претседател Владимир Путин околу прославите на Русија за Денот на победата в понеделник. Според Украина, тој ќе ја искористи годишната комеморација на победата на Советскиот Сојуз врз нацистичка Германија за да соопшти масовна мобилизација на неговите резерви, пишува Скај Њуз. Независниот истражувач и експерт за Русија, Камил Галев сугерира дека постои реална можност претседателот да се одлучи за таква опција – што според него, би било тешка грешка со можни далекусежни последици за лидерот. – Судејќи според природата и навиките на Путин, јас би ја проценил можноста тој да декларира масовна мобилизација на…