Author: Biljana

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица од Прилеп и едно од селото Десово за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Четворицата осомничени, на возраст од 37, 33, 39 и 30 години на 17 април, во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, извршиле грубо насилство врз двајца оштетени – еден вработен како обезбедување во болницата и еден болничар. Тие најпрвин грубо ги навредувале и им се заканувале, а потоа физички ги нападнале оштетените, нанесувајќи…

Read More

Владата на денешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за поседување сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19, како и за негативни ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во нашата држава. За оваа одлука денеска со објава на својот фејсбук профил информира првиот заменик на претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, посочувајќи дека е укината и мерката за домашна изолација на сопствен трошок во период од 7 дена при влез во државата без горенаведените документи.

Read More

Веќе се испорачани првите количини на масло за јадење од Србија и очекувам утре да се најдат на рафтивите во продавниците. Наше е да обезбедиме производи и сигурност кај граѓаните, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопантсво Љупчо Николовски на денешната прес-конференција. „Државата е тука да ги договори политиките за зголемување на домашното производство. Не само масло за јадење од Србија, туку масло, рафинирано и нерафинирано, денес стигнува и од други земји. Денес имаме увоз од Русија, од Бугарија и од Украина. Очекуваме и тргање на забраната за нерафинирано масло, подвлече Николовски. Како што вели тој, преку мерки се зајакнува…

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.833 тестови, а регистрирани се 133 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 78, Битола – 16, Велес – 14, Тетово – 6, Прилеп и Охрид – по 3, Кавадарци, Струмица и Берово – по 2, Куманово, Гостивар, Кичево, Неготино, Радовиш, Делчево и Валандово – по 1. Од вкупниот број на позитивни (133), регистрирани се 20 реинфекции. Регистрирани сe 156 оздравени пациенти од: Скопје – 97, Битола – 21, Кавадарци и Куманово – по 6, Прилеп и Охрид – по 4, Тетово и…

Read More

600 невработени лица ќе добијат можност да бидат работно ангажирани како даватели на социјални и здравствени услуги во заедницата, пишува на Фесјбук страницата на Агенција за вработување. Со оваа мерка невработените лица од евиденцијата на АВРСМ ќе добијат 9.000 денари месечно во период од 6 до 9 месеци за ангажман од 20 работни часа неделно. „Програмата Општинско корисна работа која овозможува зголемување на вработливоста преку работно ангажирање на невработени лица, насочени кон обезбедување на социјални и здравствени услуги на локално ниво, повеќе години успешно се имплементира како дел од Оперативниот план за вработување и дава значителни резултати. Тоа се должи…

Read More

Времето кога функционерите го злоупотребувале јавното претпријатие и користеле бесплатен паркинг заврши. ЈП „Градски паркинг“ мора да биде сервис на граѓаните и да работи домаќински во интерес на сите граѓани ”, истакна градоначалничката Арсовска на отворањето на новите простории на ЈП „Градски паркинг“ во Општина Аеродром. Како што е наведено во соопштението од Град Скопје, градоначалничката потенцирала дека новото раководство на претпријатието работи домаќински и се грижи за корисниците, а показател за тоа бил приходот од шест милиони денари во првите три месеци, што според Арсовска говори за задоволството од страна на граѓаните и намалените цени на паркингот во Скопје.…

Read More

Руските сили се прегрупираа и започнаа офанзива во регионот на Донбас во источна Украина – момент кој еден украински пратеник го опиша како „главната битка“ на војната. Во меѓувреме, украински официјален претставник изјави дека контролата врз Кремина во источниот регион Луганск е „изгубена“ во тешки борби додека Русија продолжува да ги бомбардира градовите низ земјата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот во видео обраќање објави дека Русија ја започнала битката за Донбас во источна Украина, додавајќи дека украинските сили ќе продолжат да се борат против рускиот упад во регионот. Неодамнешните сателитски снимки покажаа руски воени конвои како се движат кон…

Read More

Министерот за образование, Јетон Шаќири на денешната владина седница посочи дека утрово искомуницирал со претседателот на Синдикатот, но укажа дека со најавите за генерален штрајк, никогаш не било посочено оти ќе има прекин во наставата. „Сакам што поскоро образовниот процес да продолжи. Ние имавме состанок со Советот на СОНК, се дискутираа неколку теми и беше кажано тоа што е сега во јавноста за покачување на платата од 2500 денари. Ние може секојдневно да бидеме во преговори, но не сакам да има последици на образовниот процес. Членовите на СОНК имаат дискутирано за тоа и имаат одлучено дека 95 проценти од членовите…

Read More

„Ја користиме приликата да апелираме до сите пратеници да не го гласаат законот за административни службеници и да порачаме дека секој пратеник кој ќе гласа ваков потценувачки закон ќе го сметаме дека е против работниците и нас како синдикат“, изјавија од прес – конференцијата свикана по повод неусогласувањето на платите во јавниот сектор од Конфедерацијата на слободните и граѓански синдикати при КСС. „На 30 март дел од граѓанските синдикати и КСС излегоа на предупредувачки протест, тие се крајно разочарани и се чувстуваат манипулирани од односот на Владата кон работниците. Денеска дознаваме дека законот за административни службеници е на пленарна седница,…

Read More

Работен пензиски стаж од 40 години за мажи и 38 години работен пензиски стаж за жени без оглед на години на старост, би биле основа за заминување во пензија за сите вработени во Армијата, како и изработка на нов Закон за вработените во одбраната. Договорено е министерката за одбрана Славјанка Петровска да иницира законски измени во постојаниот закон во однос на членот за пензионирање. Ова се заклучоците на средбата и разговорите на министерката за одбрана Петровска и претставници од Независниот синдикат на одбраната (НСО) одржана на 13-ти месецов по претходно водените преговори на состаноци. Независниот синдикат на одбраната во денешното…

Read More

Премиерот Ковачевски не ми побарал оставка, изјави директорот на управата за финансиска полиција Арафат Муареми. Тој ги отфрла и шпекулациите и натписите на одредени портали пласирани во јавноста дека е недостапен, односно во бегство, пишува Радио Слободна Европа. „Се наоѓам во државата и тековно ги извршувам своите работни обврски како директор на Управата за финансиска полиција, откако во некои медиуми беа објавени информациите дека по објавата за предистражната постапка  ја напуштив земјата“, изјави тој. Како што вели и натаму ќе продолжи да ја извршува својата функција директор на Управата за финансиска полиција. „Ќе се продолжи професионално, одговорно и транспарентно да…

Read More

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против О.И. (32) од скопско Студеничани, вработен на работно место референт матичар во Управа за водење на матични книги и Д.К. (28) од Скопје, поради сомнение за кривично дело злоупотреба на лични податоци. Првопријавениот, во текот на април 2021 година, без поднесено барање и без согласност издадена од мајката, како законски застапник на малолетно лице, изготвил и со свој потпис и печат на Управата за матични книги, заверил Извод од матична книга на родени и изготвениот извод му го дал на второпријавениот, кој бил неовластено лице да располага…

Read More