Author: Biljana

Силно гранатирање денеска имало долж поголемиот дел од линијата на фронтот во регионот на Доњецк, соопштија украинските власти. Павло Кириленко, раководител на регионалната воена управа на Доњецк, изјави дека „биле нападнати речиси сите населени места во регионот Доњецк, долж линијата на фронтот “. Тој укажа на тешката состојба во градот Маринка каде, како што рече, од почетокот на руската инвазија настрадале 11 цивили. -Градот е значително оштетен при што се уништени стотина куќи, погодени се 13 високи згради и три училишта, вели тој. „И покрај постојаното гранатирање, цивилите секојдневно се евакуираат од заедницата. До денес од Маринка се префрлени најмалку…

Read More

Се разговара за барањето и оризот да влезе во стоковните резерви, изјави Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. -Разговараме кои дополнителни земјоделски производи бараме да влезат, како што е оризот и некои други. Макотрпно се работи на тој процес. Имавме средби со Министерството за финансии, но од она што го знам, резервите досега не се ставени во функција зашто Министерството за економија соопшти дека има доволно залихи и дека е направен увид во компаниите кои се дел од нивните регистри, објасни министерот. Тој вели дека државните резерви не се активирани зашто, според Министерството за економија, суровини и репроматеријали…

Read More

„Утрово околу седум часот и 40 минути се случи напад врз припадници на Полицијата на Косово кои оделе да ја преземат смената на граничните премини“, изјави министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља. Тој информира дека две возила на косовската полиција, кои превезувале полициски службеници на граничните премини со Србија во северно Косово, се нападнати утрово со огнено оружје. Овој напад, за кој е утврдено дека е извршен со рачна бомба и со пушка АК-40, како терористички чин е изведен со цел да се заплашат полициските службеници, но и сите граѓани на Косово, вели тој. Свечља рече дека нападот,…

Read More

Секогаш сме се придржувале до коалицискиот договор и постојната рамковна позиција за Република северна Македонија и не сум потпишал документ од бугарска страна, порача за бугарската јавност денес премиерот Кирил Петков, пред најавената утрешна посета на Македонија. -Ќе ја покажам силната задача на бугарската влада да ја поддржи бугарската заедница во Македонија, Верувам дека во моментов и владата на РСМ е свесна за тоа каков голем приоритет е ова за Бугарија и за нас. Заеднички работиме на подигање на приоритетот на овие луѓе во македонското општество, нагласи Петков. Според него фаактот што утре ќе бидат толку многу луѓе од толку…

Read More

Оваа година, за првпат ќе имаме хеликоптер на МВР којшто веќе ја има потребната опрема за гаснење пожари и во тек е обуката на летечкиот персонал, рече денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Со оглед што и ова лето нема многу врнежи очекуваме повторно да има пожари, се надевам не во обем како минатата година, но градоначалниците треба да бидат подготвени самите да се справат, барем со почетниот удар кога ќе се појави пожар, веднаш потоа да бараат поддршка од соседните општини, а понатаму доколку тоа не е доволно ќе бараат од Дирекцијата за заштита и…

Read More

Центарот за управување со кризи (ЦУК) побарал да бидат преземени дејствија во однос на двете нестабилни карпи над браната Матка. Како што соопшти на денешната прес-конференција директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, ЕВН Електрани побарале од Градежниот факултет да биде изработена програма со мерки и дејствија кои начелно треба да бидат преземени за да биде отстранета оваа опасност за граѓаните. Врз основа на таа програма, како што појасни, понатаму треба да се изработи проектна програма која детално ќе го уреди начинот на кој ќе биде отстранета опасноста и врз основа на тоа ЕВН Електрани ќе треба да распише тендер со кој…

Read More

Мерка притвор во траење од 30 дена му е одредена на 59-годишен тетовец, откако вчера кај него беше најдена дрога. Основното јавно обвинителство Тетово донело Наредба за спроведување истражна постапка против 59-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. -На 13 април, при претрес во домот на осомниченит на улицата „Железничка“ во Тетово, полицијата пронашла вкупно 486,82 грама хероин, потоа 118,91 грама кокаин, како и 19 пакувања метадон раствор и дигитална вага со остатоци од наркотична…

Read More

„Војниците на контролниот пункт ни ги прегледаа пасошите, а потоа ни мавтаа. Бевме внатре во просторот на зградата што се користеше како седиште на отпорот против руската инвазија. Бодликава жица, мини и држачи за митралези ја обиколуваат зградата. Тешко вооружени војници беа насекаде – лицето што требаше да го сретнам е обележан човек. Кремљ би сакал да го види Володимир Зеленски мртов и неговата влада да биде заменета со марионетски режим инсталиран од Москва. Но, во текот на 50-те дена од оваа војна, украинскиот отпор го запрепасти светот. Ја поминавме нашата опрема низ два комплети детектори за метал и бевме…

Read More

Одлуката на Народната банка да ја зголеми основната камата за 0,25 процентни поени е донесена како превентивна реакција на нагорното поместување на инфлациските очекувања. Засега нема поизразени ценовни притисоци од страна на побарувачката, за којашто впрочем има и надолни ризици како резултат на војната во Украина. И со корекцијата, основната камата останува на едно од историски најниските нивоа од 1,5% и всушност сѐ уште е под нивото од пред пандемијата. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата на Економскиот форум организиран од „Фајненс тинк“. „Иако една од основните економски лекции е дека централните банки не треба…

Read More

За време на состанокот во февруари, Бугарија ја информирала Северна Македонија дека нивните предлози не се прифатливи и дека разговорите треба да продолжат. Ова за БГНЕС го соопштија од бугарското МНР во врска со наводите на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи дека постои документ кој е прифатлив за нас, но се чека одговор од властите во Софија. „Постои активен дијалог меѓу министерствата за надворешни работи на Бугарија и Република Северна Македонија со цел да се изнајдат решенија за отворените политички прашања. Последниот експертски состанок на тимовите на МНР се одржа на 11 февруари годинава, на кој се разговараше…

Read More

„Палата на неправда“, „три години за убиство на пешаци и три години за 150 ќебапчиња“, „ усмрти, признај, биди слободен“ се дел од пораките кои неколку десетици луѓе ги посветија на протестот „Правда за Викторија“ кој денес се одржа пред Кривичниот суд во Скопје. Сестрата на Викторија, Лилјана Николова порача дека денеска бараат „повторно и повторно правда“, за неправедната пресуда и за целата неправда, која, како што кажа, „ни беше нанесена и сè уште ни се нанесува“. -Овој протест е уште еден кренат глас до ова судство, до оваа неправдина која не боли до коска и оваа пресуда од судијката…

Read More

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 203 возачи. Од нив, информираа од МВР, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 128 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Read More