Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Северна Македонија ги исполни сите демократски услови за почеток на пристапните преговори со ЕУ, но се прејде во навика таа земја „да се шутира“ кога и да му одговара тоа некому, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, откако официјална Софија ги осуди неговите изјави за бугарската политика кон европската интеграција на Северна Македонија. „Тоа не е во ред. Таа држава, а и тој народ, досега платија доста висока цена. Тие играат по правилата и се за пример. Ги исполнија сите демократски услови што човек може да ги замисли, а тоа се повеќенационални заедници во кои има многу Албанци и таа соработка…
Министерството за здравство бара системско решение за проблемот со медицинските сестри, техничари и лаборанти кои имаат завршено висока школа, но таа се уште не им е признаена во јавните здравствени установи каде што работат. Ова го истакна министерот за здравство Венко Филипче кој посочи оти во следните денови треба да се добие вкупната бројка на овој кадар. „Пред неколку дена имав состанок со претставници на едно од здруженијата на медицинските сестри. Пративме писмо со кое очекуваме до крајот на неделава, евентуално на почетокот на следната да ја видиме вкупната бројка на медицински сестри, техничари, лаборанти, кои што имаат висока школа…
По неколкумесечно затворање поради корона пандемијата, Ајфеловата кула во Париз повторно ќе биде отворена за посетители од 16 јули, објавија медиумите во Франција повикувајќи се на извори од „Сет“, операторот на обележјето во Париз. Бројот на посетители ќе биде ограничен на 10.000 на ден со цел да се исполнат барањата за дистанцирање. Тоа, според оператор, е половина од капацитетот од пред корона пандемијата.
„Независно дали станува збор за рамковни вработени или постоечки вработени, нема по секоја цена да се дозволи некој да ја разруши сликата за една институција. Во сите институции ќе се прави контрола, доколку вработените не ги покажат резултатите ќе мора да се поздравиме со нив. Ниту еден директор не би сакал да има дамки во неговото работење“ изјави новата заменичка претседателка на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска во нејзиното гостувње на „24 анализа“. „Не е во ред луѓе да земаат плата, а да не работат. Проблемот со рамковните вработени е наследен проблем, кој што оваа влада смогна сили…