Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
„Никогаш немало барање, пратено агреман ниту имало предлог за поранешната градоначалничка на Тетово Теута Арифи да биде амбасадор на Македонија во Анкара и Вашингтон. Имало размислување за Брисел но немало формализиран предлог“, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес конференција. Османи не е сигурен дека во јуни, Македонија ќе добие датум за преговори за влез во Европската Унија. Според него, направено е се што се барало, а доколку датумот не биде доделен, тогаш, за одговорноста кажа дека е во Бугарија и ЕУ. Османи кажа дека ќе опадне и заинтересираноста на граѓаните за овој процес, со тоа Македонија…
Окружниот обвинител на Обвинителството во Вараждин, Хрватска, донесе решение за истрага на 23-годишно момче од Македонија кој пред неколку ноќи во центарот на овој град се обидел да убие едно лице, а повредил уште четворица. На осомничениот, како што пренесува индекс.хр, му се заканува казна затвор во траење од 5 години. Инцидентот се случил на 28 април во 3 часот по полноќ кога Македонецот со два убоди од нож на сред улица му нанел отворена рана на стомакот со внатрешно крварење на едно лице. Исто така, постои основано сомнение дека во истата прилика на други четири жртви им нанел повеќе…
Зголемување на домашното производство на електрична енергија преку докапитализација на АД ЕСМ, инвестирање во фотоволтаици и субвенционирање на дел од трошоците за струја за компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, како и за индустријата, предлага Стопанската комора на Северна Македонија, со цел да се ублажи кризата со енергенсите и подготвено да се пречека новата грејна сезона. Комората предлага и штедење на електричната енергија и нејзина рационализација за што државата итно треба да донесе наредба на кој начин тоа ќе го спроведе. – Секој следен ден загубите на компаниите ќе бидат сѐ поголеми, ако во меѓувреме не се преземе нешто. Затоа…
„Оваа година, светскиот ден на слободата на медиумите, го одбележуваме како земја која постигнала исклучителен напредок на листата на „Репортери без граници“, напиша на својот фејсбук профил премиерот на Македонија Димитиар Ковачевски. Според индексот за слобода на печатот кој е објавен во извештајот за 2022 година, Северна Македонија бележи скок од 33 места, односно од 90 на 57 место. Ова ново рангирање ја позиционира нашата држава меѓу најдобро оценетите во регионот, пишува тој. Ковачевски се заблагодарува на новинарите и медиумските работници за нивната посветена работа. „Не така одамна бевме сведоци дека загрозената слобода на медиумите е прв чекор кон автократско…
Рускиот претседател Владимир Путин би можел официјално да ѝ објави војна на Украина на 9 мај, што би овозможило целосна мобилизација на руските резервни сили, сметаат американските и западните претставници, пишува Си-ен-ен. Официјалните лица веруваат дека едно сценарио е многу веројатно, а тоа е Путин официјално да ѝ објави војна на Украина на 9 мај. До денес, руските официјални лица инсистираат дека конфликтот е само „специјална воена операција“ со централна цел „денацификација“. Според извештајот, западните функционери долго време веруваат дека Путин би можел да го искористи рускиот Ден на победата за да објави или воено достигнување во Украина, или ескалација…
Бугарија не стави вето на политиката кон Македонија, тоа го направија Франција и Холандија. Бугарија ја блокираше процедурата со тоа што не даде зелено светло за првата меѓувладина конференција, изјави европратеникот Илхан Ќучук за програмата „Брисел 1“, пренесува Днес.бг. Тој смета дека постапката може да се деблокира доколку се дадат гаранции од ЕУ дека во преговарачката рамка ќе влезе и заштитата на правата на Бугарите во Македонија. Европратеникот е известувач на Европскиот парламент за Mакедонија и неодамна организираше форум насловен „ЕУ се среќава со Балканот“. „Зборуваме за давање зелено светло – свикување на првата меѓувладина конференција. Веројатно ќе бидат потребни…
Министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис денеска ќе престојува во работна посета на Северна Македонија. Тој ќе оствaри средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи Бујар Османи на која, како што соопшти МНР, ќе стане збор за македонскиот евроинтегративен процес и конкретната литванска поддршка на тој план, за регионалната соработка, безбедносните прашања во светло на руската агресија врз Украина, како и за подготовките за НАТО Самитот во Мадрид
Русија ги заборави сите лекции од Втората светска војна, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето редовно ноќно видео обраќање, коментирајќи ја скандалозната изјава на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека „Адолф Хитлер имал еврејска крв“ и „најжестоките антисемитисти се обично Евреи“. – Ваквите антисемитски изјави значат дека Русија ги заборавила сите лекции од Втората светска војна. А можеби и никогаш не ги научиле – рече Зеленски. Изјавите на Сергеј Лавров предизвикаа жестока реакција од Израел. Шефот на дипломатијата на земјата ги нарече „непростливи и скандалозни“, додавајќи дека „Евреите не се самоубиле во Холокаустот“. – Поради овие изјави…
Министерскиот состанок за енергетика во Софија на кој ќе се разговара за новата платформа за набавка на гас откако Газпром прекина да ја снабдува Бугарија ќе ги вклучи и земјите од Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова го потврди еврокомесарката за енергија, Кадри Симсон, на вонредниот министерски совет кој се одржа во Брисел. Темата на овој состанок беше прекинот на достава на гас од Русија во Бугарија и Полска како и перспективите за снабдување за цела Европска Унија во следните месеци. Еврокомесарката Симонс изјави дека земјите членки на ЕУ треба да знаат дека Газпром “не е партнер…
Во извештајот на Репортери без граници и според нивниот светски индекс за слобода на печатот за 2022 година, Србија е рангирана најлошо од сите земји на поранешна Југославија, иако се искачи за 14 места на скалата во споредба со извештајот од 2021 година. Годинава ја зазеде 79-та позиција и е во категоријата „проблематични“ земји. Хрватска се најде на 48. место и во категоријата „задоволува“, додека Словенија на 54. место и меѓу „проблематичните“ земји, како и Северна Македонија на 57. место, Црна Гора на 63. и Босна и Херцеговина на 67. место. Во регионот на Западен Балкан само Албанија (103 место)…
На граничниот премин Богородица, за влез во државата, се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат вечерва од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Вечерва во 23.07 часот почувствуван е земјотрес во дел од Македонија. Според страницата за земјотреси ЕМЦС, епицентарот бил во Босна и Херцеговина со сила од 5,7 степени по Рихтер, на 44 километри од градот Мостар, односно на 16 километри од градот Столац, на длабочина од 5 километри. Земјотресот ги вознемири граѓаните во Сараево, Белград, Загреб, Подгорица… Нема информации за повредени.