Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Азески: Многу е несериозно што Вархеји ја откажа посетата во последниот момент на Коморскиот инвестициски форум

0
By Biljana on May 3, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 3, 2022 10:23

Зголемување на домашното производство на електрична енергија преку докапитализација на АД ЕСМ, инвестирање во фотоволтаици и субвенционирање на дел од трошоците за струја за компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, како и за индустријата, предлага Стопанската комора на Северна Македонија, со цел да се ублажи кризата со енергенсите и подготвено да се пречека новата грејна сезона.

Комората предлага и штедење на електричната енергија и нејзина рационализација за што државата итно треба да донесе наредба на кој начин тоа ќе го спроведе.

– Секој следен ден загубите на компаниите ќе бидат сѐ поголеми, ако во меѓувреме не се преземе нешто. Затоа Комората порачува дека конечно мора да се направат дополнителни напори за обезбедување што поголемо и економски прифатливо решение за домашно производство на електрична енергија, паралелно со сериозни активности во доменот на зголемувањето на енергетската ефикасност, како во делот на производството на електрична енергија така и во делот на нејзината потрошувачка и на нејзиното рационално користење, вели претседателот на СКСМ Бранко Азески.

Тој предупредува и дека Директоратот за добрососедство при Европската комисија се насочува кон земјите од Источното партнерство односно кон Украина, Молдавија и Грузија и дека доколку тоа се оствари, тогаш разочарувањето на земјите од Западен Балкан ќе биде огромно.

– Минатата недела некако срамежливо до мене стигнаа информации дека надлежниот Директорат за добрососедство при Европската комисија дава налог сите сили на Директоратот да се насочат спрема земјите на Источното партнерство, иако истиот тој Директорат е надлежен и за Западен Балкан. Источното партнерство е синоним за соработката со три земји – Украина, Молдавија и Грузија. Едноставно и просто, тие земји сега се ставаат на брзиот воз кој се движи кон Брисел. Мислам дека ако ова и се оствари, разочарувањето на Западен Балкан кон Европската Унија ќе биде огромно. Исто така, морам да укажам и на непрофесионалниот однос на еврокомесарот Вархеји, кој, иако уредно поканет и со прифатена покана од него, како учесник на состанокот на Бизнис-советот на Коморскиот инвестициски форум (28.4.2022 г.), во последен момент нѐ извести дека од неопходни причини на Балканот нема да присуствува на средбата. Многу е несериозно едно толку високо позиционирано лице во Европската Унија по вторпат да прави грешки кои оставаат траги во нашата меѓусебна соработка, вели Азески.

азески економија Западен Балкан Стопанска комора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026
shortcut
ФОКУС
July 23, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

ВЕСТИ July 23, 2026

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес – конференција предупреди дека случајот со…

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

July 21, 2026

Метео: Врел воздух од Сахара се движи кон Европа – температури и до 47 степени

July 21, 2026

Официјално: Гостиварчани пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

July 21, 2026
ТИКЕР

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.