Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во осум општини во Македонија нема активни случаи со ковид-19

0
By Biljana on May 6, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 6, 2022 07:50

Според вчерашните податоци на Институтот за јавно здравје во земјава има 672 активни случаи на ковид-19, при што во осум градови нема ниту еден инфициран со корона вирусот. Во останатите градови, со исклучок на Скопје и Битола, каде има 317, односно 146 активни случаи, во осум града бројот на инфицирани со ковид-19 се движи меѓу 11 и 26, а во дури 17 градови има едноцифрен број на заболени.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 139 нови случаи на ковид-19 од извршени 1.424 тестови, што претставува стапка од 9,76 отсто од вкупниот број тестирани. Од 139-те нови случаи, 25 се реинфекции.
Вчера не беа регистрирани починати лица, но во Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин дополнително беше впишано 73-годишно лице од Скопје, кое починало на 1 мај. Со ова, вкупниот број на почината лица од почетокот на епидемијата во земјава пред повеќе од две години достигна 9.284 лица.

Во меѓувреме, Светската здравствена организација (СЗО) вчера соопшти дека според нивните проценки како последици на инфицираност со корона вирусот ширум светот починале речиси 15 милиони лица, што е 13 отсто повеќе смртни случаи од очекуваното.

Ова е за дополнителни 9,5 милиони смртни случаи повеќе од официјално пријавените 5,4 милиони починати. Овие пресметки ги земаат предвид и смртните случаи кои не биле директна последица на ковид-19, туку биле предизвикани од неговите негативни ефекти, како што е неможноста да пристапат до болниците.

Критериумот на пребројување на СЗО се нарекува „вишок на смртни случаи”, односно колку луѓе починале повеќе отколку што инаку би се очекувало врз основа на смртноста во истата област пред да се појави пандемијата.

„Тоа е неверојатна бројка и за нас е важно да им оддадеме почит на изгубените животи и треба да бараме одговорност од креаторите на политиките“, изјави шефицата на Одделот за податоци на СЗО, Самира Асма.

Според СЗО, земји со најголем број „вишок на смртни случаи” се Индија, Русија, Индонезија, САД, Бразил, Мексико и Перу. Но, „вишок на смртност” е регистриран и во развиените земји како Велика Британија, САД, Шпанија и Германија, каде смртноста била над светскиот просек во 2020 и 2021 година.

 

Ковид Македонија Пандемија Статистика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.