Вечерва во 23.07 часот почувствуван е земјотрес во дел од Македонија.

Според страницата за земјотреси ЕМЦС, епицентарот бил во Босна и Херцеговина со сила од 5,7 степени по Рихтер, на 44 километри од градот Мостар, односно на 16 километри од градот Столац, на длабочина од 5 километри.

Земјотресот ги вознемири граѓаните во Сараево, Белград, Загреб, Подгорица…

Нема информации за повредени.