Author: Biljana

Кабинетот на премиерот Киријакос Мицотакис ќе обезбеди финансиска помош до 600 евра за домаќинствата со годишен приход помал од 45.000 евра, со цел да ги поддржи средната и ниската класа, кои се силно погодени од високите цени на струјата. Новиот пакет ќе апсорбира 70 до 80 отсто од поскапувањето за киловат час за домаќинствата и бизнисите, а вкупниот трошок изнесува 3,2 милијарди евра за остатокот од 2022 година, од кои околу 1,1 милијарда евра се на товар на државниот буџет, рече министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас во однос на новите мерки на Владата за справување со покачувањето на…

Read More

Најмалку пет лица се повредени во експлозијата на брод во Истанбул, јавуваат турските медиуми. Експлозијата се случила на брод во турското бродоградилиште Тузла, а постојат сомнежи дека е предизвикана од компресија за гас, пренесува „Хуриет“. На терен во моментов се наоѓаат голем број пожарникари и медицински екипи. https://twitter.com/BeyazGazete/status/1522492348583849990

Read More

Германија постигна договор за снабдување на Украина со седум самоодни хаубици, објави во петокот министерката за одбрана Кристин Ламбрехт за време на посетата на Силац, Словачка. Артилерискиот систем, кој наликува на тенк, има пријавен дострел до 40 километри (24,8 милји), според германската војска. Ламбрехт рече дека Германија, исто така, ќе понуди обука за оклопните хаубици на украинските војници. Во текот на изминатите месеци, германската влада и канцеларот Олаф Шолц беа под притисок од Украина и од политичарите дома затоа што не направија доволно во обезбедувањето тешка воена опрема за да и помогнат на Украина да се одбрани од руската инвазија.…

Read More

Борбите беснеејат низ источна Украина, од областа Харков на север, каде што украинските сили ја повратија земјата, до Мариупол на југ, каде што Русите го пробија последниот украински простор во фабрика за челик. Силите на Путин се борат во Источна Украина за да го нахранат неговиот глад за победа. Некои од најжестоките борби се водеа меѓу тие две страни, во или во близина на северниот дел од регионот Доњецк, каде што земјата се разгоре со постојано артилериско бомбардирање. Руските сили се приближуваа од исток, север и југ, залудно обидувајќи се да ги заробат и уништат украинските единици во и околу…

Read More

Загрижени граѓани алармираат дека цената на млекото достигна и до 70 денари за литар низ продавниците во главниот град. Надлежните уверуваат дека растот во малопродажбата не се должи на раст на цената на млекото купено од фармерите, бидејќи откупот на сурово млеко од фармерите и понатаму се прави по исти цени, од 11 до 18 денари за литар млеко. „Иако растат трошоците на фармерите бидејќи цените на ѓубривата им се значително зголемени, сепак, цената по која се откупува млекото од фармерите е иста. Зависно од количините кои ги обезбедуваат фармерите, млекото им се откупува по цени почнувајќи од 11 денари…

Read More

Низ социјален дијалог и без политичко влијание ќе се дојде до решение за платите во јавниот сектор, потенцираше премиерот Димитар Ковачевски, најавувајќи рекордно зголемување на пензиите коешто не е политички мотивирано. Претседателот на Владата во гостувањето на емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 нагласи дека Владата води транспарентни разговори со сите синдикати и дека тој секогаш е на страната на работниците. – Треба низ социјален дијалог, како што било до сега и како што ќе биде, и низ социјален дијалог ќе дојдеме до решение. Да нема политички влијание, ние покажавме и низ штрајкот на СОНК дека нема политичко влијание од…

Read More

Во Црна Гора горивото ќе поевтини за над 20 центи по литар, а привремено ќе се укине или намалува данокот на додадена вредност на основните прехранбени производи, откако синоќа Собранието ги донесе измените на законот за тоа. Измените на Законот за акцизи и на Законот за данокот на додадена вредност ги подготви претходната Влада, а новата остана со речиси истите предлог решенија. Предвидено е намалување на акцизите на горивото до 50 отсто, времено укинување на ДДВ за брашно и масло за јадење, а ДДВ-то за сол се намалува на седум отсто. Министерот за финансии Александар Дамјановиќ најави дека акцизите на…

Read More

Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон ја загуби контролата врз традиционалното упориште во Лондон, локалната самоуправа Вандсворт и претрпе порази на други места на локалните избори, покажуваат денешните прелиминарни резултати. Конзервативците ја загубија власта во Вандсворт, упориштето на партијата од 1978 година, која беше една од главните цели на опозициската Лабуристичка партија. Конзервативците објавија и дека го загубиле мнозинството во општина Барнет, каде од 1964 година наваму само двапати не победиле на изборите

Read More

Над 500 ученици, но и наставници, во основно училиште во германскиот град Лајпциг, се заразени со вирус – сè уште непознат за лекарите. Германски медиуми пишуваат дека сите заразени имаат различни симптоми, но, посебно се истакнуваат висока температура и дијареа. Нивните тестови на коронавирус се негативни. Само во понеделникот беа пријавени над 100 нови заразени, пишува списанието Феникс. – Доколку има повеќе заразени во една јавна установа, за толку краток временски период, а лицата се жалат на дијареа и температура, може да станува збор за норовирус. Ако лицето го донесе вирусот во училиште, многу лесно се пренесува. Но, по неколку…

Read More

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, изјави дека Унијата е многу блиску до договор за шестиот пакет санкции против Русија поради инвазијата на Украина. „Многу сме блиску до договор. Потребен ни е овој договор бидејќи треба да извршиме уште посилен економски и финансиски притисок врз Русија“, изјави Борел во Италија. Вчера Европската комисија предложи нов пакет санкции против Русија, кои ќе вклучуваат постепена забрана за увоз на руска нафта. Доколку се одобри таквиот пакет, тоа ќе биде најсилниот удар досега врз рускиот енергетски сектор, а индиректно и врз претседателот Владимир Путин.

Read More

Преговорите помеѓу Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) за платите на просветните работници продолжуваат денеска откако во средата не беше постигнат напредок. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, тогаш рече дека на состанокот биле дискутирани, анализирани и аргументирани сите прашања врз основа на нивните барања. Минатата недела штрајкот на вработените во образованието беше ставен во мирување. Рокот за медијација е десет дена за усогласување на ставовите.

Read More

Според вчерашните податоци на Институтот за јавно здравје во земјава има 672 активни случаи на ковид-19, при што во осум градови нема ниту еден инфициран со корона вирусот. Во останатите градови, со исклучок на Скопје и Битола, каде има 317, односно 146 активни случаи, во осум града бројот на инфицирани со ковид-19 се движи меѓу 11 и 26, а во дури 17 градови има едноцифрен број на заболени. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 139 нови случаи на ковид-19 од извршени 1.424 тестови, што претставува стапка од 9,76 отсто од вкупниот број тестирани. Од 139-те нови случаи, 25 се…

Read More