Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема случај на заболени деца од „мистериозниот хепатитис“ кај нас

0
By Biljana on May 6, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 6, 2022 13:42

„Мистериозниот хепатитис“ од кој досега се заразени повеќе од 230 деца во светот, предизвика големо внимание во јавноста. Можноста дека е регистриран и кај дете во Србија ги загрижи и македонските родители. Од Институтот за јавно здравје велат дека досега кај нас нема регистриран случај на ваков тип хепатитис кај деца.

„Внимателно се следи состојбата и соодветно ќе бидат преземени превентивни мерки и активности доколку тоа го налага состојбата” велат оттаму.

Во Србија се истражува еден случај кај дете за кое постои сомневање дека има акутен хепатитис од непознато потекло, односно заболување на црниот дроб најверојатно предизвикано од аденовирус, кој бил дијагностициран кај деца од предучилишна и училишна возраст, во повеќе од 20 земји.

Детето кое се лекува во детската болница во Белград мора да биде под постојан лекарски надзор бидејќи тоа е болест која не знаеме што ја предизвикува, а може да биде фатална за млад организам, вели проф. д-р Драган Делиќ, инфектолог-хепатолог и поранешен директор на Клиниката за инфективни болести во Белград.

Болеста е често асимптоматска или блага, особено кај деца помлади од пет години. Кај возрасните, почетокот на болеста е обично нагло со зголемена телесна температура, слабост и болки во стомакот, а жолтицата е доминантен симптом. Симптомите на болеста може да траат од 1-2 недели па сѐ до неколку месеци.  По инфекцијата останува доживотниот имунитет; не е позната појавата на хронична инфекција. Смртноста од болеста е ниска.

Мистериозниот хепатитис најпрво се појави во Велика Британија, а потоа во Ирска, САД, Израел, Холандија, Шпанија, Данска, Италија, Норвешка, Франција, Белгија, Романија, Јапонија, Канада, пишува британски „Гардијан“.

вирус деца заболувањ ИЈЗ Македонија хепатит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.