Премиерот Ковачевски не ми побарал оставка, изјави директорот на управата за финансиска полиција Арафат Муареми. Тој ги отфрла и шпекулациите и натписите на одредени портали пласирани во јавноста дека е недостапен, односно во бегство, пишува Радио Слободна Европа.

„Се наоѓам во државата и тековно ги извршувам своите работни обврски како директор на Управата за финансиска полиција, откако во некои медиуми беа објавени информациите дека по објавата за предистражната постапка  ја напуштив земјата“, изјави тој.

Како што вели и натаму ќе продолжи да ја извршува својата функција директор на Управата за финансиска полиција.

„Ќе се продолжи професионално, одговорно и транспарентно да се работи согласно позитивните законски прописи“, вели Муареми.